|
|
|
|
|
|
СДСМ ќе ја продолжи битката
Владата на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, откако реши да не го прифати барањето на опозицијата за предвремени избори, можеби е легална, но не е легитимна, оценија вчера од СДСМ, најавувајќи дека тие ќе ја продолжат битката што ја почнале.
Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, рече дека Груевски повеќе не владее во име на народот и дека оваа власт се' повеќе го зголемува гневот на граѓаните. „Со кукавичката одлука, анкетоманот Груевски покажа дека и самиот веќе не верува во нарачаните и лажни анкети“, рече Георгиев.
За СДСМ, прв чекор во битката за предвремени избори е да се изгласа предлогот на опозицијата за измени на Изборниот законик, кој ќе обезбеди услови за фер и демократски избори и ќе овозможи воведување посебни квоти за избор на пратеници од помалите етнички заедници, а вториот чекор е задолжително прочистување на Избирачкиот список.
Од „Бихаќска“ потсетуваат дека на власта и' се случил народ, дека народот побарал избори за да ги казни Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Георгиев нагласи дека „јавноста три дена е сведок дека Груевски бегаше од изјави, се криеше зад своите коалициски партнери, за на крај со срамно соопштение доцна во ноќта да признае дека не сака избори, бега и се плаши од соочување со народот“.
Партиска оцена е дека по „најмасовниот народен собир во историјата на Македонија, протестниот марш на опозицијата во неделата, беше сосема јасно дека Груевски е најисплашен човек во државата, а ВМРО-ДПМНЕ партија што бега од сопствениот народ“. Протестниот собир во неделата за СДСМ бил вистинската анкета и затоа и' порача на власта повеќе да не се занимава со лажни анкети, бидејќи никој веќе не и' верува. Иако власта не ја прифати фрлената ракавица, СДСМ цени дека од народот добиле задача и во име на народот со сите демократски средства ќе се борат да ја исполнат. Георгиев рече дека ќе ги користат сите демократски средства, ќе одат на легална процедура, но ќе има, протести, маршеви, социјални немири...
Бидејќи власта го минимизирала неделниот сенароден митинг, на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ опозициската партија ќе му испрати ЦД од целиот тек на протестот. (Б.Ј.) |
#
|
Статијата е прочитана 785 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: RND |
Датум: 10.12.2010 13:06:38 |
|
Drag SDSM, zarem seuste ne vi stana jasno deka G-not G ne se pojavuva na debati i televizii kade sto prasanjata ne gi bira toj. Mozno e da iskoci so izjava "v'tevme, v'tevme, v'tevme" i malce da se nasmeeme, ili pak da se pojavi na otvaranje na cesma vo "bogu iza ledza". Toj e vistinsko ilicetvorenie na rabotata na negovata partija i nacinot na dejstvuvanje i rabotenje: Izolacija, kukavicluk, nesposobnost,.... |
|
|
|
|
|
|
Од: gimi |
Датум: 10.12.2010 13:17:37 |
|
Не можам да го заборавам изразот на лицето(фацата) на Гордан кога даваше изјава откако дозна дека нема предвремени избори.Очигледно е дека човекот беше многу разочаран и нервозен.Сакам да му дадам совет на младиот господин дека ако сака да се занимава со политика ќе му престојат голем број на вакви разочарувања со оглед на тоа која политичка опција ја застапува. |
|
|
|
|
|
|
Од: oko |
Датум: 10.12.2010 14:05:41 |
|
Bitkata na Neretva ili Bitkata na Sutjeska.....pa da napravat kako sto ne lazea koga bevme mali kao partizanite da go srusat "mostot" i da izgradal mal i tamu da ja preminat rekata i od grb na gi udrat VMRO...hahahahah........Koga bre ovie luge od SDSM ke sfatat deka so ovaa GARNITURA I OVOJ LIDER nikogas nema da dojdat na vlast |
|
|
|
|
|
|
Од: Risto |
Датум: 10.12.2010 14:21:35 |
|
I gluvceto koga e vo tesno bara spas. Taka i SDSM sega barat spas.Da se vratat nazad ,da ja osvojat vlasta za da mozat DA ISPERAT NEKOI DOKUMENTI KOI SEGA IZLEGUVAAT NA VIDELINA. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 10.12.2010 18:15:38 |
|
Ме разочара што ме демантираа оние кој ги носеа двапати неопрани испотени жолтоклунести краткоракавни маички, лидерот рече,,доста е,,А се си мислев ќе има парада од бои на маички,џемперчиња и друга гардероба и како весели дечиња ќе поскокнуваа во пратеничките клупи.Ги читам ,,јунациве на нашево време,, како некого обвинуваат за кукавичлук а можеби и со право,тие лани многу храбро неискожиа на преседателски избори. |
|
|
|
|
|
|
Од: Do OKO |
Датум: 10.12.2010 18:45:32 |
|
Prekarot sto si go izbral me nmasmea so ogled na pametot sto go imas, podobro bi ti odgovaralo "zatvoreno oko" ili Kjoro oko" bidejki si navistina slep koga ne mozese da gi vidis gradskite faci nad 50 000 na partizanska koj ja otkrija pogubnata politika na tvojot Grujo./ |
|
|
|
|
|
|
Од: ?! |
Датум: 10.12.2010 20:03:46 |
|
До кога само кај нас "големите идеи за излез од проблемите" морале да дојдат само преку смена на власт. "Бидејќи власта го минимизирала неделниот сенароден митинг, на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ опозициската па��тија ќе му испрати ЦД од целиот тек на протестот."
Уште малку па и со илјада потписи ќе си менуваме влади.Шуба работа.Колкави ли се гревовите и на едните и на другите,та да не можат да си кажат каде е вистината,и го тератт народот да биде нивни посредник.Затоа народе,понастрана.Да им обезбедиме фер и демократски обрачун.И ние заслужуваме одмор.Не забава.Не дај Боже.
А,ако навистина им требаме,тогаш се знае.Нека ги споделат маките со нас.Ќе одговориме.Без хонорари.Без дневници.Така бесплатно.Вистински,патриотски.
А тоа што еден ден би биле лустрирани за тоа,ако.Се во интерес на државата.
|
|
|
|
|
|
|
Од: d.t.a Kavadarci |
Датум: 11.12.2010 07:54:35 |
|
Izbori, izbori, izbori. Kako da ne znaat deka so toa samite si go stavaat jazeto okolu vratot. Koj budala ke glasa za niv koga znae deka nivnata bitka e predvreme izgubena.Ama i ne gi obvinuvam, tie drugo i ne znaat za da ja smirat nivnata partska vojska.Malku li im bese zagubata od prethodnite izbori |
|
|
|
|
|
|
|
|