|
|
|
|
|
|
ВМРО-ДПМНЕ најде четири причини да каже „не“
Дел од партиското раководство инсистиралo да се прифатат изборите само „за да се порази Бранко“
Светлана Унковска
Под превез на целосна тајност, завчера во доцните ноќни часови, помина седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која падна и конечна одлука - предвремени избори ќе нема. Со оваа одлука премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и партиското раководство го одбија барањето на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој во неделата побара предвремени избори во име на опозицијата.
Иако околу одлуката на ВМРО-ДПМНЕ се создаваше атмосфера на голема неизвесност, извори блиски до партиското раководство велат дека седницата била само обична фарса, бидејќи на сите им било сосема јасно оти Груевски нема да ја прифати фрлената ракавица за изборен мегдан. Дел од партиското раководство и тоа помладите членови инсистирале да се прифатат изборите само „за да се порази Бранко и со тоа докрај да се делегитимира“. Но, Груевски, иако рекол дека оваа идеја со задоволство би ја прифатил, сепак, промената на силите во парламентот не му се допаѓала.
Според упатените, и покрај тоа што избори во овој момент на ВМРО-ДПМНЕ, веројатно, би и' обезбедиле уште еден четиригодишен мандат, Груевски е свесен дека партијата не би го обезбедила мнозинството што сега го има. Во таков случај многу одлуки ќе зависат од коалицискиот партнер ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ нема да биде во комотна состојба како што е сега. Натамошното партнерство со ДУИ ќе потпадне под силен политичкиот пазар, а почнатите проекти би можело да бидат условувани и на тој начин и блокирани.
Директорот на Центарот за комуникации, Илија Димовски, наведува четири аргументи поради кои била донесена одлуката предвремени избори да нема. „Во нормалните демократски држави предвремени избори има кога не функционира системот, што во Македонија не е случај. Имаме Влада што има не апсолутна, туку двотретинска поддршка во Собранието, а коалициските односи функционираат добро. Како второ, значително не би се сменил соодносот на силите во Собранието, а истовремено ќе се изгубат многу време, енергија и пари“, вели Димовски и додава дека на овој став биле и коалициските партнери од „За подобра Македонија“ и владиниот партнер ДУИ.
„Оценивме, исто така, дека барањето на опозицијата е блеф за внатрепартиска употреба за пред своето членство да се претстават дека се многу силни, а оти ние сме слаби и дека се сака да се дефокусира вниманието на јавноста од аферите ’Надеж и ’Перо Наков’. И на крај констатиравме дека никој не може да ни гарантира дека потоа СДСМ повторно нема да бара избори и така би влегле во еден маѓепсан круг“, истакнува Димовски. Тој вели дека на седницата на ИК, сепак, имало дилеми дали да се прифатат избори или не и дека биле разгледувани „добрите и лошите ��трани на двете форми“, но на крај, сепак, едногласно била донесена одлука да не се оди на избори. „Оценивме дека подобро би било да нема избори, бидејќи имаме многу проекти што се почнати и треба да се завршат. Изборите нема да променат ништо, само ќе ги одложат сите активности и ќе ги забават економските процеси“, смета Димовски.
Во иста конотација е и партиското соопштение издадено веднаш по завршувањето на седницата на Извршниот комитет. Во него се наведува дека приоритет на партијата е борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со последиците од светската економска криза и напорите за реализација на евроатлантските аспирации. За ВМРО-ДПМНЕ било неприфатливо „со блефирањето и покерашкиот пристап во политиката на Црвенковски целосно да се дефокусира енергијата насоч��на кон спроведување на програмата“. |
#
|
Статијата е прочитана 1716 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: vlatko |
Датум: 10.12.2010 12:12:58 |
|
Па како бре луѓе ќе сака избори, зар мислите дека Грујо е глуп, не се лажете он е паметен. И кој е тој што ќе си го пресече столчето дека многу се краде.
има ли таков во Македонија. НЕ. Сите крадат и ВМРО, и СДСМ и сите политички партии. ДОјдат на избори, победуваат и 4 години си ги полнат торбите, од овој напакосен и сиромашен народ. |
|
|
|
|
|
|
Од: jalcn |
Датум: 10.12.2010 13:05:19 |
|
ajde g dine grujo bide hrabar barem ednas aj da odime naizbori ovoj narod veke saka izbori |
|
|
|
|
|
|
Од: vojvoda |
Датум: 10.12.2010 13:18:41 |
|
dosta be komunisti,kakvi izbori samo pari da se trosat,odete vo kina |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 10.12.2010 13:26:42 |
|
Предлогот за предвремени избори е уште еден блеф извлечен од докажаниот блефер (б.ц.) за подигање на моралот на членството на неговата партија и што е уште поблиску до вистината е тој да се кандидира и биде избран за пратеник и со пратеничкиот имунитет да се спаси од аферата “надеж“.Да е поинаку би понудиленекојапрограмакако да се решат нерените проблеми,а несамо да псујат,,да се маскирааат и да се закануваат. |
|
|
|
|
|
|
Од: Четири да |
Датум: 10.12.2010 13:47:14 |
|
Јас мозам во одговор на четирите НЕ да изберам четири ДА од неколкуте стотини. 1. Дали вонредните избори во 2008 не чинеа многу пари - ДА. 2. Дали сета светска јавост во 2008 не советуваше да не се оди на предвремени избори ДА. 3. Дали цело време ДПМНЕ се расфрла со двоен рејтинг ДА. 4. Дали и покрај тоа што како што вели Цацко во К-15 вие сте партија со ј...а, сепак побегнавте од избори - ДА. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 10.12.2010 13:52:00 |
|
Власта од раце така лесно не се испужта.Има многу повеке причини зошто дпмне-овците не сакат предвремени избори.И самите не си веруват на рејтингот,што ако се случи народ.Изборот го одлучуват неопределените.Сеуште не се добро договорени со Хунзите и со Могаби.Сигурнос во Европа веке нема.затворите сеуште не и се реновирани.Некои сакат уште малку да се натоварат итнт.... |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 10.12.2010 13:52:45 |
|
Море да не има и повеќе???????????????.Неколку и јас претпоставувам.1 Ахмети рече прво името.2 Стоилковиќ исто неќет треба да му помине Камени мост во (Душанов)Зинго муе страв,Исто и Стојменов.Но најповеќе се работи за СТРАВ.Ги знат Рејтинзите кои им се по нарачка.Можеби и пола милиардата еврулина од ММФ. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 10.12.2010 14:23:55 |
|
Sto pravat ovie gore na slikata ne mi e jasno? Se chudam. Parlament li e ili srednoskolska uchilnica?
Kako i da e: za da gi dobiete moite glasovi na izbori, treba da me uvbedite deka vie ste tie pravite, vi se obrakam na SDSM i VMRO. Znam deka nikogas nema da me ubedite, zatoa nema nikogas da ve glasam niti da izlezam na izbori. Koj ve glasa neka mu ja misli. Jas od politika niti sum zavisna niti ziveam od nea, a sepak ziveam. Zatoa dosta so cirkuzi-neopredelnite ke vi presudat. Samo sledete go Sanader sega. Ne znam kaj ke begate site vie posle? Kaj moze covek da se skrie vo denesno doba na telekomunikacii i internet? Edino vo Amazonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: od L |
Датум: 10.12.2010 14:56:50 |
|
E Jovane, Jovane, ocigledno nema pojma sto e blefiranje. Zarem DPMNE-OVCITE ne te naucija na toa? Steta, sega ke znaese sto e blef i koj e blefer vo slucajot. Grujo se plasi od opozicijata kako gavol od krts, a Branko mu e nokna mora. Samo sto ke pomisli na negovoto ime, se blokira celosno. Kutriot toj, daj mu kuraz da izdrzi. |
|
|
|
|
|
|
Од: kaktus |
Датум: 10.12.2010 15:24:36 |
|
Каква елоквенција на директорот Илија Димовски. Заедно со Влатко Ѓорчев врв на вморонската интелектуална елита. -со изборите ќе се променел односот на силите, а тоа коштало пари! А , тука лежел зајакот! Во паите.
Штета што оваа интелектуална величина не објавува повеќе колумни во “Утрински“ Стварно ни неодтасува. Од него има што да се научи.... |
|
|
|
|
|
|
Од: M |
Датум: 10.12.2010 17:12:39 |
|
Како само не им текна на истите причини за неодење на предвремени избори пред 2 години???
|
|
|
|
|
|
|
Од: Trpce |
Датум: 10.12.2010 19:43:38 |
|
pa i SDSM imashe 75% mnozinstvo, ama nikogash ne dade predvremeni izbori, tuku izgubi na Redovni |
|
|
|
|
|
|
Од: Johnny |
Да��ум: 10.12.2010 19:52:56 |
|
Koi crni aktivnosti i ekonomski procesi bre Ilija,Paljurci li i palatata na Hunzite,zaglibuvanjeto vo dolgovi li od pola milijardi evra go smetate ekonomska aktivnost.Dimovski i Bicikliski se neverojatni sampioni vo tropanje gluposti |
|
|
|
|
|
|
|
|