Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

„Арт-базар балканика“

Во Домот на занаетчии во Старата чаршија денеска се отвора „Арт-базар балканика“, партнерски проект на занаетчиските комори на Скопје и на Кобленц од Германија. На едно место ќе бидат претставени умешноста, квалитетот и уметноста во кои вештите раце ги имаат испреплетено традицијата, културата на живеење со новото и современото. Базарот ќе биде отворен од 18,30 часот, а организаторите ветуваат дека изложените предмети се празник за душата и очите.

Од Занаетчиската комора објаснуваат дека со базарот се создаваат услови за самовработување на членовите од едно семејство, а истовремено се подобрува и стандардот на населението. Ваквите настани се повод за промоција и продажба на традиционалните занаетчиски производи и услуги, но и за промоција на историските објекти на Скопје. Приходот од продажбата на производите ќе им помогне на занаетчиите за сопствен натамошен развој. Ваквите настани, исто така, даваат можност за опстанок на старите занаети како што се филигранот, резбата, везењето, плетењето, сликањето икони, изработката на свеќи. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 534 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Студентите ќе мрзнат поради неплатено парно
Откриен споменикот на свети Климент
Почнува трката за најубаво украсени двор и зграда
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud