Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Почнува трката за најубаво украсени двор и зграда

И годинава скопјани ќе можат да се натпреваруваат во новогодишно украсување на домовите и на работните простории. Оние што ќе учествуваат во градската манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“ ќе можат да се докажат кој е повешт во украсувањето на дворот од индивидуална куќа, прозорецот или терасата.

Во трката за најубаво украсени објекти ќе можат да се вклучат и сопствениците и вработените од деловните објекти, потоа средношколците, украсувајќи ги училишните дворови, како и станарите од станбените згради. Заинтересираните веќе од утре до 2,0 декември ќе можат да се пријават на телефонскиот број 3297-265 во периодот од 9 до 16 часот. Фотографии од украсените објекти заедно со личните податоци на сопствениците, телефонскиот број и адресата, ќе може да ги испраќаат веб-страницата на Градот [email protected], или на адреса - булевар „Илинден“ б.б., со назнака за акцијата „Новогодишните бои на Скопје“.

Пристигнатите пријави ќе ги оценува жири-комисија составена од претставници на медиумите, а Градот има обезбедено награди што ќе им бидат доделени на најуспешните. И годинава, како и минатата, „ЕВН Македонија“ ќе ги ослободи победниците во сите категории, еднократно од плаќањето на сметката за потрошена електрична енергија за декември 2010 година. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 593 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 09.12.2010 14:38:20
Vo ova vreme na recesija, pardon prerodba so MMF, ova e vistinski pottik za site gragjani.

Најди! во Утрински
Скопје
Студентите ќе мрзнат поради неплатено парно
Откриен споменикот на свети Климент
„Арт-базар балканика“
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud