Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Во Косово уапсен скопјанец поради убиство во Чаир

Мухамед Иса е осомничен дека пред еден месец во пицерија го усмрти Рамадан Рамадани (45)

Речиси еден месец траеше бегството на Мухамед Иса(22) по убиството што го изврши врз скопјанецот Рамадан Рамадани (45). Од пред неколку дена Иса е во рацете на косовската полиција и како што дознаваме, за него е изречена санкција поради илегално влегување во Косово, но не треба да се исклучи можноста тој во скоро време да биде депортиран, со што се отвора можност за реализирање на кривична постапка против него за сторено кривично дело убиство. На ваквата можност упатуваат косовските власти, кои, според тамошните медиуми, соопштиле дека во тек е екстрадициската постапка.

Уапсениот Иса се товари за настанот што се случи на 24 април кога тој со неколку истрели од автоматска пушка „калашников“ среде бел ден во пицеријата „Белисима“, на улицата „Џон Кенеди“ смртно го застрела Рамадани.

Како можен мотив за убиството на Рамадани беше соопштено дека Иса и неговото семејство имале голем долг кон „ЕВН Македонија“, односно дека струјата во чајџилницата му била исклучена поради долг од 2.000 евра. Имено, сметката се однесува на дуќанот што е во непосредна близина на пицеријата, во која тоа саботно претпладне дошол Рамадани со намера да се напие кафе. Само кратко по него во пицеријата влегол и Иса и со испукување десетина куршуми, смртно го застрелал Рамадани, кој освен што бил вработен во ЕСМ како припадник на Нова демократија, учествувал во работата на Советот на Општина Чаир.

По извршеното убиство, на Мухамед Иса му се изгуби секаква трага, а полицијата изврши претрес во неговиот дом. Но, наместо осомничениот за убиството, поради поседување огнено оружје и муниција беше приведен неговиот татко, Екрем Иса (54). Имено, од МВР тогаш потврдија дека Екрем Иса и порано бил кривично пријавуван и дека му се изрекувани затворски казни, а дека неговиот син Мухамед не минувал низ казнената евиденција.

Името на Мухамед Иса е едно од оние што беа на списокот што лично министерката Гордана Јанкуловска му го предаде на својот косовски колега по инцидентот што се случи кај скопското село Свиларе кога беа убиени четворица шверцери на оружје и муниција. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 883 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Животот веќе не вреди ни пет пари