Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

ИНТЕРВЈУ

На Груевски му одговара изолација на Македонија

Сеењето магла веќе не поминува, вели Зоран Заев, привремениот претседател на социјалдемократите

Билјана Јовановска

По лидерската средба во четвртокот, изгледавте прилично збунето. Зошто одбегнавте да го соопштите ставот на СДСМ во однос на името на државата, каде е Вашата партиска црвена линија?



На лидерската средба побаравме од Груевски да се изгради заеднички став на државниот врв по последните идеи на Нимиц, по што преговарачот би го финализирал новиот предлог. За да биде појасно, ќе го повторам нашиот партиски став. Се согласуваме со заеднички прифатливо име кое нема да значи промена на уставното име на државата, нема да го доведе во прашање националниот идентитет, јазикот, културата и националната посебност. Значи, прифаќаме компромис кој ќе значи замена на досегашната референца БЈРМ со име со географска одредница за меѓународна употреба, при што во билатералните односи сите држави ќе имаат право на избор кое име ќе го користат.



Што се случи за да заврши средбата без договор, со фијаско?

Пресуден беше арогантниот однос на Груевски, кој на состанокот не сакаше да се согласи на средба со целиот државен врв и во присуство на преговарачот Димитров, за по седум часа писмено да не' информира дека ја прифаќа.



Значи ли тоа дека мислите оти Груевски нема намера успешно да ги финализира преговорите за името на државата?

Да. Крајната цел на Груевски е овој процес на приклучување на Македонија кон меѓународните системи е да биде пролонгиран. Ваквата популистичка политика, која ќе резултира со целосна затвореност и изолација на државата, нему му одговара. Зошто – знае само тој самиот. Тој е млад и јас би сакал да верувам дека своите и перспективите на семејството ги гледа во Македонија. Не може однапред, без да се знае предлогот за името, да тврдите дека нема решение, да кажувате дека Грција е единствената кочница за нашите НАТО и ЕУ-перспективи, а притоа да немате алтернативно решение за државата.



Сметате ли дека власта нема план Б?

Нема, зашто да имаа план Б ќе го соопштеа и ќе го подготвуваа народот како што го прават тоа пред покачување на струјата, на парното... Ни Европа нема алтернативно решение за ��езизлезот кон кој оди Македонија, а не Груевски.



Со извинувањето до граѓаните за грешките што ги направил СДСМ во текот на владеењето како да го збунивте и вашето членство. Едни Ви забележуваат дека тие не чувствуваат вина и оттаму никој во нивно име нема потреба од извинувања, но други го оценија како напуштање на арогантниот однос, свртување нов лист. Се консултиравте ли со некого пред да ја дадете оваа изјава?

Ако на Конгрес отворено зборувавме за нашите грешки, ако најавувам политика во која ја напуштаме ароганцијата, зошто тоа да не сториме и во јавноста? Ова извинување не беше упатено кон ВМРО-ДПМНЕ, туку кон граѓаните. Сакам да нагласам дека СДСМ раководеше со државата 9, а не 17 години како што тврди власта, така што и тие зад себе имаат многу грешки и тоа големи. СДСМ има направено многу позитивни работи за државата, ама имало и грешки. Работеле, па и грешеле, но ниту еден потег не бил на штета ниту го доведувал во прашање опстојувањето на државата.



Побаравте извинување и од ВМРО-ДПМНЕ?

Нормално. ВМРО-ДПМНЕ мора да им се извини на граѓаните за ОКТА 1 и ОКТА 2, за платежната картичка, за лошите приватизации кога беа на власт, за бизнисите на Љупчо Георгиевски, за катастрофалната финансиска политика на тогашниот министер за финансии, Никола Груевски... Значи, сите кои раководеле во изминатите 17 мачни години на транзицијата должат извинување, не беше се' розово. Но, треба да ги надминеме нашите суети и најважни да ни бидат интересите на Македонија.



СДСМ беше препознатлив по поддршката на аранжманите со ММФ. Вие излеговте со спротивен став. Не стравувате ли дека токму сега кога Владата не склучи нов аранжман со ММФ си создаде простор за неконтролирано трошење на државните пари?

Да, јас и порано имав различен став од некои мои сопартијци. Еден од приоритетите на ММФ е да држиме ист тренд на инфлација и на стопански раст како европските држави. Ако ние, како земја во развој мора да направиме поголеми чекори од оние што ги прават членките на ЕУ за нивото на стандардот полека да го изедначуваме со ЕУ, тоа подразбира малку полабави механизми и во делот на инфлацијата. Не сум, на пример, заложник на идејата дека и кај нас инфлацијата треба да биде три отсто колку што е просекот во ЕУ. Ова е мој личен став. Но, да не заборавиме дека во годишните извештаи Владата е обврзана да достави финансиски извештај до ММФ и ќе мора да води сметка за неконтролираното трошење на народните пари. Има период кога трошењето буџетски пари што го прави Владата буквално е стимулатор на инфлацијата.



Кои Ви беа мотивите да се нафатите да бидете в.д. претседател на СДСМ?

Има повеќе причини, иако основниот мотив е оној како и кај сите политичари - да се придонесе за поуспешен развој на државата. Истовремено, на власта сакам да и' дадам на знаење дека апсењето што се случуваше непосредно пред мојот избор не ме обесхрабри. Ваквите механизми се лоши за државата, а градење ваква омраза и дрско и арогантно однесување на власта му штети на

Како ќе ја надминете перцепцијата за арогантниот СДСМ?

Во Струмица, на пример, препознатлива е мојата блискост со граѓаните. Ќе се обидам ваквиот начин на комуникација да го наметнам и кај еден дел од моите сопартијци кои не го практикувале тоа. Знаете, не може на луѓето да не им велите добар ден кога сте на власт, а потоа да ги поздравуваме за време на изборни кампањи. Тоа не смее да ни се случува. За 3,5 години имам 17.700 приеми на граѓани. Ќе се обидам и во СДСМ ова да биде критериум во делот на перспективите на кадрите во партијата. Оние што ќе умеат да се спуштат на најниско ниво, поблиску до граѓаните, тие ќе просперираат.

Мислите дека СДСМ сеел магла?

Да, мислам. Многу често пишувавме програми, имавме општи ставови, а кога ќе дојдеше време за имплементирање тоа одеше тешко затоа што требаше многу работа. Ако во програмата напишете дека ќе ги зголемите платите на работниците, тоа мора и да го направите, ако кажете дека ќе градиме систем на даноци својствен на левите партии, тоа мора да се стори. Доколку, пак, од сето ова ве одврати првото телефонско јавување на некој бизнисмен, не сте успеале.

угледот на Македонија. За жал, п��авниот систем е клекнат пред власта.



Ви ја носите хипотеката на тоа апсење, на недокажаната вина и на аболицијата.

Не мислам дека носам хипотека, зашто проектот во Струмица е гордост за градот. Убеден сум дека преку ваквите модели на јавно-приватно партнерство ќе ја заживееме македонската економија, ќе ги охрабриме домашните инвеститори. Не размислувам за евентуалните потези на власта. Тоа што сакаат да го направат, нека повелат.



Дали на Груевски му пречи Заев успешниот струмички градоначалник или Заев в.д. претседателот на СДСМ?

Па му пречи мојата функција во СДСМ, зашто да беше само градоначалничкото место во една општина, многу лесно ќе се откажеше. Обидот да ме отстранат од политичката сцена беше пресметка со мене како противкандидат во политиката. Апсењето не беше ништо друго, туку страв кај Груевски и кај неколкумина луѓе околу него.



Дали тоа што не сте дел од парламентарната група го чувствувате како хендикеп во натамошното функционирање?

Не. Има многу начини за да ги афирмираме нашите решенија. Парламентот е еден од начините за презентирање на политичките ставови, но ако претседателот на најголемата опозициска партија сака нешто да и' соопшти на јавноста има начини да го стори тоа на терен.



Јавноста Ве доживува како продолжена рака на Црвенковски, како чувар на тронот на кој треба да се врати тој. Ќе имате ли простор за самостојно одлучување?

Потекнувам од добро ситуирано семејство. Не дојдов од катастарот на Струмица за да бидам политичар во Скопје. Не зависам од никого. Истовремено, не можам да кажам дека претседателот Црвенковски го боли повеќе лошата состојба во СДСМ отколку мене. На многу од нас социјалдемократи, а не' има многу, не ни е мило што минуваме низ ваков кризен период.



Какви Ви се релациите со бившите претседатели на СДСМ?

Имам добри односи со сите нив. Сите експретседатели имаат драгоцено искуство и можат многу да придонесат во зацврстувањето на партијата. Некои од овие личности се многу важни за државата и ќе настојувам максимално да бидат искористени.



Се откажавте од пратеничкиот мандат за уште еднаш да побарате доверба од граѓаните на Струмица. Сега кај вас се насетуваат премиерски амбиции. Каде Зоран Заев ќе го насочи својот ангажман?

Тоа веќе го најавив а и сега преку вашиот весник повторувам - ќе бидам кандидат за градоначалник на Струмица.



Значи ли тоа дека немате премиерски амбиции?

Не, не значи, но ако СДСМ не смени нешто, брзо ќе биде во опозиција уште 3,5 години. Кога Груевски може да ја води ВМРО-ДПМНЕ и да биде премиер, сигурно дека и јас можам во овие 8 месеци да бидам претседател на СДСМ и градоначалник, иако ќе навлезам и во мојот втор мандат. Премиерските амбиции никогаш не сум си ги поставил, зашто никогаш и не сум размислувал за таа функција. Препознатлив сум по тоа дека знам да работам и знам дека тоа ми е главниот адут.



Може ли во мај да има изненадувања и Заев да се кандидира за претседател на СДСМ?

Во својот говор на Конгресот кажав дека кандидат за иден претседател ќе биде Бранко Црвенковски. Секогаш оставам времето да каже што е најдобро. Ниту ми е важно дали ќе бидам претседател, втор човек или некој таму кој ќе учествува во работењето на СДСМ. Јас верувам дека Црвенковски е човекот кој може да не' обедини поради неговата харизма, искуство...



Во наредните месеци ќе бидете градоначалник и в.д. претседател на тркала. Од каде ќе раководите со партијата?

Од Скопје, тука сум многу често, зашто објективно во Струмица имам помалку обврски, таму финишираат сите капитални објекти. Секојдневните проблеми ги решавам до 10 часот и потоа тргнувам на пат. Два часа пат или 150 километри се многу малку ако сакате вистински да работите. Ако човек психолошки е подготвен, тоа не е проблем.


Статијата е прочитана 2220 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 04.10.2008 00:25:12
Znaete li zosto na nasiot Grujica mu odgovara izolirana Makedonija? Samo taka moze da ima visok rejting, znaci nie Makedoncite sme zaloznici na Grujoviot REJTING... Predosekjam deka i toj kako i negoviot mentor Ljubco ke ostavi pustos zad sebe..........
Од: demokrat
Датум: 04.10.2008 00:42:41
Ovoj covek zalutal vo visokata politika. Zarem seuste ne moze da sfati deka samo popolnuva vakuum, i deka negovata uloga e samo epizodna. Ako Zaev imase kapacitet da go razbere toa, na kongresot otvoreno ke recese: "Drugari, toa sto mi go nudite e navreda za mene!"
Од: oktim
Датум: 04.10.2008 00:52:46
e kole kole uste ne si svatil deka na grujo rejtingot mu e od uspesni reformi a ne od slatkorecivost ko zajkov i negovite kolegi koi po ne znam koj pat za rejting na partijata ja stavat idninata na zemjata na vtor plan.
Од: Shadow
Датум: 04.10.2008 01:32:14
Obicno gi citam nasite vesnici i kako i sekoja vecer si legnuvam...No so ovie lagi od G.Zaev.. cvetot na Strumica koj ne mirisa a i se zanesuva premnogu deka ima golem rejting i napagaat se sto e dobro samo za da stignat do fotelja...Ve vidovme vas i ostanete malku zad Binata ili zad vrata..i samo gledajte i ne kocete... Go vidovme i vaseto NE vladeenje... Pak ke sonuvam kosmari posle ovoj procitan tekst...
Од: aleksandar
Датум: 04.10.2008 01:39:07
Zaev e supermen, dva sati raboti vo Strumica kako gradonacalnik a potoa patuva skopje da raboti vo partijata .Jas nemislam deka ova Branko bi mozel da go izdrazi, of sudbo makedonska!
Од: Vlatko
Датум: 04.10.2008 01:45:09
Bravo be Kole, kolku izdrzhani komentari davas, gjoa Zaev da go chitam. Kole za privremen pretsedatel na SDSM!
Од: ivan
Датум: 04.10.2008 02:18:39
gruevski e golem kolku negoviot ucitel ljubco georgievski od koj se - gadam. neznam kako narodot mozel nego da go odbere za premier na kogo profesija mu e da pisuva erotski prikazni.. se napuni pari i kidna da bide bugar... bugarite da mi se ismejuvaat zaradi toj gadot. grujo e ist takov, i zatoa ne go zatvori ljupco... ljubco de vo zatvor. grujo treba da se goni za toa porano ili pokasno.
Од: Lenin
Датум: 04.10.2008 02:50:19
V.M.R.O. i S.D.S.se isti ne napravija nichto dobro za narodot vo makedonija.Gospodata od S.D.S chirat lagi pochto nema covek chto ne saka da e vidi Makedonija vo Evropa i N.A.T.O.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 04.10.2008 04:58:47
Gruevski vnese mnogu novini odkoga dojde, po primer na zapadot. SDSM so bilo koj lider do sega ili ponatamu ne znae,nema nacin i idei toa da go pravi, osven BOEMSKI I ZANESUVACKI da uzivaat vo upravuvanje so vlasta i narodot.... i pogotovo ako ima nesto svezo da " nadenat"
Од: dragan
Датум: 04.10.2008 06:14:49
abe dole , odnosno kole , koj te pravi izoliran , ako ne ti se dopadja tuka vo MK togash fati sveta nekade , i prekrsti se . Mislite li deka vo Evropa ce tece med i mleko ... sam oglupaci toa mozat da go ocekuvaat .. poglednete dobro i procitajte sto se slucuva so nekoi clenki na EU. a nas ne ceka najloshoto . I ako evropa te nece takov kakov sto si , da ne te saka pod drugo ime ??
Од: MIZEREN PECNIK
Датум: 04.10.2008 07:20:00
Recnikot mu e epten mizeren za politicar a ne za lider na partija koja se gordee so svojata intelektualna elita.Recnikot e vo stil sakam kazam neznam recam. Od lektirite ja ima procitano samo ALI BABA I 40 RAZBOJNICI. Priznava deka SDS seel magla. Znaeme daka na krajot narodot go obra bostanot ama sejacot e posocen vo liceto B.C.
Од: Citatel
Датум: 04.10.2008 07:34:35
И Милошевиќ владееше неприкосновено, сакаше да си биде прв и најдобар во изолирана држава, а знаеме како заврши
Од: Dr rer nat Rubin Gulaboski
Датум: 04.10.2008 07:58:17
Citat "Се согласуваме со заеднички прифатливо име кое нема да значи промена на уставното име на државата, нема да го доведе во прашање националниот идентитет, јазикот, културата и националната посебност. Значи, прифаќаме компромис кој ќе значи замена на досегашната референца БЈРМ со име со географска одредница за меѓународна употреба, при што во билатералните односи сите држави ќе имаат право на избор кое име ќе го користат." Ovoj Zaev ili e prirodno neitelegenten, ili e natrpirodno nenadaren! Pa ako bese rabotata da ja smenat samo referencata FYROM, grcite nikogas nemase da krevaat magla, takvoto ime e pobeda za niv i katastrofa za nas.Tie be Zorance imaat edna namera-da ni go smenat USTAVNOTO IME, imeto na nacijata, ednostavno DA NEMA MAKEDONIJA i MAKEDONCI nikade da ne se spomenuvaat! Ako ti Zoki ova ne si go sfatil do sega, jasno mi e do koe deredje ste i ti i tvoite mentori na skalata na IQ. Nekoi raboti ne da vadat od takt, tuku mi ide poveke nitu e-vesnici da citam nituI nternet
Од: crazy macedonian
Датум: 04.10.2008 08:11:59
bas sakam da znam koj del e vistina zs ovoa od SDSBJRM go slusam od dete
Од: Biljana
Датум: 04.10.2008 08:29:19
Makedonija ne e nicija sopstvenost. Nikoj nema pravo da resava sam,samo narodot ( koj e so Gruevski,kako sto pokazaa izborite ). Sto se teteravi SDSM? Branko li kazuva za imeto? Tatko mu da ne muu ja dal Makedonija?
Од: t
Датум: 04.10.2008 08:39:53
Ako Zaev ima mizeren recnik togas grujo e detule od zabaviste dve recenici ne znaj da svrzi i samo gluposti da se tresat pa dali toa mu dolikuva na premier na drzava.Ama ke se seti narodot kakva licnost mu ja vodi drzavata, licnost bez osnovna kultura.
Од: struzanka
Датум: 04.10.2008 08:52:56
Dali Makedonija ke ostane izolirana ili ne seedno e,ama vazno e deka nie makedoncite imeto NE SAKAME da si go menuvame
Од: kumanovo
Датум: 04.10.2008 09:11:57
napred gospodine Zaev,pocetokot e povece od dobar samo taka prodolzete do konecno konsolidiranje na partijata i soboruvanje na diktaturata na slednite predvremeni parlamenratni izbori.Kumanovo e so tebe kako i polovinata intelektualna,svesna i normalna Makedonija.
Од: Рубин Крстески
Датум: 04.10.2008 09:18:12
Како прво Македонија не е изолирана! Со кои постапки тврдат дека е изолирана. Која и партија да беше на власт, повеќе не можеше да стори за Македонската економија. Кога го слушнав Зајаков на телевизија вчера дека е за менување на Македонското име со географска одредница уште еднаш видов предавници на Македонскиот народ во неговата партија. Да не заборавиме дека СДСМ ни го смени името во БЈРМ, ни го смени знамето, како џаволи се трудеја да се потпиши рамковниот договор и работеа директно против Македонските бранители кои умираа бранеќи не, со што и направија милениумска штета на Македонија, а сега и сакаат повторно да го продадат името. Тие за мене се модерни предавници и кодоши во костуми. Да живеат Македонците и МАКЕДОНИЈА.
Од: Stojan
Датум: 04.10.2008 09:54:43
Zaev e neiskusen za elektronski mediumi, no ne treba poradi toa da se potcenuva. A za izrazuvanjeto na ponisko nivo bi kazal samo deka ostanatite politicari se onie koi treba da zboruvaat na ponisko nivo, a ne da koristat stranski zborovi za da izgledat popametni. Za onie koi sledat sto se slucuva vo drugi zemji neka proverat kako se izrazuvaat vo Amerika na duelite. Tamu zboruvaat na jazik kolku sto moze poblizok do narodnite masi. A nasite ministri, zamenici i pratenici so bez nitu eden den rabotno iskustvo pa i bez visoko obarzovanie sto da vi kazam, so naocarite na niv i stranskite im recnici se obiduvaat da izgledat kako mlada inteligencija.
Од: Kocanec
Датум: 04.10.2008 10:27:55
Zosto gospodine Zave,gospogo Radmila pa i gospodine Pretsedatel mu dozvolivte na CHARLI da dojde na vlast pa sega da stradame site. Vratete se naskoro
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 04.10.2008 10:45:56
Gledam nekoj za ime na nekoja izolacija, si go prodava imeto, istorijata i identitetot. I kako vinovnik za toa, naveduva konkretno ime. Kakva arogantnost koga se znae koj dosega ja osteti Makedonija i koi posledici gi cuvstvuvame i sega. Naveduva nekoj za aroganten, koga i tie so celata struktura se poveke od toa. Sekoj znae koj pravel greski, sekoj znae dali sakame da bideme izolrani ili ne, no po koja cena. Sekoj cesenstrumicanec znae dali Zaev e uspesen i kolku, i so koi gragani vo rodniot kraj e blizok, koi od niv gi vrabotuva, a koi ne. Sekoj znae deka toj ima epizodna uloga vo eden period za nego, koj moze da mu bide posleden vo t.n. politicka kariera.Lugeto znaat koga mozele da razmisluvaat poslobodno, koga ne.Neka kaze dali moze toj licno da ucestvuva na sredbi, kade protivnikot postavuva ultaimatumi i svoi uslovi. VMRO za svoite greski se izvini, i toa go napravi javno i zaedno, za razlika od Vas koi ne se soglasuvate pomegu sebe za toa. Premierot ostavete go,daj rabotete.
Од: siromav
Датум: 04.10.2008 10:46:23
na nego da ama ne na nas nemam rabota mizeruvam zenata si otide poradi nevrabotenost i bez pari stalno se karavme zatoa gledam edinstven spas vo eu gi bidna rom i bug povece na odat iligelno po grcija tuku ima rabota kaj niv toa sakam i jas da si ziveam i rabotam vo mak samo levite partii vo evropa mislat za prosecniot gradjanin a ne grujo samo za bogatasi.
Од: Макрис
Датум: 04.10.2008 11:15:21
Така е г.Заев,ама вмровците се уште ги носат „портокаловите наочари“и не гледаат дека во Битола секој ден се затвараат по неколку дуќани,скапијата расте,вработувања нема,платите каснат,закани и застрашувања.Ќему дојди крајо и на оваа луда политика.Заев сотебе сме.
Од: mali covecinja
Датум: 04.10.2008 11:16:19
A bre Ace od Avstralija,Grujo vo nikoj slucaj ne vnese zapaden nacin na rabota.Naprotiv,vnese avtokrativen rezim slicen na SSSR so Stalin.E sega zamisli na Stalin sovetnik da bese Gebels.Mnogu vreva i reklama za nisto.Toa ti ne mozes da go vidis posto na tv ne odat losi raboti protiv DPMNE.Na tv ziveeme kako vo bajka.Zatoa ne pisuvaj poveke nesto sto ne mozes da vidis i osetis.
Од: Prilepcanec
Датум: 04.10.2008 11:16:23
Gospodin Kole,nie vo pustos ziveeme,so nasilnite ,reci glumacki nasmevk na premierot. A toa sto ima visok rejting-prasanje e koj gi pravi rejting spisocite,i kogo go prasuva za mislenje?Mene,i onie sto gi poznavam nikoj i nisto ne ne prasuva-samo podavaat raka za rakuvanje vo predizborniot trans.Dali,vlasta,misli deka zaboravivme na polnokniot,sproti NovaGodina,potpisan dogovor so OKTA.Ili,deka ja dade Skopskata Pivarnica,pa grkot go zabrani reklamnot spot "najdobroto od Makedonija" pa sega odi "najdobroto nase"-stesneto vo ramite na dvorot skopski.Dali makedonskiot brent e samo skopski,ili Grcite ne imenuvaat so Skopje,pa ...
Од: kicevo
Датум: 04.10.2008 11:17:59
Не сум член на СДСМ нити на ВМРО ДПМНЕ, но гледајќи ја состојбава во Р.Македонија не можам да сватам зошто уште му веруваме на Грујоски и неговиот платен политички маркетинг.
Од: Avstralianec
Датум: 04.10.2008 11:23:18
Po povod intervijuto na G.Zaev.dete smiri se i ne ripaj i svrti se navreme so VMRO,mozebi ushkoto Lupco zaeba rabota ama nemashe koj da izleze heroj koga Makedonija se oddeli od Yu. a toj kako zajak rosen potpomognat od Soros i kompanija za rasturanje na komunizmot iskoristi shansa,vo edna kafana vo Kuklis pred mene reche nie mora da pobedime taka saka zapad i taka beshe ama kopileto vide pari i vlast vo race i letna veruvam deka i zenamu ke ja prodade za nekolku stotici dolari a ideata na Vmro se znae ne treba da ja objasnuvam i da vi kazam deka na zapad nie sme obedineti Makedonci od site Makedonii osven na nekoi koi se plashat da kazaat koi se.A za Grujo Gospodine Premier narodot vi dade vlast so golemo mnozinstvo zarem treba poveke vladej i naprednuvaj ja nasata Makedonija nie sme so tebe,a Sds neka bidat konstuktivna i jaka opozicija bez predavstvo so pochit do mojata Makedonija.
Од: Lence M.
Датум: 04.10.2008 11:27:40
Bravo za Zaev.....Takvi luge ni trebaat.Dobar primer za site kakov treba da si,i vo pobeda i vo poraz.Takvite luge se sekogash pobednici zoshto imaat vizija i ne se plashat od rabota.Rezultatot e vazen....mozesh da sedish i po 24h na rabota...i da vikash deka rabotish a da nema rezultat.Pozdrav do Zoran Zaev,i golema podrshka od mene i kako chovek i kako simpatizer.
Од: dedo dimo
Датум: 04.10.2008 14:03:57
Ah mori Lenche za zal si iti ai zaev .Ako zaev beshe tolku hrabar nemashe da cheka na Branko da go spasuva .Kako cesen chovek trebashe da se brani i dokazi deka e prav e togash sekoja chest i narodot ke mu veruvashe i heroj ke postaneshe a vaka e kukavica shto kuka .
Од: citatel
Датум: 04.10.2008 14:37:08
Abre Zajko, vo vasata (SDSM -OVSKA) programa, ideologija ili vizija, kako i da ja nareceme nema supstanca, nema dusa, nema vkus. Ako na nekoj mu go osprite pravoto da ima dusa togas moze da go hranite i so naskapite i najvkusnite jadenja, toj sepak ke bide eden vid na rastenie. Zar mislite deka Makedoncite se spremni da postanat rastenija. Vasite intervijua se kako vikanje vo prazno bure. Vsite zborovi se odbivaat od zidovite na bureto i zajaknati vi gi toplat usite. Izlezete od bureto i pogledajte go narodot vo oci...
Од: Efto
Датум: 04.10.2008 14:42:15
Da vi kazam nesto na site, i na tie od VMRO i tie od SDSM: do koga ke se prepukavate koj sto napravil koj kako lazel i koj neznam sto, fakt e deka Makedonija e vo Evropa, a ustvari e zemja e od tret svet odnosno dupka u Evropa, a na toa mesto e zatoa sto vie seljacista edni partiski opredeleni fraeri sto mislat deka znaat nesto ne iskocile da vidat kako zivee cel svet. Luge sto videle kako se zivee na zapad ne se vratile nazad. Prasajte gi zasto. Osvestete se luge ako ne se smeni imeto ke ostaneme na dnoto na dupkata kade sto sme sega.
Од: boro
Датум: 04.10.2008 15:22:26
vo TURSKO vreme ucumatot pratil ferman : koj ce stane MUSLIMAN ce dobie od stolicata ALTANI (verojatno od predpristapnite fondovi) i nema da im bidat paleni kucite (verojatno zaradi bezbednosniot cador)! i taka nastanale TORBESITE... ama fala im mnogu sto tie ne potpisale nisto vo ime na drugite pa ostanalo i KAURSTINA do den denesen. GI MOLAM site denesni torbesi da ne potpisuvaat nisto vo MOE IME. sekoj neka se pravi torbes sam za sebe!
Од: zoran M (ah kume kume . . )
Датум: 04.10.2008 16:52:08
kaj e trgnal ovoj "utnat skolarac"!!!??? ah bre makedonce kolku te zalam sto ja imas taa nesreka da se zanimavas so takvi mizernici!! :( prasajte go za platite na negovite rabotnici vo fabrikata ELENICA ?? mizernikot sto da im nakaci platite -toj im gi namali!! toa ti e . . . ah braka tesko nas so takvi "aristokrati" !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Goran
Датум: 04.10.2008 17:31:16
SITE SE ISTI....Nema razlika pomegu edna i druga partija...Dodeka vie debatirate, oni imaat standard, zivot, pasoshi, vizi, koli, i obezbedena idnina. Kazete eden siromashen politicar? Dodeka vie debatirate, ne mozete da vidite deka ste vo minus, nemate pari za stan, kola, svetla idnina za vashite deca i vnuci, a ne daj boze za lekovi, bolnica. Fatete se za rabota, i ne izleguvajte da glasate. Neka napravat, pa posle glasajte.
Од: petre
Датум: 04.10.2008 17:40:11
Kako moze da slusate i da intervjuirate nekoko koj nparavil zdelka i proneveril pari - gi stavil v'gzeb i seuste e javna licnost
Од: Ljupco
Датум: 04.10.2008 18:24:26
Do Ace od Avstralija .abe Ace lesno ti e tebe od Avstralija da bistris politika i da kazuvas prikazni.otkako dojdoa na vlas vmro-ovcive zivotot ni e katastrofa,cenive otidoa u plafon a ti go napagas sdsm ,kraj so kraj ne mozeme da svrzeme.zatoa ke ve molam vie od diasporata da prestanete da davare komentari i nemojte da ja branite vlasta zosto ne gi biva
Од: марија
Датум: 04.10.2008 18:52:07
Ова интрвју покажува колку е бос, празен и површен овој таканаречен господин Заев, кој не е ниту господин, ниту стручњак за чесни дејанија, ниту некој водач.Медиокритет, подпросечен, амбициозен провинцијалец, ама желен за власт. Се збогати благодарение на ембаргото и санкциите, кога СДСМ и Либералната партија беа на власт, а Петруш Стефанов, тогашниот пулен на Андов, пушташе да поминат камиони само на одредени лица и претпријатија! И сега тој кажува приказни! Дилетантизмот во Македонија нема крај, а новинарите трчајќи по сензации, му даваат место на еден подпросечен човек, кој нема достоинство, почит кон себе и семејството, а потоа и кон земјата, зашто лесно се откаќува од вековнот име на својата земја, само да стане дел од ЕУ, а ЕУ не го сака, сами лицемери, а тој нема памет тоа да го види! Жално!
Од: Siromav
Датум: 04.10.2008 19:04:10
A bre Zaev dosta se zanimavate se premierot,toj e spasitel na drzavava koja SDSM ja unisti.Ti si so crno dosie za kriminal,nemas ugled pred narodot.Zemi go vo rakovodstvoto i Buzlevski da ti pomogne,Buckovski da te dotolci,Lazarov (od pritvor)da te sovetuva.Kako se sobravte site specijalci za manipulacija so graganstvoto.Bravo Gruevski,rejtingot od den na den mu se zgolemuva.Samo napred.
Од: FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 04.10.2008 20:26:50
Toa sto go predlaga sds"m" ne e resenie tuku problematizacija na dosegasnoto privremeno resenie bidejki se ostava na drugite zemji da resavaat za toa koj kako ke ja vika Makedonija.Osven komplikacija ova ke znaci i gubenje na identitetot sto najdobro se cita od imeto kako vo siot normalen svet. Znaci edinstveno sto bi se postignalo e da se zameni privremenata kompromisna kratenka so trajna problematizacija na imeto. generatori i katalizatori na vakvata politika se makedonskite politicki akteri a sega posebno sds"m" sto e daleku od stav na eden narod i edna zemja. Jas sum optimist deka BJRMakedonija sepak ke ja pomine scila i haribda i poveke ne ke ima precki na nejziniot pat. da zivee suverena i neutralna BJRMakedonija i nejzinoto edinstveno, istorisko, tipicno i oficijalno ime.
Од: zajko plaslivko
Датум: 04.10.2008 20:31:12
abe zajko pa koj ne prekrsti vo bjrm. Prasaj go toj sto te reshi politichki so abolicijata i shto mu ja cuvas foteljata. Ti nikogas nema da bides kako Gruevski zasto on izleze na megdan so ljupco a ti mu cvikas na Branko. Ti nikogas nemozes da bides lider
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 04.10.2008 20:43:25
Ako koj see magla to se SDSM ,BC.TAJNO PREGOVARA VO NJUJORK SO GRCITE ASEGA VIE KRIV GRUEVSKI, MALU MORGEN JUGO PLAČKOVCI SDSM-OVCI krste pop-stefanija
Од: makedon
Датум: 04.10.2008 22:00:25
e zajce,zajce te namestija brat i ti si svesen na toa ama mora da trpis da trajs i da rabotis kako sto ke ti recat a so vakvite nastapi kako ovoj ne sakajki mu go krevas rejtingot na grujo,ostavete go covekot namira da raboti imase sdsm vreme bezbroj sansi da go resi problemot so imeto i nisto ne stori zato ostavete gi drugite da go resat ako ne mozite da pomogni te barem ne odmognuvaj te i ne se ufiraj te pred grcija i.t.n.makedonskiot narod ubavoo ve znae,procitani ste zato fatete se so korisna rabota da gi ispravit greskite sto gi pravevte vo minatoto a ne samo da se izvinuvate ova vi e prijatelski sovet

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Рикер- Признавањето на Косово е важна работа за регионот
Премиерот загрижен за положбата на Македонците во северна Грција
НСДП бара расправа за хеликоптерската несреќа