Новата социјалдемократска партија предлага Собранието в понеделник да расправа за хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 македонски мировници при враќањето од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Ваква иницијатива вчера поднесе пратеникот од НСДП, Горан Мисовски. „Истрагата за несреќата тапка во место. Медиумите шпекулираат дека дел од документацијата клучна за разрешување на мистеријата била чувана во Министерството за одбрана. Очекуваме дека ќе се расчистат многу од дилемите поврзани со овој трагичен настан, а заклучоците ќе бидат поткрепа на Комисијата формирана од Владата, како и на судските органи“, ни изјави Мисовски. (О.В.)
Редно е Македонија да ја дознае вистината за хероите
Од: Vinicanec
Датум: 04.10.2008 12:29:11
Gorane, Elonovski ti go sobra clenstvoto pa se sega sakas javno da go napagas, ti koj sto unisti prekrasna partija na Tito, zamolci ednas za sekogas bidejki si polupismen cov.Neznam zosto Tito uste se zamara so tebe, Da te sutnese na vreme i NSDP ke ja bidese