Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Рикер: Признавањето на Косово е важна работа за регионот

Министерството ќе преземе мерки против директорите кои нема да ги вратат парите

ТЕТОВО - „Имав средби со лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети, во седиштата на партиите. Ова е прва средба од моето доаѓање на оваа должност. Се надевам дека и натаму ќе имам средби со нив, но и со лидери на други политички партии“, рече Филип Рикер, новиот амбасадор на САД во нашата земја за време на својот вчерашен престој во Тетово. Рикер рече дека имал средба и со градоначалникот Хазби Лика.

На новинарско прашање дали на средбите со лидерите на политичките партии разговарале за признавањето на Косово, американскиот амбасадор рече: „Се сретнав со претставници на власта и на опозицијата. Признавањето на Косово е важна работа и верувам дека и Македонија ќе го признае. Тој потег е важен за целиот регион. На оваа тема ќе имам средби и со други лидери“, одговори Рикер. Новинарите побараа мислење од амбасадорот и за прашањето за процесуирање на четирите хашки предмети. „Тоа се чувствителни прашања што треба да се разгледаат. Очекувам процес со праведен и транспарентен крај“.

Ахмети, како што се вели во соопштението на ДУИ, го известил амбасадорот дека „Владата функционира добро, има мали начелни разлики и дека двете страни се многу внимателни за прашањата што се на агендата, ги почитуваме договорите и нема пречки кои не можеме да ги надминеме“.

По посетата на ДПА и разговорот со најтесното раководство на партијата, лидерот Мендух Тачи на новинарите им изјави дека разговарале за приоритетни прашања од интерес на државата и за интегративните процеси, за хашките предмети и за примената на Законот за амнестија и други. „Се согласивме дека е потребна поголема флексибилност за решавање на сите прашања. Ни беше сугерирано нашата пратеничка група да се врати во парламентот, на што одговоривме дека ќе го сториме тоа откако Македонија ќе ја признае независноста на Косово“, рече Тачи. Неговиот став во врска со хашките предмети е дека со Законот за соработка со Трибуналот не било предвидено откако ќе се вратат, предметите да бидат процесуирани. Предметите биле вратени од Хаг без наредба за судска постапка.

Лидерот на ДПА му порача на својот политички опонент Али Ахмети да не бара меѓународна експертиза во врска со хашките случаи. „Некои работи не се учат во планина. Потребно е искуство, особено во пол��тиката“, рече Тачи. На новинарско прашање дали за процесуирањето на хашките случаи имало договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Тачи рече: „Мислев дека можеби има. Сега сметам дека не е така. Ќе се послужам со поговорката: пајакот плете мрежа, во него сам не се фаќа. Таков е и овој случај. Барајќи логика за решение, сега разбрав дека нема ниту логика, ниту решение, ниту договор“, одговори Мендух Тачи. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 192 пати.

Испрати коментар

Од: Dr Stojadin Naumovski
Датум: 04.10.2008 06:31:08
Na sredbata inicirana od mene licno a po pokana od Ambasadorot, sto se odrza na 19 Septemvri 2008 vo State Departmentot vo Washington DC, Ambasadorot Philip Rieker se sretna so pretstavnici na nekolku Makedonski organizacii na Dijasporata od SAD. Prisutni pokraj mene kako pretstavnik na Makedonskiot Amerikanski Sovet i Sovetot na Makedonskata Zaednica od Detroit, bea i pretstavnici od UMD (Washington), kako i od MAFA(Ohio). So ambasadorot razmenivme stavovi i informacii okolu mnogu vazni prasanja. Nasite stavovi okolu Makedonija i delovite od RM od kade sto poteknuvaat poveketo Makedonci vo Detroit. Me iznenaduva sto toj ne se sretnal so Makedoncite vo Tetovo, ili barem takov vpecatok se dobiva koga se cita ovoj napis. Za stavovite na DUI i DPA nema da komentiram vo ovaa prilika. Ne zaboravajte deka toj mnogu doboro ja poznava sostojbata, a se sto e vo negovi ingerencii se nadevam ke bide napraveno fo forma sto Amerikancite ke gi prezentira vo vistinsko i pozitivno svetlo.
Од: Kastriot
Датум: 04.10.2008 07:17:10
Dr. Naumovski , ako zivete vo USA treba da znate da Albanski lobi e eden od najjaci u USA . Sad znaes zosto Ambasadorot Riker ne se sretna so makedoncite od Tetovo. Vi ste napravili jedan sasatnok u Dc a nie veke 30 godini sme tamo i imamo sastanoci skoro svaka nedela. pozdrav- pozdrav-
Од: pero
Датум: 04.10.2008 18:21:50
Kastriot ubavo si kazuva... deka nivnoto lobi vo SAD e jako, ama ne e cesen i ne kazuva so koi biznisi negovite Albanci se zanimavaat... deka ja drzat cela trgovija so droga, prostitucija... dzanam mnogu profitabilni biznisi... za toa se rodeni... ama pak prekjutuva deka brakjata Duka od Debar (Albanci se a ne Marsovci) planiraa napad na voenata baza blizu Wasington, ne kazuva isto taka deka Kosovo i muslimanskiot del na Bosna ke se idni bazi na teroristi od belata Al Kaeda...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
На Груевски му одговара изолација на Македонија
Премиерот загрижен за положбата на Македонците во северна Грција
НСДП бара расправа за хеликоптерската несреќа