Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Поглед

На сончање во Тувалу

Александра М. Митевска

Тувалу ја призна Македонија под уставно име! Така гласи веста што вчера попладне громогласно одекна во Скопје, а, веројатно, и во цела држава.

Да не беше плоштадот „Македонија“ пренатрупан со споменици и со градежни материјали, можеби, ќе се организираше и прослава во чест на големата вест. Нешто слично како прославата во 2004 година, кога не' призна Америка. А дури потоа повеќето славеници ќе се сетеа дека прв пат слушаат за таа држава и ќе се прашаа - а каде се наоѓа Тувалу!

Но, бидејќи вчера никој не беше зафатен со организирање прослави (освен, можеби, владиниот или протоколот во МНР), брзо се откри дека станува збо�� за островска државичка во Тихиот Океан. И тука веќе на радоста и' немаше крај.

Ако како мера за нивото на радост се земат постовите на социјалните мрежи, слободно може да се каже дека, конечно, се најде алтернатива за „нашиот јужен сосед“, кој упорно не ни го признава името. Сите „предавници“ што уживаат да се сончаат на грчките плажи и сите „патриоти“ што преферираат преку лето да си останат дома, сега може да летуваат кај нашите нови пријатели.

„Најегзотично“, сепак, прозвучи податокот за политичкото уредување на државата: Тувалу е уставна монархија - дел од Комонвелтот, а тамошниот парламент брои 15 пратеници. Но, бидејќи таму немало политички партии, изборите (замислете) се спроведувале, главно, според лични или фамилијарни врски. Така барем пишува во енциклопедиите.

Значи, тоа било рај на земјата - ем на остров ем без партии, а и името ни го признаа... Банани и кокосови ореви, пак, имало на тони.


#
Статијата е прочитана 1696 пати.

Испрати коментар

Од: Nauri pa Tuvalu
Датум: 01.07.2011 00:54:17
Tuvalu ne prizna pod ustavno ime! Toa e najnoviot grandiozen uspeh na nasata diplomatija?!. E ama ima edna mala opanost. Procitav deka Tuvalu imal povrsina kolku selskiot atar na s. Podmocani( 26 km2) i broj na ziteli kolku Labunista( 12300), No ima i eden drug porblem. Bila samo so nadmorska visina pod 4 m i ima golema opasnost , ako prodolzi topenjeto na Antartikot ,Tuvalu da bide potopen , odnosno izcezne kako ostrov. E toa ce bide golem gubitoik za nas. Ce ostaneme bez znacaen sojuznik i podrzuvac vo svetskata politika. A koj ce bide nas ambasador tamu?Mozebi e dobro onaj pcurliv Petre Stojanovski od Avstralija da go pratime Kako e erotomanski raspolozen brzo i naglo ce im go zgolemi natalitetot , pa taka ce im se zglemi i brojot na zitelite
Од: gimi
Датум: 01.07.2011 01:42:37
Обожувам да читам коментари од Вас проопозициски наклонетите новинари, кога од една позитивна вест треба да извлечете негативен коментар.Не е битно дали е Тувалу или не знам која друга држава, битно е дека е 132 држава која не признава под уставно име.
Од: od mene
Датум: 01.07.2011 05:20:09
dobra si so cinizmov,so toni ili kila drzavata e drzava i clenka na obedineti nacii ti ako sakas kupi si ostrovche i nemora da si ja priznavas svojata drzava so slavje ili mrajve tvoj problem:)
Од: Igor
Датум: 01.07.2011 07:41:49
Sramota Aleksandra! Ajde da se potsmevas na politikata na vladata razbiram, takov e vesnikov i takvi ti se verojatno "slobodnite" stavovi. No da se potsmevas na cuvstvata na 12000 ili 120 luge koi si imaat svoja drzava i si ja ureduvaat po svo vkus, razbiranja i ubeduvanja e strasno! Bez nikakva kultura i razbiranje deka postojat tolku mnogu razlicni raboti co svetot i ne sme site isti!
Од: Тони
Датум: 01.07.2011 08:04:10
до gimi i мене.Одважност е за мене кога новинар ќе пишува со иронија за (неспособната)политика на сегашната власт.А не како Латас да се лигави и притоа да влече лична корист.Каде е тука вистината?И не значи дека ако критикуваш актуелна власт, не ја сакаш својата држава.Тоа не е исто.Тоа е исто само во вашите вмро-вски затупени глави
Од: vlado
Датум: 01.07.2011 09:03:06
Abe isfrustrirana i nezadovolena nokjeska sestricke bez dva denari vo Tinex tesko deka kje si kupis voda da se razladis ili ne???. sekoe *dinarce* (glasce(drzavice) e bitno. Ps: Ima Osten mislam deka seuste funkcionira , prijavi se za glaven urednik. najdobronameren e predlogov.
Од: sime
Датум: 01.07.2011 09:07:59
A be gimi ili kako ti e makedonskoto me pukna od nervoza.
Од: smesno
Датум: 01.07.2011 09:45:25
I sto sakase pisatelot da kaze?Mizerija od tekst.
Од: Јован АН
Датум: 01.07.2011 10:15:00
Чуму толкав цинизам?За Америка,Русија,Кина,Индија и сл. и ние сме можеби Тувалу која,ете,успеала да се запише во ОН под сопственото име.
Од: ELENA
Датум: 01.07.2011 11:37:06
Драги мои бројачи на држави кои не признаа под уставното име. За жал, џабе броите. Ако во таа бројка не ви влезат и Франција и Велика Британија може и до 180 да изброите, ама нема фајде. Наместо да се фокусираме на држави од последната лига на ООН дајте ние со нашата дипломатија да влеземе во погорните лиги и да ги придобиеме остатокот од главните играчи. Се` друго е напразно...
Од: vesela geografija
Датум: 01.07.2011 12:50:12
Decata, no i vozrasnite ke ima sto da naucat od geografija. Sledete gi mediumite.
Од: Smeshko
Датум: 01.07.2011 13:20:05
Bravo za Tuvalu, ide red na Nubija!
Од: Ратомир
Датум: 01.07.2011 18:16:37
Зашто се потсмевате со Тувалу? Па каква и да е земјата, држава е - Тувалу. Не е некоја „бивша република Тувалу“.

Најди! во Утрински
Втора страница
Судии и записничари делат компјутери
Почна да работи Вишиот управен суд

"""