Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Истражување

Судии и записничари делат компјутери

Ова е само еден од сегментите со критичка нота што може да се прочита во обемната анализа на истражувањето „Антикорупциските барања на Европската унија

Катица Чангова



„Судиите во Македонија не располагаат со сите алатки за извршување на нивните функции. Се' уште има судии кои немаат компјутери. Многу често се случува судиите и записничарите да делат компјутери. Ова придонесува за зголемен обем на незавршена работа бидејќи и судиите и записничарите имаат потреба од компјутери“.

Ова е само еден од сегментите со критичка нота што може да се прочита во обемната анализа н�� истражувањето „Антикорупциските барања на Европската унија: Мерење на напредокот во судството, јавната администрација и законодавното тело“.

Претседателката на невладината организација „Транспаренси интернешенел - Македонија“, Слаѓана Тасева, на вчерашната промоција на наодите од истражувањето нагласи дека Македонија има релативно добра правна рамка во трите посочени сфери, но дека заостанува со имплементацијата на законите. „Најмногу заостанува имплементацијата на законите од јавната администрација“, изјави Тасева.

Организацијата, во соработка со „Транспаренси интернешнл“, како и со националните ограноци на меѓународната организација во Албанија, Косово и Турцијa го реализираше регионалниот проект ЦИМАП - Воспоставување на компаративен мониторинг базиран на индикатори за следење на прогресот во борбата против корупцијата во земјите кандидати за членство во ЕУ, потенцијалните земји кандидати и Косово, финансиран од Европската Комисија.

Тасева посочи дека ова е една од ретките анализи за тоа до каде е Македонија во однос на евроинтеграциите направена од домашна организација која ја скенирала состојбата со корупцијата и напредокот во секторите на судството, јавната администрација и парламентот. Во иднина таа очекува процесот на евроинтеграции во земјата да стане поинтензивен и најави дека проектот ќе продолжи и ќе се фокусира на сите седум одредници на ЕК за Македонија.

Истражувањето за Македонија е направено во периодот од јуни минатата до мај оваа година. Анализирани се сите закони, меѓународните стандарди и барањата на ЕУ, а се даваат и препораки.

За судството, меѓу другото, се сугерира стапување во сила на правни одредби кои би воспоставиле одговорност за постапките на Судскиот совет, ограничување за вработувањето по престанок на функцијата, како и развивање јасен систем на заслуги при изборот и унапредувањето на судиите.

Ефективна, систематска и институционална заштита на лицата што сакаат да пријават случаи на корупција заснована на посебен закон, воведување систем на мерит принципи во Законот за јавни службеници, унапредување на квалитетот на обуките за вработените во јавната и државната администрација. Ова се некои од сугестиите за јавната администрација.

Да се зголеми одговорноста на пратениците и учеството на јавноста во процесот на донесување одлуки, се некои од барањата во законодавната сфера. Се препорачува ревизија на моделот на донесување одлуки во рамките на системот на парламентарна демократија и воведување кодекс за етичко однесување на пратениците.

Во вчера објавениот извештај стои дека Македонија, Албанија, Косово и Турција мора да сторат многу повеќе за ефикасна имплементација на антикорупциските закони. „Транспаренси интернешенал“ смета дека овие земји треба да изградат капацитет и да го подобрат управувањето во клучните институции. „Постои потреба за посилна политичка волја за справување со проблемот на корупцијата во овие земји“, изјави Јана Митермаер, раководител на Канцеларијата за врски на „Транспаренси интернешнал“ во Европската унија.

Процесот на пристапување на овие земји кон ЕУ бара да бидат исполнети одредени финансиски, социјални, економски и политички стандарди. Ова вклучува напредок во областа на антикорупцијата и доброто владеење, која се покажа како камен на сопнување за кандидатите и потенцијалните земји кандидати, стои во извештајот на „Транспаренси“. Наодите покажуваат дека и покрај законската регулатива, спроведувањето на антикорупциските закони недостасува во сите четири земји. Според „Транспаренси“, нискиот капацитет и слабото управување во судството, законодавната власт и јавната администрација се клучни што законите не се применуваат во практика.


#
Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар

Од: граѓанин
Датум: 01.07.2011 00:37:55
Немале доволно компјутери??? Во образованието се фрлија многу пари за компјутери голем дел од нив речиси и не се користат, а и тие што се користат се уништуваат, се крадат - се прашувам зошто дел од тие компјутери не се префрлат во Министерството за правда?
Од: jimmy1
Датум: 01.07.2011 16:31:03
Zosto nise kompjuteri koga na sekoe kose imame spomenici. Nie sme na levelot so Afrika i zosto ni se kompjuteri, ako ne sme i od niv podolu.

Најди! во Утрински
Втора страница
На сончање во Тувалу
Почна да работи Вишиот управен суд

"""