Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма
Името е национално, а не политичко прашање

Г. Агатангел, митрополит повардарски

(Реакција по повод изјавата на Бранко Црвенковски во однос на ставот за уставното име на Република Македонија)

Запрепастен сум од реакцијата на г. Црвенковски по повод мојата изјава во врска со наметнатиот проблем што го имаат Р. Грција и нејзината политика со нашето уставно и вековно име. Морам да признам, воопшто не очекував дека токму лидерот на македонската опозиција за вакво клучно национално прашање ќе препознае наше мешање во политиката. Еден искусен политичар, каков што е г. Црвенковски, кој бил на сите важни државни функции во својата богата политичка кариера, би требало да прави разлика меѓу политичко и национално прашање. Ваква жестока реакција можеше да се очекува, на пример, од некои наши противници, но никако од лидерот на најголемата опозициска партија во Р. Македонија. Токму поради тоа, мислам дека г. Црвенковски би требало да ја поздрави мојата изјава, бидејќи и тој како наш истакнат политичар, како, впрочем, и сите ние поединечно, би требало да го браниме македонскиот национален интерес. Настојувањата за промена на нашето македонско име имаат во себе шовинистички побуди, па, според тоа, апсолутно се во спротивност со сите демократски, но и библиски принципи. Македонската православна црква како Тело Христово, но и как�� духовна институција на македонскиот народ, има обврска секогаш да ја сведочи и да ја брани вистината, бидејќи токму со вистината и Божјата правда Православната црквата е во коалиција речиси 2000 години. Ние како духовни водачи на својот народ не смееме да го проблематизираме националното чувство на секој човек, бидејќи погледнато од духовен аспект, ваквото проблематизирање би било катастрофа од невидени размери. Исто така, не мислам дека имањето став за вакви бесмислени прашања им припаѓа само на одредени политички специјалци, бидејќи сите ние како граѓани на оваа држава имаме и општествена, но и историска одговорност. Пред ваквите националистички и фашистички ставови во однос на македонското национално битие би било грев да ги затвориме очите, бидејќи ако ние не проговориме, тогаш камењата ќе прозборат. Многупати досега г. Црвенковски и неговите најблиски партиски соработници во однос на веронауката или абортусот сосема непотребно ја напаѓаа Македонската православна црква или се исмеваа со нејзините припадници, дури отворено нарекувајќи ги со погрдни зборови. Тие мислеа дека ги напаѓаат проектите на Владата, не бивајќи свесни дека всушност ги повредуваат верските чувства на своите сограѓани, но и ги политизираат националните интереси на Македонците, за кои сите ние треба да имаме единство. Ние, пак, како Црква за да не дотураме масло на огнот, но и за да не бидеме погрешно разбрани, никогаш јавно не му замеривме на г. Црвенковски за ваквата негова политика, иако имавме право да го сториме тоа.

Имајќи контакти со многу граѓани од македонска православна и од муслиманска вероисповед, независно на која партија ? припаѓаат, и следејќи ги електронските и пишаните медиуми, можам да заклучам дека многу мал број од нив се за промена на уставното име на државата и националниот, духовниот и културниот идентитет, на нашето семакедонско постоење. Затоа го прашувам г. Црвенковски, каков одговор ќе им даде на оние наши браќа и сестри што живеат во дијаспората и во земјите каде што немаат право да ги искажат своите национални чувства? Зарем од тој народ ќе треба да се откажеме?

На крајот за да не се политизира целата оваа ситуација им предлагам на најголемите македонски политички партии, а, исто така, и на албанските, да седнат на заедничка маса и да бидат сплотени во една мисла, да заборават на омразата и да не ги мијат рацете во име на народот, туку да заземат став што нема да значи промена на нашето уставно име, ниту промена на националниот, духовниот и културниот идентитет. Со донесувањето ваков консензус, верувам дека сите лидери, од сите политички партии ќе бидат почитувани и запаметени по своите патриотски чувства и од сегашнава, но и од идната генерација.

На крајот уште еднаш ги повикувам македонскиот народ и сите добронамерни граѓани што живеат во нашава држава да не дозволат промена на уставното име и на нашиот национален идентитет. Јас и во иднина ќе продолжам да го повикувам народот на сплотеност во однос на уставното име и во однос на сите други национални прашања, независно која партија е на власт или во опозиција. Бог да ги благослови Македонија и македонскиот народ и сите граѓани што живеат во неа.

#
Статијата е прочитана 860 пати.

Испрати коментар

Од: milko
Датум: 06.10.2010 12:33:48
dedo-agatangel na koj mu kazuvate da pravi razlika -na toj sto saka da go prodade?
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 06.10.2010 13:08:35
Дедо попе убаво см га прочитала твое писмо. И ми простеш и мене и на моју секуличку памет,ако грешам, изгледа, за разлику од твоју ПАСТВУ, секој дн едеш месо и мрсно. А тој месо и мрсно е незгодно, дае ногу сила и куде треба и куде не треба... Ако ме послушаш убаво ќе бидне после оброци да пиеш чај! Затој што чај разлаже маснотие и помаже...
Од: devicanecot
Датум: 06.10.2010 13:25:31
Еквилибристот Б.Ц. навистина ги помина сите политички прагови во нашата земја, беше и ДРЖавник, ама не разликува изгледа национално, од политичко прашање.
Од: viktor
Датум: 06.10.2010 13:51:48
Popceto so zvucna titula bi trebalo da znae deka site prasanja,vklucitelno i imeto,se politicki.Razlikata e vo toa sto nekoi politicki prasanja imaat nacionalno,a nekoi lokalnlo znacenje.Bez ogled kakvi se, ne se rabota na popovite koga nastapivaat so psevdonim(na pr.Agatangel),ami na gtaganite koga nastapuvaat so svoe ime i prezime.
Од: Клисар
Датум: 06.10.2010 14:39:15
Попе,намали го мрсното,убаво ти вели баба Ката од Секулицу!Батали национално,интернационално и локално.Врати се на духовното.Или избричи ја брадата,па бави се со политика.И таму има мрсно!
Од: Vlav
Датум: 06.10.2010 14:40:57
Абе, попче, каде беше да се огласиш ти и твојата црква и твојот шеф, кога твојот Грујо ја антиквизираше македонската нација, притоа дирекно удирајќи на словенскиот идентитет на македоците. Тогаш, тоа да не беше политичко прашањето? Сега кога Бранко Ви кажува, да не се мешате во политика, е сега идентитетот е национално прашање. Преку глава и вие поповите ни дојдовте. Да знаете дека и Вие нема да бидете амнестирани.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 06.10.2010 15:07:10
Arogancijata i primitivnosta na crkvata i na popovite se cini deka nema granici. Koj ste vie Pope da komentirate za imeto? Koj vi go dade toa pravo Gospod? Ajde priberite si toa mantiite, dosta prodavate magla....2000 godini ni propovedate duhovnost, istovremeno natrupuvajkji ogromni materijalni bogatstva (Hotelot Izgrev, for egzampl). Dosta vekje kako leshinari ja koristite bedata na ovoj napaten narod. Jasno e deka ova go pravite od chisto lichni interesi...ve zabole vas za imeto (Vaseto lichno odavna go smenivte, a od pred godina dena i na vasata institucija MPC-OH).... Poklopete se so mantiite i glas da ne vi se cue, dosta grabavte i od narodot i od drzavata. PS. Ova vazi za site, popovi, odzi, rabini, vracevi i ini paraziti.....
Од: b
Датум: 06.10.2010 16:03:39
Да името е национално и за него мислењето ке си го кажеш како човек, а не како Владика, дома, во кафеана, а не пред Олтар. А што е најтрагично, кажваш како и нашиот ни омилен водач, што ми е симптоматично, сите Владици да мислат како него, секаде секогаш и за се!
Од: todor
Датум: 06.10.2010 16:28:52
Абе дедо на кого му збориш и зашто му збориш. Прво избори се да те сакаат селаните од Отовица а не да те мразат па потоа дели совети и кажувај дека црквата е на народот. Зошто им викаш инспекции на селаните оставајќи ги на гола егзистенција. Зошто направи црквиче мало а зандани за тебе и твоите пајташи, зошто со парите на народот купуваш џипови и скапи коли а народот плачи за корка леб. И многу други работи кој ги правиш со бизнисменот од Велес кој уништи илјадници фамилии и ги остави на улица.
Од: Православен верник
Датум: 06.10.2010 17:10:06
Г-Агатангел, Вие сте против промена на уставното име на Р. Македонија.! Но зошто дозволивте додавка Охридска архиепископиjа на името на МПЦ . Зарем не е и тоа промена? Загрижени сте за нашите во дијаспората. И тоа е позитивно . Нив, ние не сме ги заборавиле, но прашање е колку тие размислуваат за Македонија, од аспект на економско инвестирање во Републиката, и да се запрашате колку го знаат македонскиот јазик нашите иселеници во дијаспората особено третата генерација која веке не се вика Георги туку Џорџ, не е Марко туку Мајкл итн. Убаво напишавте дека името е политичко прашање, затоа оставете ја политиката на политичарите, а Вие грижете се за духовното на православните грагани на Р.Македонија
Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.10.2010 18:50:14
Што ти значи да си потомок на оние кој некогаш од идеолошки и напредни идеи ги јаваа поповите.Инаку да сум на место од власта вакви коментатори би ги хонорирал,да правиш ваква антиреклама на опозицијата,тоа со пари не се надоплатува.Коментатори како vlav се суво злато,таквите треба да се негуваат и поттикнуваат што повеќе да просветлено пишуваат.За опозицијата се знае,таму се некаде назад и таму ќе останат.
Од: Јован АН
Датум: 06.10.2010 21:21:31
До кометаторите: Како не Ви е срам?Да ли сте свесни што пишувате?
Од: db
Датум: 07.10.2010 10:19:31
so celiot respekt, ama toa ne e taka. Ne moze sekoj i seshto da se meshe u ovaa kasha, Ima luge plateni za toa da go reshat. Ako ne se sposobni neka si zaminat. Prosot kako grav. Steta i sramota za Crkvata sho se meshe u matnite politicki igri na DPMNE.

Најди! во Утрински
Писма
Отворено писмо од ВМРО-НП до ВМРО-ДПМНЕ






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia