ВМРО-Народна партија ја поздравува иницијативата за измени на постојниот Закон за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, познат како Закон за лустрација. Во таа насока, би сакале да истакнеме дека како партија во неколку наврати јавно сме излегле со став дека постојното законско решение треба да претрпи измени.
Затоа ВМРО – Народна партија е подготвена со свои предлози да учествува во креирањето на новото законско решение. Доколку се формира работна група составена од претставници и на други политички партии, подготвени сме да партиципираме со свој член во работната група.
Доколку, сепак, одлучите да не ја прифатите нашата помош, уште еднаш јавно го истакнуваме нашиот став и мислење, кои одредби треба да ги содржат измените на Законот за лустрација:
- Лустрацијата да важи за сите досегашни носители на јавни функции, вклучувајќи го и периодот до денот на донесување на измените на Законот, значи 2010 година;
- Имињата на сите за кои ќе се утврди дека соработувале со тајните служби да бидат јавно објавени;
- Комисијата за верификација на факти треба само да ги констатира фактите, а не да гласа за факти или да се надгласува;
- Во членовите на Закон��т, кои се однесуваат на делот што се однесува на опфатот на соработниците условено за стекнување материјална и нематеријална корист, како и напредување во службата на соработниците да биде избришан. Со тоа би се отстранила границата на опфат на лицата што треба да се лустрираат;
- Во членовите на Законот што се однесуваат на континуитет на соработка со службите, да се констатира дека евиденцијата за соработник да не се условува со одреден континуитет или дисконтинуитет во соработка со службите.
Како што е донесен закон популарно наречен закон за Лустрација, треба да се донесе и Закон за грабеж извршен со “озаконета“ приватизација или народски кажано Закон за пљачка. Тогаш да ги видиме силните политичари ајдуци, полуписмени или воопшто неписмени бизнисмени. За нив се единствено комунистите “флит“. Талблата на врат на крадецот, апашот или т.н. бизнисмен и шетање низ градовите низ бедната и опљачкана Македонија. Нека го задржат украденото , но барем по еднаш да бидат исплукани од народот. Историчарите сигурно ќе ги “испликаат“ и жигосаат за навек, иако тие ќе останат имотни цел век.
Од: milko
Датум: 06.10.2010 12:38:30
mislam deka treba da stoi' vmro dvajca- np' za da bide pojasno od kogo e pismoto doVMRO-DPMNE
pozrav
Од: ekid
Датум: 06.10.2010 17:00:37
tie dvajca vredat i se zamena za 2 milioni kako tebe decko a sega ti razmisli sto kazav
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 06.10.2010 17:27:38
До г-нинот Јакимовски,
Вашата Партија нема ништо ѕаедничко со името вмро,особено кога зад таа Партија се крие најголемиот ајдук ЉУБЧО Георгиевски кој со сите сили работеше на рушенје имиџот на ВМРО, ДОЗВОЛУВАЈКИ ВО партијата да влезат неброени инсајдери со удбашко „педигре„ и наместо тој во свое време да прави лустрација ,тој ги напика даравелци стојмановци јаковлевци и сите други со удбашко педигре
крсте поп-стефанија