Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Милошоски негира дека Израел реагира

Поддршката за Сирија во ОН, според министерот, не ги влошила односите со Израел

Шефот на дипломатијата Антонио Милошоски негираше вчера дека поддршката за Сирија во ОН ги влошила односите со Израел, и покрај најавите од Тел Авив дека чекаат објаснување за ваквиот потег на Македонија во Њујорк. Деновиве ќе се оствари посета на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на Израел, што, според него, е доказ дека односите не се така лоши како што можеби изгледаат од изјавата на израелскиот амбасадор. Според министерот, Македонија и Израел имаат одлични односи поставени на здрави основи и нив не може да ги загрози кое било прашање од билатерален или од мултилатерален карактер. Македонија како земја-членка во ОН, порача тој, има право да се изјаснува по одредени резолуции и, во тие рамки, кога има усогласен став на земјите-членки на ЕУ, се придружува кон тој став. Кога, пак, ЕУ има поделен став за некоја резолуција, тогаш Македонија се определува согласно со своите национални интереси.

Министерот, исто така, ги отфрли шпекулирањата дека Владата работи на прекинување на преговорите за името со Грција. Според него, државниот врв е решен да продолжи македонско-грчкиот дијалог под покровителство на ОН, бидејќи таму најдобро се бранат принципите и националните интереси на Македонија. Освен тоа, нагласи тој, Македонија има преземено одредени обврски со Резолуцијата од 1995 година и со Привремената спогодба и има намера да ги почитува, и покрај тужбата во Хаг.

„Преземените обврски треба да се почитуваат, а поднесената тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата е сосема друго од разговорите што се водат под покровителство на ОН. Таа има правна основа и димензија и не би требало да се политизира“, изјави Милошоски.

Тој не беше запознат со иницијативата на ДУИ меѓународни посредници да помогнат во постигнувањето консензус меѓу политичките партии во земјата околу спорот за името, но нагласи дека тоа не е лесно прашање, бидејќи спорот е сложен, а притоа се злоупотребува и за освојување политички поени.

Од позитивните пораки, министерот очекува идната година Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, бидејќи Унгарија и Полска како земји идни претседавачи со Унијата би требало да имаат поголемо чувство и поголемо внимание за процесот на проширување. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1106 пати.

Испрати коментар

Од: zevzekman
Датум: 21.12.2010 12:23:15
ако може Кипар, земја членка на ЕУ да се однесува 100% како грчки сателит, зошто ние мора да одиме по нечиј диктат а тие не манипулираат со консензуси и др. Треба да и се стави на ЕУ до знаење дека за регионот има и други заинтересирани сили, Турција, Русија , Кина
Од: Itar Pejo
Датум: 21.12.2010 13:27:00
Ova kobajagi pregovaranje im odgovara i na grckata i na nasata vlada. Na Grcija ne i odgovara Mk da bide vo EU. A i na nasata vlada i odgovara da ne sme vo EU. Imame alternativa: Turcija. Pa zarem za toa ne se borea osnovacite na VMRO. Ovaa vlada ce gi ostvari idealite i na Goce i na Cento. Ce staneme turski pasaluk.

Најди! во Утрински
Втора страница
За нов живот
Снегот ја запре Европа
Вербатим
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks