Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Поглед

За нов живот

Сања Наумовска

Преквалификацијата е можност да се започне нов живот. Нова професија или занает значи нов почеток, кој дава надеж за позитивни промени во секојдневјето. Вака веројатно размислуваат многу млади, често и високообразовани луѓе, кои секојдневно се запишуваат на курсеви за промена на професијата. Географи, историчари, уметници, социолози, но и правници или филозофи стануваат фризери, козметичари, масери, келнери, водоводџии. За подобро утре се одлучуваат да учат и за плочкари, електричари, ѕидари или молери. Колку помалку време поминуваат во разочарување и барање на одговорот, зошто сето тоа им се случува токму ним и колку помалку жалат за времето и трудот вложени во своето образование, толку подобро и полесно за нив.

Во борбата за живот се напуштаат соништата од младоста со кои се избирале факултети. Сега, соочени со реалноста и најчесто со потребите на пазарот на трудот младите стануваат практични. Годините поминати во учење, факултетските дипломи и знаењето понекогаш не значат ништо ако не можете да добиете работа. Невработеноста може да трае и со години, па храбри чекори како преквалификација се неопходни.

Притиснати од желбата да се реализираат, да основаат семејства и да живеат нормален живот младите престануваат да бираат, туку оставаат пазарот на труд да ги избира нив. Иако сега универзитети се отвораат на секој чекор и се поставува прашањето со каков квалитет е образованието што го нудат, сепак, практиката вели дека факултетлиите им се враќаат на занаетите. Со нив многу полесно, побрзо се наоѓа работа, а и добро се заработува. Занаетите нудат можност за самовработување, па, всушност, никој од никого не зависи и не мора да бара помош.


#
Статијата е прочитана 830 пати.

Испрати коментар

Од: srebre
Датум: 21.12.2010 12:16:52
zavoravas draga novinarke kolku frizerki ima vo makedonija koi zavrsile a nikogas ne rabotale ili pak zarabotuvat mnogu malku,retki se trie frizerki sto zarabotuvat premnogu a moleri rabotat i nekvalifikuvani.......odete na zapad ili vo grcija,bugarija,slovenija pa ce videte dali fakultetlii odat na kurs za zanet....a kakva logika politikata na grujo koj veli da zavrsat mladite po 2 fakulteti..neli e toa biznis na vlada...a kade e naciponalna strayegija za strucen kadar....ili ziveeme vo opstestvo vo 10.vek.................
Од: deli
Датум: 21.12.2010 13:04:58
Zavisi od sekogo, što ke odbere: dali ke sedi doma, čekajki "čudo" i barajki pari od roditeli, koi što sami nemaat dosta, ili, da se fati za rabota - da se stori "ponižen" zanaetčija. Neznam, što e ponisko, da si "pitač" na svoite nejbliski, ili da sobereš sili a da staneš na svoi noze. Da se bide umetnik, istoričar, sociolog itn. - takvi profesii procentualno se minimalno potrebni. Pločkari, zidari, električari, automehaničari, no i fakultetski obrazovani luge (vo tehnički pravci) - imaat pogolemi šansi. Sekoj ima možnost - toj, što ima volja, što saka - i što nepodlegnuva na "moda". Pozdrav - i sreka na tie, što nepodlegnuvaat.
Од: od mene
Датум: 21.12.2010 15:12:01
Kako da se zaposlat akoga se odi prekupartiska kniska . Vaka ne bese ni vo komunizmot !! Ne e deka ne sakaat da rabotat tuku deka sekoj diplomiran koga ke ja vidi perspektivata se razocaruva i prva misla mu e da mu ja duvne od atamu. Ne e za nepodlegnuvanje rabotata e vo respekt na najbliskiot a koj e toj ako ne tvojot sograganin.ako pokraj diplomata se bara i partiska kniska togas sigurno e deka toj koj sto pominal tolku skolo i na kraj negovoto znaenje se tolkuva so toa kakva politicka linija ima bez da se zeme vo predvid deka eden golem del od niv se neopredeleni . Toa e bre drugar "deli" ponizuvacki nesto slicno kako nekoj da saka da ti go smeni imeto ako sakas da se zaposlis vo istata zemja vo koja i toj zivee !!!???
Од: Трпе
Датум: 21.12.2010 15:29:38
Знаењето е сила,знаењето е моч.Првин заврши два факултета.А потоа оди на доквалификација за фризер,молер,зидар,земјоделец ама немој да ја заборавиш и партиската членска книшка.Бладата тоа ке ти го позлати.Може да бидеш и функционер.
Од: do deli
Датум: 21.12.2010 16:19:26
mi se cini premnogu si optimist ce stanale na noze zaencii so zavrsen kurs???pola skopje imazanaet pa se nevraboteni...a za tie so tehnicki vikas imale idnia?kade?moleri rabotat i toa bez zavrsen kurs za moler ludje inzenjeri dali toa go znaes bratko?tie kursevi nese nisto drugo tuku biznis a tie fakultetlii sto odat se lazat ce odele na brod da rabotat ..samo niv gi cekat........
Од: ne e bitno
Датум: 21.12.2010 18:22:47
Vreme bese da sfatite deka osnovata na kapitalizmot e zanaetot :))) Socijalizmot vo koj site ucele za da ne rabotat zavrsi. Teprva ke vidite deka bez razlika dali nekoj ima ili nema diploma i nezavisno od toa kade raboti, treba da uci i da sen nadgraduva non-stop, a pred se da pokazuva rezultati. Vprocem i fakultetot treba da e osnova za nekoj "zanaet". Za zal vie toa go razbirate kako: zavrsiv fax i sega sum vazen seznajko. Vprocem interesnoto pocnuva koga ke pocnete da rabotite. Bravo za site sto se prekvalifikuvale!

Најди! во Утрински
Втора страница
Снегот ја запре Европа
Вербатим
Милошоски негира дека Израел реагира
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks