|
|
|
|
|
|
Власта и' готви политичка елиминација на Шекеринска
„Никогаш, никаде и во никаков контекст не сум ги кажала зборовите што ми ги налепи Стоиљковиќ толку лесно“, тврди Шекеринска
Дали власта подготвува терен за дискредитирање и политичка елиминација на претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шекеринска? Малкумина веруваат дека барањето за нејзина демисија од челната позиција на ова собраниско тело е соло-игра на пратеникот од ДПС, Иван Стоиљковиќ. Напротив, во политичките кругови неговата иницијатива веднаш се протолкува како „бесилка“ за Шекеринска стокмена од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија досега не се изјасни за Предлог-одлуката за разрешување на Шекеринска, поднесена од нивниот коалициски партнер Стоиљковиќ. Денеска за ова барање треба се произнесе собраниската Комисија за избори и именување.
Стоиљковиќ, инаку, смета дека шефицата на Советот за евроинтеграции не смее да биде на таа функција, бидејќи „ги навредила неговите национални чувства и шири говор на омраза“. Во ваквиот потег Шекеринска гледа скриени политички мотиви. „Националниот совет за евроинтеграции е еден од ретките, кои од формирањето до денес добива позитивна оцена во извештаите на Европската комисија. Очигледно, тоа некому му пречи. Само така можам да ја протолкува иницијативата. И тоа треба да не' загрижи. Во Македонија и во нејзините институции постојат луѓе, партии на кои им пречи Македонија да добива плусови“, изјави Шекеринска.
За време на дебатата за проектот „Скопје 2014“, Стоиљковиќ од собраниската говорница кажа дека Камениот мост, всушност, се вика „Душанов мост“. По ова, следуваше вербална расправија, во која според пратеникот од ДПС, Шекеринска му рекла „да си оди на Косово“. Таа, пак, тврди дека воопшто не го навредила. „Тоа се лаги и дезинформации на Стоиљковиќ. Никогаш, никаде и во никаков контекст не сум ги кажала зборовите што толку лесно ми ги налепи Стоиљковиќ. Се работи за бесрамна и безобразна лага. Се трудам да не барам политички контекст, заднина, но тоа е единственото што ми доаѓа на ум. Долго сум во политиката и никогаш не ми паднало напамет некому така да му се обратам“, вели Шекеринска. (О.В.) |
#
|
Статијата е прочитана 1139 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ????? |
Датум: 24.12.2010 12:29:38 |
|
Vlasta ili Crvenkovski? Vnimavajte, mnogu istaknati SDSM-ovci se "likvidirani" tokmu od Crvenkovski, a denes mnogu "klovnovi" od SDSM se vo "prvite redovi" vo SDSM, za da pravat cirkus, ne drugo,inaku Grujo nema da ima tolku "dignat" rejting. Svestete se narode. VMRO e kontrolirano od Latas, "neslaganjeto" Branko-Grujo e samo igra. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dance |
Датум: 24.12.2010 12:36:42 |
|
Sekerinska nikogas i nikoj ne ke moze da ja diskreditira i eliminira od politickata scena, zosto Taa sepak e najpametnata najjaka i najpocituvana zena politicar od Makedonija. Parlamentarnoto mnozinstvo preku svojot koalicionen satelit diskreditiran od svoite moze da ja razresi od ovaa funkcija, no nemoze da i go srusi ugledot i da i go negira pridonesot sto so n ejziniot nadcovecki trud go napravi za dobivanjeto na kandidatskiot status na Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 24.12.2010 12:47:41 |
|
Очигледно е дека г-ѓата Шеќеринска сама “си готви политичка елиминација со последните два настапи - во комисијата за европски прашања и во парламентот. |
|
|
|
|
|
|
Од: stipjanec |
Датум: 24.12.2010 13:35:01 |
|
e sega i Sekirinska dojde na red za eliminacija od strana na vlasta.. kako so pred edna nedela zaev go eliminiraa.. kako bese taa narodnata : so ke si posees ..toa ke si znees.. taka da ne im e kriv drug koga ne znaat so zborat i kade.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Logichar |
Датум: 24.12.2010 13:37:12 |
|
Za tie so kratko pomnjena, taa politichki se samolikvidira koga prifati da bide pretsedatel (marionetka) na SDSM. |
|
|
|
|
|
|
Од: Asan od Krivolaka |
Датум: 24.12.2010 14:49:34 |
|
Abre luge ta zarem ne znaete deka srbite (so mal isklucok) uporno mislat deka Makedonija e nivna banovina. Ovoj smilkovik e samo eden srpski eksponent koj postojano i pravi zlo na nasata drzava.
Ako Kameniot most e dusanov most, togas kako na srpski se vika plostadot Makedonija? Ova sto i go lepi na Sekerinska e skolski primer za negovite cetnicki pogledi. |
|
|
|
|
|
|
Од: dzanev |
Датум: 24.12.2010 15:56:30 |
|
Koj e toj Stoiljkovic? Toj anonimec li kje uspee nekogo da diskreditira? Abe aj neka si gi pakuva kuferite zaedno so drugarcinjata! |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojko |
Датум: 24.12.2010 18:51:43 |
|
Sekerinska e edna od retki pametni i odgovorni politicari i mislam deka bi bila odlicen premier. A Stoiljkovic ideoloski e dpmne-vec, t.e. ne e vistinski Srbin. A do "Asan od Krivolaka" - Ziv si nepismen: licnii imenki pisuvas so mali bukvi, a kamen most so golema? |
|
|
|
|
|
|
Од: d.t.a Kavadarci |
Датум: 24.12.2010 20:20:48 |
|
A jas ja smetav kako eden od poserioznite polticari no ispadna deka i taa bila ista kako nejzinite sopartijci, samo da go navredat covek bez sram. Pa preteraa ovie sdsmovcite. Zaev aj nekako se izvlece so negovata glupost, ama Sekerinska samata si navlece problemi so brziot jazik. |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Aristid praveden |
Датум: 24.12.2010 23:32:10 |
|
Стоилковиќ е претставник на една нација во Македонија од под чиј државнички шинел се и испили Р. Македонија. Што не се правите македонци во Бугарија или Грција. Таму таквото прашање е решено----нема ниту македонци ниту македонија. Само на Српскиот дел од Македонија постана држава Македонија и сега Србија ви не чини |
|
|
|
|
|
|
|
|