Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Пинг-понг со амбасадорите

Новоименуваниот амбасадор на Македонија во Стокхолм доби силни фалби од парламентарците на ВМРО-ДПМНЕ на презентацијата во парламентот, иако неколку месеци претходно истите тие го повлекоа од НАТО во Брисел по само две години мандат. Александар Николовски го оцени Илиоски како вонреден дипломат кој постигнал исклучителен успех во многу тежок период, по Самитот на НАТО во Букурешт, посакувајќи му исто такви постигнувања во Шведска со еуфорично барање - да донесе фабрика на ИКЕА во земјава.

Влатко Ѓорчев, пак, рече дека е дипломат со многу минат труд зад себе и со многу контакти, и кој секогаш работел во интерес на државата. Со тој став се согласи и Бучковски, кој изрази жалење зашто Илиоски и натаму не е во Брисел, а место него е испратен анти НАТО-амбасадорот Мартин Теневски. „Илиоски континуирано е во дипломатските претставништва и нема оправдување затоа што во подолг период го преместуваат од една земја во друга“, реагираше Бучковски, посочувајќи дека таков скратен мандат потрошил во Белград и во Будимпешта. „Зошто не им се дозволува на добрите дипломати да истраат цел еден мандат на позициите на кои се упатуваат“, праша тој, додавајќи дека од земјите се повлекуваат токму тогаш кога ќе стекнат контакти и има најголема корист од нивниот престој.

Глумењето наивност достигна врв овие два дена, па на забелешката на опозицијата дека новоименуваниот амбасадор во Тирана, Веле Трпески, нема ни минута искуство, од власта му порачаа дека било добро што се сомневаат во него, бидејќи тоа ќе му било мотив да работи дополнително, а добро било и тоа што доаѓа од администрацијата, а не од дипломатијата, зашто така ќе бил поттик за сите дека можат да станат амбасадори. Добро било и кога младоста ќе се споела со искуството (?), добро било и кога почесто ги ротираат амбасадорите од едно на друго место, при што Влатко Ѓорчев патриотски порача дека амбасадорите нема да ни ги избираат белградски „Борба“ и „Политика“.

Последна потврда за пинг-понг дипломатијата е рокадата на тројца амбасадори штотуку пратени на таа функција, односно заминувањето на Пајо Авирови�� од Израел за ОН, на Слободан Ташовски од ОН за Индија и на Петар Јовановски од Индија за Тел Авив. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 537 пати.

Испрати коментар

Од: Параскева
Датум: 24.12.2010 13:03:08
Има ли Илиоски име? Или за вас тоа не е важно!

Најди! во Утрински
На прво место
Ахмети ќе лови македонски гласови
Куќниот притвор кобен за двајца судии
Власта и' готви политичка елиминација на Шекеринска
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks