Број 2868  понеделник, 22 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Манчестер јунајтед нов светски првак!

Манчестер Ј. е новиот светски првак! Во финалето во Јапонија „бебињата“ славеа над еквадорскиот Кито со 1:0. Така Европа го доби својот втор првак, откако лани тоа го направи Милан, а во сите претходни изданија победуваа клубови од Јужна Америка.

Иако, тимот на Алекс Фегхусон стана првак со еден гол, сепак, во последниот меч немаше многу неизвесност. Јунајтед доминираше во текот на целиот натпревар, имаше поголем посед на топката и создаде многу повеќе изгледни шанси. Откако првиот дел заврши 0:0, во 49 минута Немања Видиќ го сруши Биелера, а потоа на тревата со лакот го удри во глава, па судијата оправдано го испрати во соблекувалната со директен црвен картон.

Разликата во квалитет беше, сепак, преголема па Јунајтед играше прилично добро и со фудбалер помалку. И кога Мансо пропушти да реалзира две добри шанси, конечно по бројни промашувања тоа го направи Вејн Руни. Во 73 минута Роналдо го проигра Руни, а англискиот репрезентативец со прецизен удар ја донесе титулата.

Сем Алардајс ја прекина црната серија на Блекбурн



Дека во теоријата за позитивен шок по смена на тренерите има нешто вистина веќе покажа Хари Реднап со доаѓањето во Тотенхем, а во саботата го потврди Сем Алардајс на клупата на Блекбурн. Само пред неколку дена Сем го замени Пол Инс и го одведе Блекбурн до првата победа по 11 првенствени кола.

За тоа на неговите фудбалери им требаа само 27 минути во кои постигнаа три гола, предност која ја задржаа до самиот крај прекинувајќи ја една од најцрните серии во историјата на клубот. Два гола постигна Бени Меккарти, а еден Џејсон Робертс.

„Би бил неискрен да кажам дека не беше перфектно. Одличен старт, но имаме многу долг пат за да ја реализираме нашата цел. Моите фудбалери покажаа дека можат да се натпреваруваат на ниво. Некој ќе каже: „Па игравте со Стоук“, но верувајте тоа е тим против кого е многу тешко да играш. Покажавме голем квалитет околу шеснаесетникот, а победата беше изградена со чистата глава на моите играчи“, изјави по мечот Сем Алардајс.

По изнедувачкиот бод против Ливерпул во гости 2:2, Хал на свој терен доживеа тежок пораз од Сандерленд 1:4. Тимот на Рики Сбраџи го преброди заминувањето на Рој Кин и ја запиша втората победа по ред и побегна од зоната за испаѓање. По само 10 минути игра Малбранк им донесе предност на гостите, но работите на нула ги врати Ники Бармби. Катастрофата на „тигрите“ се случи во последните десет минути. Најпрвин Ричардсон реализираше за 2:1, а потоа поради вториот жолт картон на Сем Рикетс Хал остана со 10 фудбалери. Гостите тоа знаеја да го искористат и со уште два гола на Џонс и на Сисе ја запечатија судбината на Хал.

Резултати од 18. коло: Блекбурн - Стоук 3:0, Болтон - Портсмут 2:1, Фулам - Мидлсборо 3:0, Хал - Сандерленд 1:4. Табела: 1. Ливерпул 38 (-1), 2. Челзи 37 (-1), 3. Астон Вила 34, 4. Манчестер Ј. 32 (-2), 5. Арсенал 30 (-1).....17. Вест Хем 19, 18. Манчестер С. 18, 19. Блекбурн 16, 20. ВБА 12


Статијата е прочитана 546 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
„Спортски оскар“ за Вели Мумин
Бекамови стигнаа во Италија, лудилото почна
Швајцарската Лара Гут го импресионира скијачкиот свет
Валуев ја задржа титулата, Холифилд се смета за победник
И Усеин Болт меѓу гледачите во „Бостон Гарден“
Ракометарите поминаа на лекарски, од денеска на Златибор
Првенства
Самарџиски и Илиевски победија, Гечевски загуби