Швајцарската Лара Гут го импресионира скијачкиот свет
Тинејџерката од Швајцарија, 17 годишната Лар Гут, се спушти прва по патеката во Сент Мориц и го оствари најдоброто време во втората супервелеслаломска трка сезонава.
Гут имаше несекојдневна можност од првата позиција да ги следи сите 30 скијачки како се редат по неа. На младата скијачка очигледно и годи домашниот терен, бидејќи минатата година со своите 16. беше петта на оваа патека. Ова е втор подиум во кариерата за Гут, но прва победа во Светскиот куп, а интересно првиот подиум исто така и беше во Сент Мориц лани во спустот, трето место.
За разлика од Гут, која сега е одлична деветта во вкупниот поредок, ова беше разочарувачка трка за Линдзи Вон, која промаши врата пропуштајќи да и се одлепи на Тана Путинаинен во генералниот пласман.
Ден по победата на Михаел Валхофер во спустот, вчера скијачите го извозеа и велеслаломот во кој славеше Даниел Албрехт. Иако, победи Албрехт приказната на денот беше хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, кој успеа од 12 место по првата трка на крајот да заврши како втор со само 12 стотинки минус во однос на победникот. Тоа за него е убедливо најдобриот резултат во кариерата во велеслалом!
Супервелеслалом (Сент Мориц)
1. Лара Гут (Шва) 57,38 сек
2. Фабиен Сутер (Шва) +0,63
3. Надија Фанчини (Ита) +0,87
Вкупен поредок
1. Линдзи Вон (САД) 438
2. Тања Путинаинен (Фин) 400
3. Марија Риш (Гер) 378
Спуст (Алта Бадија)
1. Михаел Валхофер (Авс)
2. Боде Милер (САД)
3. Мануел Осборн Парадис (Кан)
Велесалом
1. Даниел Албрехт (Шва) 2:32,71
2. Ивица Костелиќ (Хрв) +0,12
3. Ханес Ришелт (Авс) +0,33
|