Бекамови стигнаа во Италија, лудилото почна
Првата заедничка вечера во Милано за Дејвид и Викторија Бекам не донесе ништо ново. Огромен број фотографи и сниматели ја дочекаа славната двојка пред ресторанот „Да Џанино“, каде се дружеа со познатата водителка Симона Вентура.
Инаку, Дејвид Бекам требаше да одработи интервју еден на еден со сексапилната италијанска водителка на „Скај Калчо“ Иларија Дамико, но откако Викторија видела на интернет како изгледа Дамико му забранила на својот сопруг да го направи интервјуто.
„Ла Република“ извести дека интервјуто било однапред закажано, но дека во последен момент се смениле плановите исклучиво на барање на Викторија, па наместо тоа била договорена класична групна прес-конференција. |