Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Анализа

Ќе извлечат ли поука Македонија и Грција

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Хрватска и Словенија вчера го постигнаа она што Дора Бакојани реторички и' го нуди одамна на Македонија, односно „ниту победа, ниту пораз“ состојба околу спорот за границата, кој сосема ги скара двете држави и ја блокираше евроинтеграцијата на Хрватска.

Поедноставено, Загреб и Љубљана се договорија да се крене словенечката рампа за преговорите на Хрватска со ЕУ, а за возврат Хрватска да се обврзе дека до влегување во членство ќе се најде решение за граничниот проблем. Хрватска, исто така, ја призна состојбата на теренот на денот на независноста, односно прифати да не ја прејудицира границата ниту со еден документ, а Словенија за возврат се согласи на арбитража чии детали допрва ќе се утврдуваат.

Решението е симбиоза на предлогот на францускиот лидер, Никола Саркози, и на еврокомесарот Оли Рен, а успеа бидејќи првпат вака очигледно Брисел стави под ист притисок земја-членка и земја-кандидат, па оставени на бришан простор Словенија и Хрватска мораа да се договорат. Иако решението на границата, сепак, е далечна перспектива, ЕУ го постигна она што моментно и' беше најважно, а тоа е деблокада на преговорите со Хрватска и надвладување на прагматизмот место популизмот. Она што е интересно за нас е дека оваа политичка формула може да биде употребена и за спорот меѓу Грција и Македонија, со тоа што ние имаме рамка за преговори, па нема смисла да се бара ништо друго освен решение на спорот околу името на државата. ЕУ го урна, всушност, политичкиот слоган на Јап де Хоп Шефер дека „земја-членка и нечленка не се исто“, па иако во отворањето на спорот Словенија имаше привилегиран статус, во разврската двете земји се најдоа на рамноправен терен.

Иако јавно објавија дека немаат намера да се мешаат во билатералните спорови или да ги решаваат, сепак, Карл Билд и Оли Рен вршеа енормен притисок и со „стап и со морков“, да се откочи евроинтеграцијата на Хрватска, и индиректно на регионот. Таков „стап и морков“ најверојатно и' се подготвуваат и на Македонија, а ако се копира хрватскиот пример, нашата држава ќе добие препорака за преговори за членство што ќе почнат тогаш кога ќе се реши спорот, или во пооптимистичка варијанта - преговорите ќе почнат со услов во меѓувреме да се реши спорот.

Во првиот случај условот не мора ниту да се формализира, бидејќи одлуката за датумот само ќе се одложува поради немање согласност од сите земји, како што моментно ЕУ се справува со ветото за Србија околу ССА. Но, според искуството со поканата за НАТО, која беше многу попривлечна за нашата држава, а, сепак, речиси кренавме раце од неа и спорот не се разреши, ваквиот предлог нема да ги забрза драматично преговорите за името.

На Македонија и' одговара многу повеќе решение на долг рок, но прашање е дали тоа сега оди во прилог на Грција и на Брисел, бидејќи во меѓувреме ќе дојде пресудата на Хашкиот суд, која може да го к��мплицира проблемот. Хрватско-словенечкиот расплет сугерира дека Брисел ќе преферира брзо решение, пред се', поради замореноста од билатералните спорови, кои упорно се пролонгираат, а од година в година се побројни и ги врзуваат рацете на Унијата во однос на регионот.

 


#
Статијата е прочитана 961 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 12.09.2009 00:58:55
Sporot megju SL i HR e od sosema druga priroda otkolku megju MK i GR. Grcija nema da napravi pogolemi odstapki, a MK ako ne vleze vo EU kje se raspadne. Grcite ne predstavija pred Evropa, kako kradci na nivnata antichka istorija, a izgleda i deka se uspeshni. Eden Shvajcarec me prasha, kakva vrska imame so antikata, koga se shto e najdeno vo MK od antichki vreminja e zapishano na grchki ili latinski. Zaboraviv da mu kazham, deka nie tek sega kje grademe skulpturi od antichki vreminja so slavomakedonski natpisi.
Од: Goce
Датум: 12.09.2009 01:45:41
Samo vie novinarite i neokomunistickata sds gi poistovetuvate tie koi go pravat problemot, tie koi prifatija da igraat i tie koi se svesni zosto postoi problemot !!! Pouka treba grcija da izvlece , sigurno NE nie !!! Imame ime, problemot koj grcija go ima so naseto ime e poradi Egejskiot (Belo morskiot) del na Makedonija, koj e okupiran od grcija 1913 godina. Isto kako i Pirinskiot od Bugarija, koja doprvo ke ja isplati fakturata na grcija za priemot vo evropskata unija, bez nikakvi zaslugi Da zivee MAKEDONIJA
Од: MKD
Датум: 12.09.2009 02:18:46
Македонецот не го интересира *замореноста* на било кој преговарач за било каква промена на име, ниту пак *замореноста* на странците и ЕУ, а најмалку *замореноста* на нашиот јужен сосед. Битниот МОМЕНТ кој секој го заобиколува и игнорира е фактот што МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ЗАМОРЕН ОД ПРОДАВАЊЕ НА СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО!!! Заморен е од ПРЕГОВОРИ ЗА ПРОМЕНА НА НЕШТО КОЕ Е ДЕЛ ОД НЕГОВИОТ ИДЕНТИТЕТ И ДУША. Замореност постои да, но замореност од живеење во самозаборав наметнат од никој друг туку од тие кои се на позиции да се борат и лобираат, а не да продаваат и менуваат!!!
Од: pameten
Датум: 12.09.2009 06:12:53
EU bila sozdadena kako reshenie na sporovite megju nacionalnite drzhavi. Po 3 vojni Francija i Germanijastanale prijateli. Sushtinata na sporot so Grcija ima 2 dimenzii: Pravo i Vistina. Makedonija e vo pravo sama da si izbere imeto. Grcija e vo pravo da si ja zachuva svojata istorija. Mora samo da objavime ovo shto cel svet go znae, deka nashite 1000 godini se narekuvale Bugari, no po tezhka i tragichna istorija po 10 vek prifatile imeto Makedonci i site sporovi kje se rashat prekonokj.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 12.09.2009 07:06:56
Grcite imaat spremano edna niza tutunska prasanja za zabrana. Vednas treba da zaprat pregovorite soniv nema razbiracka . I nema potreba od razgovori ke ziveeme so onie 126 zamji sto ne priznale pod ustavnoto ime.
Од: saho
Датум: 12.09.2009 07:35:51
дали сакате навистина речение или ви е по важно да се опраљвда едно предавство кое според тогашните актери е проследено со огромни суми на пари.дали на словенците и хрватите им се одзема идентитетот дали им го сменија уставот дали им ја сменија историјата и за крај двете страни имаат предлог прифатлиф а македонија освен барањето грчко да се избрише нема ништо друго и невидената подршка од вас новинарите а зошто???????
Од: srebre
Датум: 12.09.2009 11:13:03
kaj mak i gr potpolno drugo vo prasanje grcija negira egejci a mak provocira za antika i pobaruva pola grcija ce se resi na sveti nikad so ovaa vlada.
Од: NATO-JATO
Датум: 12.09.2009 12:33:21
Bravo za komentarite , a dopisnickata svoeto ime da si go smeni i prezime ako saka!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.09.2009 13:25:09
Се сложувам со МКД да има замор на материјалот кај Македонците од пустите додворувачки потези кај поединци од опозицијата,банално е да се преповторува( знамето,уставот ,ми смета лагата за името од 2-3 месеци).Тоа се исти оние кој се клештеа во првото повеќепартиско собрание на споменот да се прават македонски пари,македонска армија,македонска спортска репрезентација се она што подсеќаше да треба да се тргнеме од прегратките на северниот сосед,па таков беше и насловот на референдумот за независност ,толку различен од сите бившојугословенски републики.Сега види перверзна еволуција во ставовите.
Од: karamanlisq
Датум: 12.09.2009 18:36:39
Kultiviran Balkanec ja svatil suštinata, bravo. Tek sega makedoncite gradat skulpturi antički i toa skapo go košta narodot od koi ne dobiva ništo sem što se osiromašuva ušte poveće, živee po lošo. Toa e cenata na antikizacijata. Gluposti.
Од: Donald Duck
Датум: 13.09.2009 09:55:07
Spored sodrzinata na predhodnite komentari, po se izgleda deka kje skapeme izolirani, terajki inat na cela EU i NATO. Grujo gi izlaza negovite glasachi deka nas ne ni trebaat EU i NATO (sto i nego i na familijata lichno im odgovara - nema kontrola na grabezot sto go pravat), so populistichki trikovi za polupismeni lugje. Od druga strana ni EU bas ne e nesto mnogu zainteresirana za nas, gledajki sto divo pleme sme. Hrvatska i treba na EU, i zatoa imaat otvorena poddrska od Germanija i Avsrtija. Nie od kogo imame poddrska? Od nikoj, komsiite samo sopki ni stavaat, a i Vladata nasa, sama sopki si stava. Dodeka ovaa Blada pravi se za da ne vlezeme vo EU i NATO, nikoj nemoze da ni pomogne....
Од: Mene do Vas
Датум: 13.09.2009 10:27:34
NE ! Ovde se raboti za GENOCID nad Makedoncite vo okupiraniot del na Makedonija od Grckite neonacisti Blagosloven od EU.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Популистичките мерки мирисаат на предвремени избори
„Добитникот“ Ставрески!
Херцог одликуван со орденот „8 Септември“