ЏОН ТРАВОЛТА
Спиел со најмалку шест мажи?
Роберт Рандолф, автор на контроверзната книга „You'll never spa in this town again“, по шпекулациите за хомосексуалната природа на Џон Траволта, сега наведува дека веќе му се јавиле мажи што тврдат дека имале секс со холивудскиот актер или, пак, некои од нив зборуваат дека го виделе како разменува нежности со машки личности.
„Воопшто не се сомневам дека Траволта е зависник од секс. Ми се јавија повеќе мажи, кои отворено ми кажаа дека воделе љубов со актерот, но имаше и такви што тврдат дека ги гледале сексуалните авантури на Траволта во сауни, соблекувални и бањи. Добив толку многу материјал што веќе почнав да пишувам и втора книга, на која ќе и' дадам наслов „Следејќи го Траволта“, рече Роберт Рандолф за американскиот магазин „Нешенел енквајр“. Тој додаде дека му се јавиле најмалку шест мажи што можат да ги потврдат хомосексуалните излети на 56-годишниот Траволта, а во иднина очекува нивниот број да се зголеми. По се' изгледа дека овие наведувања на Рандолф најтешко ќе ја погодат бремената сопруга на актерот, 47-годишната актерка Кели Престон.
„Ова е пекол за нив, особено затоа што таа е бремена. Се обидува колку што е можно подостоинствено и посмирено да се справува со сето ова. Моментно е најважно да роди здраво дете“, рече извор близок на парот. |