МАЈКЛ КЕЈН
Ги предвидел терористичките напади над САД
Британскиот актер Мајкл Кејн ги предвидел терористичките напади во Њујорк во 2001 година, во романот што го пишувал пред самиот настан, објави „Би-Би-Си њуз“. „Имав заплет во кој група терористи со авион удираат во облакодер во Лондон. Подоцна го направија тоа и во вистинскиот живот. Бев шокиран, па решив да престанам да пишувам“, кажа актерот. Во интервјуто што го даде пред објавувањето на автобиографијата „Елефант ту Холивуд“, 77-годишниот Кејн откри дека се надева на објавување на својот роман и тоа пред 80. роденден во 2010 година. „Таа книга ќе биде трилер за тероризмот. Ќе биде наменета за мажи. Нема да претставува значајно литературно остварување“, додаде двојниот оскаровец.
Кејн годинава глумеше во футуристичкиот трилер „Почеток“, што е негова четврта соработка со британскиот режисер Кристофер Нолан. Актерот кажа дека ќе му посвети повеќе внимание на романот откако ќе го заврши „Бетмен“, алудирајќи на потенцијалното продолжение на хитовите на Нолан „Бетмен почнува“ и „Мрачниот витез“. Кејн во двата филма го портретираше батлерот Алфред. „Зафатен сум во наредните три години. Кога ќе завршам со обврските ќе имам 80 години и тогаш ќе можам да се пензионирам“, додаде тој. Инаку, од з��вчера почна официјалната продажба на автобиографијата „Елефант ту Холивуд“. |