Шерил Кол
Половина час на црвен тепих за 250.000 фунти
Тешките времиња се зад Шерил. Покрај преживеаната маларија, поради што беше на работ на смртта и поради болниот развод, веднаш се фати за работа и ја претстави новата колекција на гламурозниот накит на забавата во центарот на Лондон. Тоа беше нејзино прво појавување во јавноста по пребродувањето на тешката болест, каде што сите се согласија дека Шерил изгледа блескаво. Поводот за забавата беше лансирање луксузен накит. За само половина час на црвениот тепих Шерил заработи 250.000 фунти, па затоа не е ни чудо што токму таа забава ја одбра како повод за нејзиното враќање. Појавувајќи се во ресторанот „Набу“ во центарот на Лондон, Кол го изведе својот прв настап по три месеци. Шерил беше облечена во асиметричен фустан од дизајнерката Елие Саб и со голема насмевка велеше дека тешките денови се зад неа. Иако за неа минатата година беше навистина тешка, Кол го зголеми своето богатство за 6 милиони, а се врати и на малите екрани во „Икс-фактор“. |