ЕУ не го сака Александар Лукашенко на своја територија
БРИСЕЛ - Европската унија ќе најави забрана за визи и замрзнување на имотот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, јавуваат дипломатски извори. Мерките што ќе ги усвојат министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник, исто така, ќе важат за околу 160 негови претставници.
Лукашенко остана на власт по спорните избори во декември, а четворица кандидати на опозицијата, уапсени по гласањето, се' уште се во притвор. Санкциите ќе бидат спроведени за претставници „кои учествувале во репресијата“ по гласањето, изјавија дипломатските извори за Би-Би-Си.
Во периодот пред претседателските избори беа приведени повеќе од 600 луѓе, меѓу кои седуммина од кандидатите, по протестите поради, како што истакна�� меѓународните посматрачи, лажираното гласање. Припадници на специјалната полиција го растурија митингот на неколку илјади луѓе на Плоштадот на независноста во Минск. Санкциите против лидерот на Белорусија прв пат беа воведени во 2006 година по последните претседателски избори, но забраната за патување беше суспендирана две години подоцна, во обид да се поттикнат реформи. (Би-Би-Си) |