Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Втора страница

Балканот во ЕУ за десет години

ЊуJорк - Словенечкиот претседател, Данило Тирк, изјави дека за десет години сите земји од Балканот ќе бидат членки на Европската унија и нагласи дека европската перспектива на Србија е зајакната по апсењето на последниот хашки бегалец, Горан Хаџиќ. Тој нагласи дека е добро што стратегискиот правец на регионот е јасно дефиниран и додаде дека Европа не може да остави „црна дупка на своја територија“. 

„Секако, има тешкотии, но знаеме каде треба и каде оди целиот регион. Знам дека постои значителен замор од ширење, но нема смисла да имаме црна дупка среде Европа“, рече Тирк.

Тирк истакна дека подоцна во текот на годинава Србија ќе добие статус на кандидат за членство во ЕУ и, можеби, датум за почеток на преговори. Тој потсети дека Црна Гора, која доби статус на кандидат во декември, се очекува во Унијата да влезе во 2015 или во 2016 година. „Босна има внатрешни проблеми, но доколку сите околу неа влезат во ЕУ, неминовно и тоа ќе има позитивно влијание и врз БиХ. Истото тоа важи и за Македонија“, додаде Тирк. (МИА)


#
Статијата е прочитана 701 пати.

Испрати коментар

Од: Gavran
Датум: 23.07.2011 03:33:12
Naucna fantastika, koja EU po deset godinai? EU e vo finasisko raspaganje - isto od koe Slovenija izbega od exYu. Sega e prasanje sto ke ostane od EU i koj ke saka da vleze vo raspadnata zaednica. Sete se kolku inflacija izede Makedonija vo exYu zaradi aramiski deluvanja na Slovenija, Srbija i Hrvatska. Zarem vo ista govnarija ke sakame da se vratime? Makedonija na Makedoncite!
Од: Vancho
Датум: 23.07.2011 22:56:09
Ami site tije ke si Propadnat i ke se rasturat i nema da opstane EU i NATO zashto sakaat da kontroliraat sve Ekonomija i Religija a glavniot tajni Zapovednik vo pozadina je Vatikan so svojata prljava Politika.

Најди! во Утрински
Втора страница
Антимакедонската резолуција помина во Вашингтон
Лажно поевтинување
Попоски се прогласи за министер пред изборот
Вербатим

"""