|
|
|
|
|
|
Попоски се прогласи за министер пред изборот
Уште пред формално да се изгласа новата влада, Никола Попоски на „Фејсбук“ стана министер за надворешни работи на Македонија. Веќе со полна пареа работи страницата на „Фејсбук“ - „Никола Попоски - министер за надворешни работи“, каде што може да се видат неколку официјални слики од неговата досегашна работа во ЕУ, датумот на раѓање без некакви официјални податоци за образованието и неговото досегашно работно искуство. Страницата редовно потсетува дека не треба да се испушти собраниската седница на 27 јули на која ќе се гласа новата влада. Бројот на фановите засега е малку повеќе од 400, а секојдневно се множат коментарите со кои му честитаат за новата функција и му оставаат аманет како да се справи со спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Од Министерството за надворешни работи велат дека конкретната страницата не е официјалната „Фејсбук“ страница на новиот шеф на македонската дипломатија. Планирано е откако тој ќе го преземе кормилото на МНР, да се изработат негова официјална „Фејсбук“ страница и „Твитер“ профил, преку кои јавноста ќе може да се информира за неговите официјални активности.
Останува да видиме дали Попоски ќе остане на официјална страница што ќе ја уредува МНР или, пак, ќе тргне по стапките на неговиот претходник, Антонио Милошоски, кој беше секојдневно активен и преку личниот „Фејсбук“ профил. Министерот во заминување, Милошоски, преку личниот профил, кој е отворен за сите, се обидуваше да има еден понароден карактер со лични, поедноставни, неофицијални коментари за неговите министерски посети и средби, слики од официјални посети и лични патувања, преписки и коментари од граѓаните, како и личната исповед дека се повлекува од позицијата шеф на македонската дипломатија за да му се посвети на семејството. (Н.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1509 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: canko vaganar |
Датум: 23.07.2011 08:56:10 |
|
"Koga si igras so detence treba da vnimavas kade go stipkas ..ke go fatis za copceto toa vednas te fati , kade sto ne treba" decurlana ministri koga bilo bre pa uspesno zavrsilo.Uste ne skoknal pa vika op,toj misli deka e ova mal fudbal na golcinja..Si otvoril stranica fb detuleto nadrobija deka negovoto CV vo najmala raka e na nobelovec.Za 30 godini postignal poveke nego princot Hari...Samofalbi i lagi do bez svest vo stilot kako dosega.....taskoviki samaci...i se takvi stranski studenti goamiti so visoki proseci a tie sado mijaci vo nekoj hotel...ama tuka gi donesat gi kacat na visok piedestal...da ne mozes da proveris sto e vistina....a rezultatite od nivnata rabota nikakvi .kolku gi ima takvi eden bulnuk od ministri do privlekuvaci na stranski investiciii....ne biva bre i od ovoj ne biva nisto .Uste ne pocnal on laze... |
|
|
|
|
|
|
Од: Leroy |
Датум: 23.07.2011 09:06:23 |
|
Vidovit deckovo, nema sto. Kako toa da e slep za okupacijata na Makedonija od grcistava. |
|
|
|
|
|
|
Од: tragedija |
Датум: 23.07.2011 10:26:42 |
|
ovoj prethodniot si go nosese deteto na sostanoci i mu davase da jadi bebi-papa. ovjo ne e cudo da dojde so koficki i so pesok od kaj koce kakabana. mozi id pobara da cica. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 23.07.2011 10:59:46 |
|
Ne kritikuvajte koga malo dete kreativno si igra ,proglasetego Napredno Dete |
|
|
|
|
|
|
Од: Trpe od Tripatanci |
Датум: 23.07.2011 10:59:49 |
|
Ete, i Gospod Bog, po koj znae koj pat ni go pokazuva svoeto postoenje.Pak ne kaznuva, nebroeno pati za ovie 6 godini! |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 23.07.2011 12:51:49 |
|
Narcisoizam,karierizam i lazni vrednosti!Epilog-mracna
perspektiva za mladata populacija i tivko umiranje od
GLAD na golem del od povozrasnite! |
|
|
|
|
|
|
Од: Vodno |
Датум: 23.07.2011 13:48:00 |
|
Ne se sekirajte, toj se otkaza od sopstveniuot tatko i go smeni prezimeto od Teofilovski vo Popovski, za imeto nema problem, deca vo politika.... |
|
|
|
|
|
|
Од: Коста Стоименовски |
Датум: 24.07.2011 09:51:55 |
|
На почетокот Ти го честитам именувањето, а однапред и назначувањето за МНР и Ти посакувам многу среќа и успех во работата. Внимавај не се истрчувај со еуфорични и нереални ветувања. Твојот нарцисоиден претходник ветуваше „отворена дипломатија“, даваше големи пари на разни „светски марки“ за текстовите што ги објавуваше во списанието (ако добро се сеќавам) „Крос Роудс“ и слични самореклами. Потоа се се сведе на гола пропаганда за неговите стерилни дипломатски активности. Фотографии, средби, посети на разни светски метрополи, а, на надворешно-политички план, ја уназади и ја „закопа“ Македонија на опачката на балканската политика. Со себе редовно водеше фотограф и новинари, трошејки огромни народни пари за лична промоција од странство!!! „Копирај“ го примерот на српскиот МНР, Вук Јеремиќ. Неуморно патуваше по цел свет, без фотографи и новинари и кога ќе постигне некој конкретен резултат настапува на јавниот сервис, СТВ и ги информира гледачите за истите. |
|
|
|
|
|
|
|
|