|
|
|
|
|
|
Поглед
Лажно поевтинување
Соња Маџовска
Зелениот картон ќе биде поевтин. Но, ако сакаме да патуваме во странство, ќе мораме да платиме единствена цена од 60 евра за цела година, а не меѓу 40 и 160 евра, како што беше досега. Ќе нема веќе опција зелен картон за еден, три, или за шест месеци, кои беа и поевтини. Најчесто македонските граѓани купуваа токму таква зелена карта за еден месец, која се' уште чини 2.450 денари.
Ова ново решение ќе биде исплатливо само за транспортерите и за мал број граѓани што купуваат картон за цела година, кој сега чини 9.840 денари. Тие ќе плаќаат дури 100 евра помалку.
Добрата вест е што ќе поевтини зелениот картон наесен. Лошата е што граѓаните ќе немаат избор и што најверојатно ќе поскапи и регистрацијата на возилата. Најстрашно ќе биде ако при регистрацијата ќе мора да се платат на гладно срце уште плус 60 евра за зелен картон, а можеби никогаш автомобилот нема да излезе надвор од земјава.
Работата излезе, еве ви го предизборно поевтинување, па на кого му одговара - нека повели. Новата Влада ќе ја разгледува оваа опција на првата седница, некаде во август, а таа би стапила во сила од септември, евентуално октомври.
По се' изгледа, од ова решение најмногу ќе се офајдат, сепак, само осигурителните компании. Додека нашата Влада две години преговара со осигурителниот бизнис и на крај ја спушти навидум цената на значајни 60 ев��а, Србите веќе го укинаа зелениот картон. Тој таму чини 0 динари. Граѓаните коментираат, ако власта не може математички да се надитрува со осигурителните компании, нека распише тендер за консултант.
Чекајќи ја новата опција за зелен картон од 60 евра, и летово ќе се возиме во странство по стара цена. Оваа вест сега е подобра од онаа дека картонот ќе поевтини. |
#
|
Статијата е прочитана 1849 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Zelena odluka |
Датум: 23.07.2011 09:23:04 |
|
Ova e sramna odluka, da ludjeto koi voopsto ne patuvaat so svoite vozila vo stranstvo, pri registracija im go placaat zeleniot karton na onie koi se setkaraat po biznisi i sopinzi vo stranstvo. Ovaa odluka esramna i nezakonska. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vinci |
Датум: 23.07.2011 10:33:49 |
|
Sogragjani i soselani, Vie sto go dadovte svojot glas za staronoviot nenaroden rezim, da Ve potsetam ako imate kratko pametenje, bidejki pred neceli 2 mes. vo predizborieto DPMNE VETUVASE deka duri i od letovo ke poevtini zeleniot karton, a sega vidi bogati, izleguva deka site od septemvri pri registracija ke go plakame istiot. Ovaa opcija se razbira najmnogu ke im odgovara samo na tie sto postojano patuvaat vo stranstvo.E pa neka im tekne pretezno na zemjodelskata i penzionerska populacija,cija verojatnost da gi preminat granicnite rampi e zero, za kogo ke plakaat povisoka cena pri registracijata,a ocigledno i malku ke im bide!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: milko |
Датум: 23.07.2011 12:45:10 |
|
malku cinicna e vasata statija.sekoja zemja se zastituva taka i nasata.spomnuvate samo setalcina a gi zaboravate biznisot imoznostite za barane i prosiruvane pazar,reklamirane,promovirane i sl.Toa sto srbija gi ukina zel.kartonite e vnatresna poli.na zemjata i ne treba da ne zamara. |
|
|
|
|
|
|
Од: ставре гевгелија |
Датум: 23.07.2011 16:57:13 |
|
Море марш таму! Сега и ова не ви чини. Подобро беше кога плакавме 150 евра. Па една од причините за бугарските таблици беше и таа. И немојте да ширите дезинформации. Зелен картон ке купува само тој што сака а поскап е од досегашниот месечен за 1200 денари. |
|
|
|
|
|
|
|
|