Г.г.Стефан ја посети Општина Аеродром
Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, вчера се сретна со заменик-градоначалникот на Аеродром, Југослав Зибероски и разговараше за доизградбата на црквата „Свети пророк Илија“ за да може овој православен храм да биде осветен на празникот Илинден. Покрај тоа, се зборувало и за почетокот на изградбата на најголемиот православен храм во Општина Аеродром, црквата „Свети Кирил и Методиј“ што треба да се гради на раскрсницата меѓу булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“. Се очекува камен-темелникот на овој објект да се постави во текот на август или почетокот на септември годинава. (В.Д.)
|