Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Општина Сопиште нема да дозволи да пропадне проектот „Сончевград“

Ќе се бара согласност од „Водовод“ и од Градот населбата да се приклучи кон градскиот водовод

Општина Сопиште нема да дозволи водоводот „Патишка Река“ и проектот „Сончевград“ да пропадне поради несогласувањето на жителите од истоименото село за изградба на водоводот. Ќе бара алтернативно решение, односно, согласност од ЈП „Водовод и канализација“ и Градот Скопје за приклучување кон градскиот водовод. Фирмата што ќе го гради Сончевград се' уште ги подготвувала проектите за инфраструктурата, а ДУП за Сончевград, откако е доработен во Општината, чека на мислење во Министерството за транспорт и врски.

Првиот човек на Сопиште, Љупчо Мицковски - Кец вчера нагласи дека општината презела одредени обврски во изградба на водоводот, но поради се' што се случуваше во изминатиот период, ќе се бара алтернативно решение. Според градоначалникот Мицковски, ова се прави со цел да не пропадне еден ваков капитален проект, за чија реализација се појавија низа проблеми, пред се', поради тоа што општината нема поддршка од државата.

„Фирма се' уште ги подготвува проектите за инфраструктурата на Сончевград, за патиштата и архитектурата на објектите што треба да се градат во населбата. Тие не и' се доставени на општината, бидејќи има проблеми и во катастарот. ДУП за Сончевград ни беше вратен на доработка и сега е во Министерството за транспорт и чека мислење. Најмногу забелешки имаше во врска со катастарот. Геодетските подлоги беа стари, а последниот премер на катастарот бил направен во 1963 година, па изработката на ДУП беше водена според тој премер. Затоа имаше разлики поради што мораше одново да се премери локацијата“, рече вчера Мицковски.

Сега на потег е Министерството да даде мислење, а деновиве во Советот на општината ќе започне постапката за донесување на планот. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 255 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Дел од чешмите во центарот немаат вода за пиење
В недела и в понеделник ќе се прска против комарци
Г.г.Стефан ја посети Општина Аеродром