Автомобили
„Ауди А-6“ лидер во класата
Новата А-6 на „Ауди“ ја продолжува зацртаната патека на производство на премиум модели, лидери во класата
Владимир Ристовиќ
Според традицијата, поголемиот дел од каросеријата на новата лимузина е направена од алуминиум во „симбиоза“ со напреден челик, што ја прави многу лесна, но наспроти тоа, ригидна и цврста. Напредни постапки во конструкцијата, како и примената на напредни материјали го потенцираат современиот и елегантен дизајн, а притоа е обезбеден висок степен на изолација со што бучавоста во кабината е сведена на минимум.
Од Ингчштат веќе официјално го потврдија лансирањето на новиот редизајниран „ауди А-6“ што би требало да стане лидер во бизнис-класата. На тој начин продолжува успешниот марш на нови модели од компанијата. По новите „А-8“, „А-1“ и „А-7 спортбек“, сега доаѓа и новиот „А-6“. Како што јавуваат од „Ауди“, во почетокот на идната година на пазарот прво ќе се појави „А-6 седан“ , по цени што во Германија ќе почнуваат од 38.500 евра (за изведбата „А-6 2,0 ТДИ), а подоцна ќе пристигне и карванската „авант“ каросериска верзија.
Новиот „А-6“ го краси современ изглед (инспириран од „А-7“ и „А-8“ моделите). Новата бизнис-лимузина има подобрено управување, повеќе комфор, пространа внатрешност, помала потрошувачка (до 19 отсто) и намалена емисија на јаглероден диоксид, унапредена безбедност...
Новиот „А-6“ е растегнат во должина на 4.92 метри, во широчина на 1.87. а висок е 1.46 метри. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.91 метар, што е гаранција за комфор, додека капацитетот на багажникот изнесува 530 литри.
Како што спомнавме на почетокот, поголем дел од каросеријата е направен од алуминиум и од напреден челик. Бенефитот од тоа е помала маса, а цврста и безбедна каросерија.
Новото „ауди А-6“ е пример на ергономија. Се' е логично поставено, прегледно и едноставно за ракување. Клима-уредот е автоматски и со зголемена ефикасност. Како дел од сериската опрема е и најновата генерација на ММИ радио. Во дополнителна опрема кај новиот „ауди А-6“ се добива и „хед ап“ дисплеј на предното стакло, што ја зголемува прегледноста и безбедноста. Од друга опрема, треба да се спомнат и системите: „актив лајн асист“, „парк асист“, „старт-стоп“, „гугл еарт нави“, ЛЕД-светла, двоозонски клима-уред.
Моторизацијата ќе биде составена од пет моќни но економични и „чисти“ агрегати, два бензински и три ТДИ-мотори. Овие агрегати се со сила меѓу 177 КС и 300 КС, и сите имаат голем број иновативни технолошки решенија. Во зависност од верзијата на моторот, силата се пренесува на предните тркала или на кватро, постојаниот погон на сите четири тркала.
За 2011 година е најавена и хибридна верзија на „А-6“ што ќе има дволитарски ТФСИ бензински мотор со 211КС, плус електромотор со 45 кС, што ќе се напојува од литиум јонски батерии. Хибридот ќе биде вкомпониран со 8-степен типтроник менувач. Според фабрички податоци, „А-6 хибрид“ има просечна потрошувачка од 6,2 литра на 100 км, испушта
142 грама јаглероден диоксид на еден изминат километар. Постигнува максимална брзина од 238 км/ч, а до 100 км/ч забрзува за 7,3 секунди. Само на електропогонот може да се движи до брзини од 100 км/ч и само на делница долга до 3 км.
„Хонда“ подготвува CRZ Tajp R
„Хонда CR-Z“ моментално располага само со 1.5-литарски хи��риден агрегат со 112 KS, но од овој реномиран јапонски производител навестуваат специјално изненадување во врска со погонската единица. Имено, веќе на големо се шпекулира дека во „Хонда“ веќе имаат на располагање нов 1.6-литарски турбомотор, кој би доаѓал во две изведби, помоќна и послаба. Послабата изведба на о��ој агрегат би располагала со моќ од 162 KS, додека, пак, се очекува помоќната верзија да располага со 203 KS.
Се очекува пристигањето на CR-Z Tајп R моделот, според најавите од фабриката, да се случи во текот на наредната година.
Ова е добра вест за приврзаниците на јапонската марка, бидејќи „хонда“, поради новите законски регулативи во Европа, беше принудена да прекине со продажбата на „Сивик тајп R“ моделот со 2.0 литарски атмосферски агрегат. Приврзаниците на овој модел очекуваат новиот агрегат од CR-Z да се најде и во следната генерација на „Сивик тајп - R“ моделот, но, исто така, и во останатите модели од ергелата на „Хонда“: „џез“, „сивик“ и „акорд“.
Јапонска премиера на „тојота јарис/витз“
Jапонската верзија на новата генерација на „тојота јарис“, која во Јапонија е позната под името „витз“, официјално ќе биде претставена на 22 декември годинава.
Се' уште не се знае точниот датум на лансирањето на новата генерација на „јарис“ на европскиот автомобилски пазар, но се предвидува дека европската верзија ќе има официјално промовирање на Салонот за автомобили во Женева, во март наредната година.
И двете изведби на малиот градски автомобил на „тојота“ нудат голема економичност, бидејќи моделов, опремен со бензински агрегат со зафатнина од 1.300 кубни сантиметри и старт-стоп системот во просек троши 3,8 литри бензин на изминати 100 километри, при што испушта 88 грама CO2 на еден изминат километар.
„Дачија“ со лимузина до 2014
Најрано до 2014 година, „Дачија“ би требало да ја добие првата лимузина што ќе се базира на моделот „рено летјитуд“. Причината е одлуката на „Рено“ исто така во 2014 година на пазарот да ја понуди реинкарнацијата на „вел сатис“, кој не беше многу успешен и се произведуваше и се продаваше од 2001 до 2009 година.
„Летјитуд“, всушност, е преработен „самсунг“ наменет за европскиот пазар, па бидејќи не може да биде предводник на сите модели на „Рено“, ќе биде препуштен на „Дачија“. Новиот „летјитуд“ нема да има толку многу опрема, па и почетната цена ќе му биде на „разумно ниво“ почнувајќи од 15.000 евра. Автоматската клима ќе биде заменета со рачна, а наполно ќе се исфрлат ксенонските светла, автоматската паркинг-сопирачка, електрични местење на седиштата.
„Летјитуд“ со знакот на „Дачија“ ќе користи бензински мотори во распон од 90 до 140 КС, односно дизелски агрегати од 85 до 130 КС
„Порше Македонија“ прослави пет успешни години
Кога пред пет години настапи на автомобилскиот пазар во Македонија, компанијата имаше цел да го стабилизира пазарот што традиционално добро ги прифаќа возилата со знакот на „Фолксваген“. Но, тоа беше првиот чекор. Динамичниот развој го наметна и проширувањето на понудата со моделите од програмата на комерцијални возила на „ФВ“, потоа со престижниот „ауди“ и на се' поприсутната „шкода“ на македонскиот пазар. „Пореше Македонија“, со визија, неисцрпна енергија и огромен труд и посветеност на сите вработени во компанијата се наметна како важен и еден од водечките фактори на домашниот автомобилски пазар, со 20 проценти учество во пазарниот колач.Големиот успех е дело на
пет тима што ја сочинуваат „Порше Македонија“. Последен, но не и по значење, туку по редоследот на оформување е тимот на „Порше лизинг“.
На роденденската прослава се' беше во знакот на бројот пет. Свечената вечер во „Метрополис арена“ на Скопски саем, „Порше Македонија“ ја круниса со две седумки. Моделите „пасат Б7“ и „ауди А7“. Станува збор за најновите членови на големото семејството на модели на „Фолксваген“ и на „Ауди“.
- Заедно со вас успеавме да го направиме неверојатното - да создадеме визии, да поставиме цели, да направиме реалност од вашите желби. И постојано се трудевме да ги пресретнеме очекувањата. Со вашето задоволство како инспирација, ние сплотени како еден, посегнувавме подалеку отколку што мислевме дека ќе достигнеме, а потоа достигнувавме уште повеќе отколку што можевме да замислиме – изјави на свеченоста по повод јубилејот Златко Муцунски, генерален директор на „Порше Македонија“.
„Брабус ултимате R“
Во задниот дел на „брабус ултимате R“ базиран врз сериската изведба на смарт фот –ту е сместен агрегат „набилдан“ на 112 KS и со највисок вртежен момент од 150 Nm ослободен меѓу 3.300 и 3.900 в/мин. Во споредба со серискиот модел, значително е скусено времето на промена на префрлање од понизок во повисок степен на пренос на силата, a спортскиот впечаток е потенциран и со управувачкото тркало со дијаметар од 32 сантиметра. „Брабус ултимате R“ од место до 60 км/ч забрзува за 3,9 секунди, a до „стотка“ за 9,5 секунди. Заради безбедност, максималната брзина е електронски лимитирана на 170 км/ч. Издувните цевки се направени од челик што не кородира, a на опашот од автомобилот се светнати две здувни цевки, колку за поуверлив спортски впечаток, но и за добивање спортски звук.
|