Дебора Хари
Успешно бегство пред сериски убиец
Американската пејачка Дебора Хари (65) од групата „Блонди“ тврди дека едвај успеал да побегне од автомобилот на еден од најпознатите сериски убијци Тед Банди, пренесуваат британските медиуми.
Средбата, која можела да биде кобна за пејачката, се случила во 70-тите години на минатиот век, кога таа ја прифатила понудата на Банди да ја превезе. Брзо откако влегла во автомобилот, помислила дека нешто не е в ред, зашто видела дека нема брави од внатрешната страна на вратата.
„Се наежив. Ја отворив вратата преку прозорецот од надворешната страна. Тој се обиде да ме запре, така што го сврте автомобилот, но тоа ми помогна да излетам надвор“, раскажала Деби Хари.
Подоцна таа го видела Банди на Вести и сфатила дека можела да стане жртва на еден од најпознатите американски убијци и силувачи.
Тед Банди е убиен во 1989 година, на електричен стол, кога имал 42 години. Тој, по многу години негирање, признал повеќе од 30 убиства, извршени меѓу 1974 и 1978 година. Банди бил обвинет за силување и некрофилија, а се претпоставува дека имало повеќе жртви од тие што ги признал.
Дебора Хари со групата „Блонди“ ги имаше хитовите„Кол ми“, „Денис“, „Харт оф глас“ и „Марија“, а има и успешна кариера како соло-пејачка. |