Ги украле парите од „Тинекс“, па ги фрлиле кај вратата
Двајца разбојници со закана од пиштол го ограбиле маркетот „Тинекс“ во скопската населба Карпош, нападнале еден од вработените, а потоа при бегство ги фрлиле парите на влезот. Кражбата, според информациите од МВР, се случила завчеравечер околу 21,30 часот. Еден од разбојниците, вооружен со пиштол, застанал на влезната врата, додека другиот од касите го собрал сиот дневен промет. Во еден момент до нив се доближил еден од вработените, при што настанала турканица и крадците го удриле со тупаница по главата. Потоа разбојниците го напуштиле маркетот, а украдените пари ги фрлиле на влезната врата. Полицијата трага по крадците. (Х.Р.) |