Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Вељановски: Македонија ги прележа детските болести на парламентаризмот

„Како претседател на Собранието сум задоволен од она што е направено во овие три месеци“, оценува Вељановски

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски во празничното интервју за Македонско радио вели дека Македонија во изминатите 17 години независност има направено коренити реформи во сите сфери. Повторно се вратени приватната сопственост, пазарната економија, воведен е правен поредок кој се темели врз човековите права и слободи и принципите на политичкиот плурализам како основа на демократијата и е создадено солидно цивилно општество. За тоа кои се најголемите успеси, односно грешки во изминатиот период, тој вели дека за него најголема грешка е моделот на приватизација што се спроведе кај нас.

„Мислам дека една од причините за лошата економска состојба и за големиот број невработени е моделот на приватизација што го избравме. Има примери, како што е Словенија, која врз основа на добра приватизација создаде силен економски систем“, истакна Вељановски.

За развојот на парламентаризмот и парламентарната демократија во земјава, тој вели дека за 17 години одредени детски болести во почетокот ги надминавме и имаме создадено традиции што треба да ги негуваме и надградуваме, затоа што во еден парламентаризам некогаш се создаваат принципи кои ќе бидат практика и во иднина. За работата на актуелниот состав на Собранието, тој вели дека од сите институции парламентот е најтранспарентен во својата работа.

„Како претседател на Собранието сум задоволен од она што е направено во овие три месеци. Мислам дека најголем успех е фактот што успеавме да одблокираме стотина закони кои беа заглавени во претходниот парламентарен состав, што беше и една од основните причини зошто и се распушти претходниот состав“, рече Вељановски, кој за хармонизацијата на македонското со европското законодавство рече дека „својата задача ја имаме исполнето“. (Св.У.)


Статијата е прочитана 258 пати.

Испрати коментар

Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 09.09.2008 11:26:22
У Америку, научници открили како човек, употребљава само 10 насто од свој МОЗАК. Кад сам прочитае изјаву нашег преседника Парламента к’ко биу ЗАДОВОЉАН на рад парламента у задња ТРИ МЕСЕЦА, јасно ни станае и мене и на бабе секуличке, дека наш Трајко и негова братија не користе ни 1 посто. А што и да га користе к’д нису америкаци и никад нема да бидев по памет...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Уставниот суд преплавен со оспорени закони
Тачи не е загрижен поради одлевањето на членството
Стразбур ќе решава за сопственоста на „Градиште“
Холбрук ги повика Скопје и Подгорица да го признаат Косово
Караманлис повторно се закани со блокада на Македонија за ЕУ