Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Тачи не е загрижен поради одлевањето на членството

Светлана Унковска

Лидерот на ДПА Мендух Тачи порача од Приштина дека не е загрижен поради заминувањето на високи членови од неговата партија и дека тоа не значи и постоење внатрепартиски расколи и потреси. Ова е прво појавување во јавноста на Тачи откако сега веќе поранешниот потпретседател на ДПА Имер Селмани објави дека заедно со поголем број од партиското раководство и членство ја напуштаат партијата и формираат нов политички субјект.

Деновиве неколку општински разграноци на ДПА во Скопје, како што се Чаир, Бутел и Сарај, и официјално преку соопштенија објавија дека преминуваат во новата партија на Селмани, а веднаш по нив со соопштенија потпишани од општинските лидери своето заминување од партијата на Тачи го потврдија и разграноците од Гостивар, Сопиште и Арачиново. Од партијата на Тачи ваквите информации ги отфрлаат како неточни и тврдат дека со партијата на Селмани заминало само членството од разгранокот на Сарај.

Инаку, Тачи по средбата со косовскиот опозициски лидер Рамуш Харадинај, како што пренесува Алсат-М телевизија, изјавил дека тој не стравува од одливот на партиските функционери и дел од членството, бидејќи од партијата заминале луѓе кои не сакале да бидат во опозиција. „Тоа се само неколку поединци кои презедоа ваков чекор. Нема потреси внатре во структурата на ДПА. За мене е чест да сме во опозиција, а за некого тоа претставува вознемирување“, изјави Тачи од Приштина.

Премиерот Груевски, коментирајќи ги обвинувањата дека зад формирањето на новата партија на Селмани е поврзано со негово ветување за вицепремиерско место на поранешниот министер за здравство, рече дека такво нешто не постоело и оти немал никакви контакти во таа насока. „Имер Селмани е подолго време во политиката и тој може најдобро да ги објасни причините за создавањето нова партија“, истакна Груевски, според кого ова се природни процеси на партија која ги изгуби изборите.


Статијата е прочитана 1202 пати.

Испрати коментар

Од: Albanec
Датум: 09.09.2008 06:17:27
Taci saka da se fati za slamka, ke potone, a Albancite ke go pametat kako covek koj gi razdeli Albancite, za mnozonstvoto Albanci Taci e prodajik. Ne zasluzuval podobro. Sto se odnesuva do Selmani, toj novata partija ja formira vo soglasnost so Taci, sto znaci deka se igra edna igra koja na Selmani nema da mu odi od raka. Da bides 12 god. so Taci i da ne se zarazuvas so negovoto ulicarstfo e nevozmozno. A vo poslednite izbori licno g. Fuere go fati na delo Selmani kako polni kutii vo Saraj. I covekot saka da se igra politika uste, so nova demek partija! Neka se nadeva Gruevski samo. Nie sakame vo EU i NATO, politikata na Gruevski ne odalecuva od ovie institucii.
Од: od turcin odgovor za komentarot na Albanec
Датум: 09.09.2008 12:30:37
Gospodine albanec-Shto mu fali na Gruevski da ne vi e krivo deka turcite otidoa kaj nego ili pak shto odma Maked.vlada ne ja prizna -Kosovo treba da se izjasnish Gruevski e lider za site shto ja sakaat RM bez razlika dali se maked.turci.albanci.Ke si dojde vreme za se ke se priznae i Kosovo sega politickite priliki se koncentrisani okolu ustavnoto ime na RM. RM-veke prakticno e vo NATO-mirovni sili vo Avganistan,Bosna i bilo kade,zoshto Amerikancite gradaat objekt na Kale? Za nedorazbiranjata okolu vasite parti i okolu dvete turski partii nee vinoven Gruevski ne go vinovni se samite lideri shto ne sakaat da ja napushtaat foteljata.Shto da receme nie turcite vo RM eden pratenik i toj e so Albansko prezime Hasipi i koga dovaga vo parlamentot ne smee nishto da zboruva protiv greshkite na albanskite partii bidejki se plashi ( zivee vo Vrapcishte) vecer treba da patuva preku Saraj,Tetovo i Gostivar. "kadale Shoku" lobiraj i sakaj ja RM poveke nego albanija i kosovo za da mu ja olesnish
Од: burim
Датум: 09.09.2008 16:27:24
Pocituvani citateli, Samo da si razjasnime nekolku elementarni jasnotii, koi ne se ragledaat niz prsti.. 1. Vo Makedonija nema 'politika i vlada' tuku ima ulicarstvo i korupcija. 2. Vo Makedonija nema socijalna griza i razvoj, ima nepotizam i krazba. 3. I mnogu drugi grdotii, koi site gi znaat i ne sakam da gi istaknam vo ovoj mal tekst. - Zatoa vo Makedonija za 17 godini uste se spomnuva 'tranzicija' i zatoa nema ni NATO ni EU. - A za ova barajte odgovor kaj onije koi 'vladejat' i si menuvaat boi i gaki koga ke im valkaat... so pocit kon site

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Уставниот суд преплавен со оспорени закони
Вељановски
Стразбур ќе решава за сопственоста на „Градиште“
Холбрук ги повика Скопје и Подгорица да го признаат Косово
Караманлис повторно се закани со блокада на Македонија за ЕУ