Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Втора страница

Банките продаваат станови, куќи, деловни простории

И банките продаваат станови, куќи, деловен простор, по основа на запленет имот поради неплаќање на кредитите, ама и за нив моментно на пазарот нема некој голем интерес.

Граѓаните, но особено фирмите, повторно ја губат кредитоспособноста и се' потешко ги плаќаат ратите за кредит. Поради немоќта редовно да се враќаат заемите, имотот ставен под хипотека многу лесно преминува во рацете на банките. Весниците деновиве повторно се полни со огласи за продажба на недвижен имот, па дури и на цели фабрики, машини и друга опрема. Од банките велат дека интересот за купување на овој имот зависи од моменталната побарувачка на пазарот. „Имотот што е преземен по основа на реализирани хипотеки, банката континуирано го објавува за продажба на ��еб-страницата на банката и повремено во дневен весник. Продажбата зависи од видот на имотот, односно преземеното средство, цената и моменталната побарувачка на пазарот“, велат од Комерцијална банка. Иако во почетокот од годинава почна да се намалува процентот на нефункционални кредити и тој изнесуваше 9,1 отсто, во мај повторно се искачи на 9,3 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава, потврдуваат и податоците од Народна банка на Македонија. Искачувањето за 2 процентни поена е изразено токму во мај, а според централната банка, тешкотии во редовното сервисирање обврски спрема банките повеќе имаат компаниите отколку граѓаните. „Мал раст има на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити, при што е зголемено учеството на нефункционалното портфолио во вкупното портфолио на претпријатијата, а стабилни се движењата кај секторот домаќинства“, информираат од Народна банка на Македонија.

Од вкупно одобрени 3,2 милијарди евра кредити, на сомнителните и спорни побарувања отпаѓаат 9,3 отсто, или речиси 300 милиони евра. Ова се пари што банките не можат да си ги наплатат од граѓаните и од фирмите. За дел од нив, во случај кога клиентот сака, банкарите велат дека бараат можности како да го надминат проблемот и тоа најчесто го решаваат со репрограмирање на долгот, што подразбира намалување на ратата, а зголемување на годините на отплата. Но, во случај кога нема договор меѓу банката и клиентот, имотот даден под хипотека оди на продажба. Најчесто три неплатени рати се толерираат, или 90 дена, потоа нема милост. Од невраќањето на кредитите банките не губат ништо затоа што кредитите што ги одобруваат секогаш се добро обезбедени. Вредноста на хипотеките што ја прифаќаат е најмалку двојно, но најчесто и тројно поголема од вредноста на одобрениот кредит. Но, не само банките и извршителите имаат полни раце работа. „Се' повеќе барања имаме од банките за присилно извршување“, велат тие. И извршителите постојано даваат огласи во весниците за продажба на опрема, голем број машини, во случај каде што како доверители се јавуваат банките. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 1570 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Втора страница
Македонци продаваат имоти во Грција
Kој да научи лекција?
Вербатим

"""