Изгорел во пожар предизвикан од свеќа

Причината за пожарот семејството ја гледа во сиромаштијата
Седумдесет и седумгодишен жител на скопската населба Шуто Оризари изгоре во пожар предизвикан од свеќа. Неговото семејство не успеало да го извлече телото на неподвижниот Амит Вејсел, кој бил зафатен од пламенот и изгорел во куќата во која живеел. Огнената стихија избувнала во неделата изутрина на ул „Брсјачка буна” бр. 153 во населбата Шуто Оризари.
Утрото внукот запалил свеќа до креветот на Амит, бидејќи струјата со денови им била исклучена поради неплатени сметки.Најверојатно, свеќата паднала и предизвикала пожар, од кој не успеал да се спаси немоќниот човек. Пожарот бил изгаснат, но на горниот кат од куќата било пронајдено безживотното тело на Амит.Телото на починатиот е предадено на обдукција. Причината за пожарот семејството ја гледа во сиромаштијата, бидејќи поради неплатени сметки им била исклучена струјата. (Д.Т.)
|