Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Дилема - Тачи или Ахмети во владата?

Груевски има 20 дена за составување на новата влада

Светлана Унковска

Непосредно по официјалното добивање на мандатот од претседателот Бранко Црвенковски, вчера мандатарот Никола Груевски ги започна разговорите со двете партии на Албанците - ДПА и ДУИ, за состав на новата влада. По средбата со претседателот Црвенковски, Груевски со мандатот в рака рече дека веднаш ги започнува консултациите со лидерите на двете политички партии од албанскиот блок, затоа што сакал што поскоро да го состави идниот владин кабинет.

„Сега имам 20 дена за составување на новата влада, но би сакал тоа да биде во најскоро време, затоа што не' очекува многу работа, остварување многу проекти, многу труд, енергија и натамошни успеси“, истакна Груевски по добивањето на мандатот од Црвенковски, по што замина на тет-а-тет средби со лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети. По првичната средба, Тачи излезе со извесна доза на оптимизам, додека Ахмети одлучи да ги избегне новинарите, а од ДУИ најавија дека за исходот од средбата на нивниот лидер ќе испрателе соопштение во текот на денот.

Тачи, по едночасовната разговори со Груевски, не сакаше да прецизира дали оваа средба со мандатарот значи и понуда за учество во владиниот кабинет, туку рече дека со ова само биле започнати разговорите. Тачи и Груевски вчера ги отвориле прашањата за кои веќе имале согласност, но за другите отворени точки ќе продолжат со средби и деновиве, а дополнително на нив ќе работеле и комисии на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА.

„Интегративните процеси во НАТО и во ЕУ се темите за кои имаме целосна согласност со Груевски, исто така, и околу прашањето за спорот со Грција имаме став дека треба да се направи се' за да се дојде до решение, кое не смее да засега во идентитетот на македонскиот народ. Мојот личен став и ставот на ДПА околу ова прашање е непроменет и мислам дека секој што бара да се промени идентитетот на една нација влегува во стара политика“, истакна Тачи. Тој за враќањето на ДПА во парламентот рече дека ќе зависи од тоа дали пр��тседателот на ДИК, Јован Јосифовски, ќе поднесе оставка. Тачи, кој за ова разговарал и со Груевски, очекува дека Јосифовски ќе се најде пред органите на правдата како директно одговорен затоа што, како што рече, е одговорен за поништените гласови на ДПА на 85 проценти од избирачките места. Тој не прецизираше и дали во идниот владин кабинет би прифатиле заеднички настап со ривалската ДУИ, туку оставаат таквата одлука да ја донесе мандатарот Груевски, а тие дури потоа ќе одлучеле дали ќе се согласат да седат заедно во иста влада со партијата на Ахмети, која ја нарече „криминализирана структура“.

Средбата, пак, на Ахмети со Груевски, која траеше малку повеќе од очекуваното, заврши без изјава на првиот човек на интегративците. Од ДУИ најавија дека за разговорите на нивниот лидер со мандатарот ќе информираат со соопштение. Инаку, Ахмети вчера во интервју за албанскиот весник „Стандард“ изјави дека е убеден оти со победата на изборите ќе биде дел од новата македонска влада.

„Се случија многу доцнења и грешки, затоа ниту сакам да помислам дека ќе се повтори 2006 година кога не се почитуваше волјата на мнозинството од албанскиот електорат“, истакнал Ахмети. Тој минатата недела предизвика серија реакции во јавноста кога за грчкиот весник „Та неа“ изјавил дека „решението на спорот за името треба да одговара на мултиетничкиот карактер на државава, да ги има предвид и идентитетот на граѓаните и историските и географските чувства на нашите јужни соседи“.

Владиниот портпартол Ивица Боцевски вчера пренесе дека Груевски покрај со ДПА и со ДУИ разговорите ќе ги прошири и со лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски.


Статијата е прочитана 1607 пати.

Испрати коментар

Од: beni
Датум: 24.06.2008 00:11:44
ako ahmeti vleguva na vlast so thaqi i elmazi toa ke bide navistina glupavo,dpa izgubil drasticno na ovie izbori i sega treba malce da pauzira,a na nas albancite ne ni se dopagja polititkata na dpa ili sakate pak izbori.
Од: Sergej - http://www.otpor.net.tf
Датум: 24.06.2008 00:12:25
Gospodine Gruevski, Vie nemate legitimitet za da sostavite vlada, bidejki mandatot Vi go dodeli GRAGANINOT, a a ne pretsedatelot Crvenkovski! (samo ja koristam Vasata terminologija koja ja upotrebuvate za makedonskiot pretsedatel, sram da Vi e!)
Од: realna
Датум: 24.06.2008 00:15:48
Gruevski ce napravi dobra vlada samo mora da vnimava koi luge ce gi stavi vo zdravstvoto.Bi trebalo tamu dosta luge da smeni.
Од: realen
Датум: 24.06.2008 00:53:56
Ovoj covek sto cepna isusi, zalno e sto tolku brzo ke se uverime vo reklamata na SDS deka posle prvi (juni) nema kaenje:)
Од: BDI
Датум: 24.06.2008 01:25:37
Sega e vreme sa nova era, sega e vreme za 81 pratenici, so koi bi se smenilo i Branko, za kopromis za ime,za NATO, za EU, pa vie Makedonci samo nesto ne mozete da zaboravite deka samo mie Albancite ve priznavame i kako Nacia i kako Drzava, i kako Narod,. Narodot zasluzuva da ima najdobra Vlada od predhodnite.
Од: Nancy
Датум: 24.06.2008 04:49:35
navistina mnogu gresno koga eden terorit vlaga vo vladata na Makedonija toa mnogu wrong toj ne zasluzil a i nesaka da zboruva makedonski jaziktreba odma da se odstrani.
Од: jota
Датум: 24.06.2008 12:53:29
ne treba ni edna od albanskite partii vo vlada bidejci vmro ima mnozinstvo istoto mnozinstvo go imat vo tetovo i gostivar i makedoncite ni vo sto ucestvuvat i nikoj ne gi slusa menuvanje iminja na javni objekti i toponimi...a Ahmeti duri i negira da zbori makedonski e terorist i treba da mu se sudi a ne vi vlada da sedi a negovite baranje se za federalizacija i unistuvanje na Mak ne fala.
Од: DPA-PDSH
Датум: 24.06.2008 16:08:08
Vo novata vlada treba da bide i ke bide DPA,toa e veke sigurno,DUI i SDSM trebat da bidat uste najmalku 15 godini u opozicija za da naucat kako se vodi edna drzava bez kriminal i kradenje. DPA ke ima 13 pratenici od novite glasanja a zaedno so VMRO ke imat 76 pratenici. Ako VMRO ke pravi istoriska greska da vleze u vlast so DUI,za pet minuti VMRO ke ima 20 pratenici po malku.
Од: Dok
Датум: 24.06.2008 16:58:50
Nee vazno dali Ahmeti ke sedi vo vlada ili ne kade i da sedi ke praj problemi samo mislam ako e vo vlada problemite ke bidat pomali. Ahmeti nee problem z amakedoncite tuku za Albancite samo sto tie se ushte ne znaat ili nemozat da vidat deka e taka, A tachi za zal e problem i za Albancite i z aMakedoncite e sega ke vidime
Од: dimitar
Датум: 24.06.2008 17:33:53
Или со никого коалиција, или ептен ако треба со некој, нека биде дпа. Инаку ќе биде весело.
Од: aleki
Датум: 24.06.2008 19:46:01
nancy: aj ti prvo nauci pravilno literaturno da pisuvas, pa posle kazi sto imas ;)

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Жолт картон за Македонија од Стразбур
Демократски храмови
Verbatim