Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Жолт картон за Македонија од Стразбур

Македонија без мониторинг, но ќе се гледа со зголемено внимание на неа

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Парламентарните избори во Македонија не ги задоволија сите фундаментални меѓународни норми, е главниот заклучок на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ). Оттука и бројните критики и, за среќа, многу разбирање за „незрелоста“ на македонската демократија. Реакциите на ПС на СЕ беа умерени. Ова најмногу бидејќи не се сака да се предизвикуваат нови фрустрации и чувства на навреди.

Извештајот се осврнува на инцидентите и пропустите забележани од делегацијата на ПС на СЕ. Забележаните нерегуларности и хаосот ја демантираа намерата на властите за добар тек на изборите. Иако е јасно кажано дека најголемиот број од нерегуларностите беа забележани во деловите од земјата каде што живее албанско население. Изборите беа технички организирани, но добар дел од населението беше лишено од правото слободно да ја изрази својата волја поради насилничките, уништувачки и неодговорни акции водени од приврзаниците на двете главни албански партии.

Притоа, ПС на СЕ изразува сомневање и за квалитетот на одржувањето на редот во некои зони на Македонија. Иако се признава дека е постигнат напредок од страна на властите за да се спроведе Рамковниот договор од Охрид и за зголемување на бројот на полициските функционери од албанско етничко потекло, ПС на СЕ смета дека не е потребно само да се земе предвид бројот туку и квалитетот на обуката на овие полициски функционери.

„Веруваме во едно мултиетничко општество, во такво општество сите партии и од власта и од опозицијата сносат тешка одговорност, тие треба да им гарантираат на сите граѓани слободно да ја изразат својата волја на целата територија на земјата, без разлика на нивното етничко потекло“, нагласи известувачот на ПС на СЕ, турскиот пратеник Мевлут Чавошоглу.

Во дискусијата не успеаја да земат збор членовите на македонската парламентарна делегација поради ограниченото вр��ме за дискусии. Во делегацијата на македонското Собрание допатуваа само претставниците на опозиционата коалиција и претставникот на ДУИ, кои се најдоа во ситуација да ги бранат македонските власти од критиките во Стразбур за начинот на кој беа организирани изборите. Но, другите говорници, на прво место Французинот Жан-Ги Бранже, оценија дека инцидентите можеа да се предвидат и дека Македонија ја плаќа цената на бројните и видливи тензии меѓу двете албански коалиции.

„Во една земја која се' уште си го бара името, вербалното и физичкото насилство што ги одбележа кампањата и гласањето може да се бара и во фрустрацијата на една се' уште кревка нација, која се храни од евроатлантската надеж, на која и' ја затвораме вратата поради темни семантички прашања“, нагласи Бранже.

Францускиот сенатор од редовите на владејачката УМП, исто како и другите говорници, не го оправдува насилството, кое, како што рече Холанѓанецот Тини Кокс, е срам за Европа. Тој само побара: „Денешната дебата да не предизвика нови чувства на навреда во Скопје, Куманово или во Струмица. Радикализацијата на еден дел од албанофонското население ја подвлекува кревкоста на рамнотежата произлезена од Охридскиот договор. Неговото зацврстување е можно само преку целосно интегрирање на земјата во европското семејство на нациите“.

„Не е моја улога како член на ПС на СЕ да повикам на нејзино зачленување во ЕУ или во НАТО, едноставно повикувам на поголема почит кон оваа млада држава која покажа дека е способна да се поштеди од долга и страшна граѓанска војна“, додаде Бранже, очигледно далеку од размислувањата на својот претседател Никола Саркози.

„Сегашните тешкотии на земјата се должат и на тоа што ние не ја почитуваме и целосно и' ги затвораме вратите на земјата, со што само сееме сомневање и им даваме легитимност на оние што ги отфрлаат македонските национални чувства“. Францускиот сенатор беше мошне критички настроен кон барањето на албанските партии за двојно мнозинство во севкупниот законодавен процес, со што, според него, се намалува видливоста на младата држава.

ПС на СЕ одлучи и понатаму да ја следи од поблиску ситуацијата во Македонија во рамките на постмониторинг-дијалогот, за што една делегација наскоро ќе ја посети земјата. Со оваа одлука Македонија нема да се соочи со враќање на мониторингот, ама ќе се гледа со поголемо внимание на неа, но се' што се случи на изборите ја оддалечи земјата од подигањето на мониторингот. Укинувањето на мониторинг-процедурата значи целосно исполнување на критериумите од Копенхаген.


Статијата е прочитана 2098 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 24.06.2008 05:17:00
vazno e deka nikolaj gruevski pobedi DA ZIVEE SEVERNA MAKEDONIJA
Од: МК
Датум: 24.06.2008 11:10:21
И покрај тоа што сме последни на Балканот веке позади Албанија однесовме голем триумф на изборите да живее Горна Македонија.
Од: pogled
Датум: 24.06.2008 11:16:14
1. На ПС од СЕ им препорачуваме и тие да направат мултиетнички општества за да црпиме повеќе искуства од нивната пракса. 2. Македонија не си бара име. Таа има име. Некои други нејзе и бараат име. 3. Наместо да не охрабрат и да не подржат во нашиот тежок пат кон развојот на демократијата, тие само наоѓаат некакви маани. Тоа е неевропски и непедагошки!
Од: Petre
Датум: 24.06.2008 12:03:52
a gospodata od Evropa neka kazat Zosto nemoze da se sprovede Red vo delot kade zivee albanskoto naselenie ??..pa ako pocne sproveduvanje na redot tie prvi trcaat so djipovite da ja poprecuvaat policijata...koga EBN ne moze da naplati struja od albanskoto naseleni pak nie sme krivi.. a koga Ljubco vojvodata pred 7 godini so Djaferi go skroi razgranicuvanjeto megu albanskiot i makedonskiot entitet vo RM i toa ne im cinese...se dodeka ne pukne albanskata puska vo severna Grcija, ke ne zaebavaat do besvest
Од: do MK
Датум: 24.06.2008 12:57:38
si bil li vo Alb pa da tvrdis deka sme zad niv i posledni na balkan?odi prosetaj pa zbori be prostak.a Romanija toa e li e demokratija mizeruvat ziveat kako cigani.....samo zabi da pokazame na ev i grcija nisto drugo Grujo za sega glavata ja upotrebuva....
Од: Angel
Датум: 24.06.2008 13:18:15
BJRM e imeto.Rasizmot vo republikata e osnovniot opstestven problem koj gi narusuva site pozitivni vrednosti vo edno demokratsko opstestvo.Od druga strana nepostoenje na ELITA e problem koj go turka opstestvoto vo novi nemiri.
Од: D.S.
Датум: 24.06.2008 13:59:00
Ako gospodinot Branze ne znae koj e tatko na negovite deca, neka si ja prasa zena si i neka go pobara. A Makedonija si ima ime i nema kogo da prasuva i da si bara. Uste edno francusko gjubre. Bozem mu e mnogu zal za kutrata mlada drzava?
Од: realen
Датум: 24.06.2008 15:45:05
mnogu e zalno koga ke gi vidite clenovite na SDSM so navednati glavi posle izborite, za zalenje se....a do vcera ja kroeja sudbinata na graganite...kako ja vodea drzavata , vidovme...a i sega se gleda koja e razlikata...makedonskiot identitet i jazik mora da go socuvame...se drugo e istorija...
Од: Albanec
Датум: 24.06.2008 20:03:23
Imeto na drzavata ke ni go promenat po se izgleda, i nie ne ke mozeme ni za milimetar da mrdneme. So frustrirani glavi ne se gradi drzava! Gledajte dobro kade ziveete i dali Makedonija moze da se narece drzava. Nie sme mali, i ke morame da pravime kako ni velat golemite sakale nie ili ne. Zato samo mudro i bez inaeti ke ja spasime drzavata, a za imeto malku e vazno toa. Mislete po dlaboko i gledajte podaleku malku!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Дилема - Тачи или Ахмети во владата?
Демократски храмови
Verbatim