Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

Дебарско Езеро се полни со смет

Големи количини ѓубре има на местата каде што се влеваат реките Радика и Црн Дрим

ДЕБАР - Реките Радика и Црн Дрим деновиве имаат неколку пати поголем доток поради поројните дождови, а истовремено со тоа се внесуваат и големи количини смет во Дебарско Езеро. Особено многу ѓубре има собрано на местото каде што Радика се влева во езерото, кај Косоврашки мост па се' до Мелнички мост, но воопшто не подобра состојбата ниту на вливот на Црн Дрим, во близина на месноста Три Чешми.

Во близина на Косоврашки Бањи веќе се формирани цели острови од смет. Сопственикот на АД „Дебарски бањи - Цапа“, Меџит Цапа, побара од надлежните институции да преземаат мерки за запирање на оваа појава што му создава проблеми и на бањскиот туризам.

Вчера реагираа и еколошките друштва „,Радички бисери“ од Косоврасти и „Дешат“ од Дебар. Тие бараат да се преземаат итни мерки за да се запре внесувањето на сметот преку Радика во Дебарско Езеро. Се бара што побрза реализација на големиот еколошки проект „За чиста Радика“, кој го финансира италијанската влада, а чија главна цел е изградба на пречистителни станици кај селата по должината на Радика, кои треба да спречат сметот од дивите депонии да завршува во реката, а потоа и во Дебарското Езеро. Проектот за долината на Радика чини 6,8 милиони евра, но неговата реализација доцни поради проблемите со депонијата во Центар Жупа на чија изградба се спротивставува месното население, како и поради проблемите со земјиштата крај некои рекански села каде што треба да се градат колектори. (К.М.)


#
Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар

Од: ?!
Датум: 10.12.2010 19:19:10
Не треба да се земаат за алиби опструкциите на теренот.Има повикани институции кои треба да дадат стручно мислење за издржаноста или не издржаноста на реакциите од месното население.Нека се каже отворено што се крие зад кулисите.Дали е во прашање “потрошените до денар средства”,дали е во прашање политиката или нешто трето.Доста со пропаднати проекти во Река,потрошени пари во неповрат.Голем е списокот на “реализирани” проекти,но колкав е бенифитот за овие граѓани? Позицијо и опозицијо,вината ја делите заедно со нас.Заради “големото разбирање за вашата големина”,од страната на нашите преставници од теренот,и игнорирањето на забелешките од граѓаните од нивна страна заради успешна кохабитација со вас.Какви избори,какви бакрачи.Да дојде Паско,под итно.Тој ќе каже колку пари се “потрошени”.

Најди! во Утрински
Македонија
„Југохром“ се враќа во топ-форма
Новинарите прочистени пак одат на избори
Улогата на Сарафов ги вознемири историчарите
Студ и мраз ќе ја оковаат Македонија
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach