Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

„Југохром“ се враќа во топ-форма

На комбинатот му е вратено старото име, а од осум печки, дури шест се во производство

Гојко Евтоски



ТЕТОВО - И, официјално, некогашниот гигант на црната металургија, комбинатот „Југохром“ од Јегуновце повторно ги зазема врвните позиции во производство на феролегури. По неколкугодишни турбуленции, чести прекини, намалувања на производствената палета, сведување на бројот на вработени на најмала можна бројка, сега состојбите се движат во многу поинаква - позитивна насока. Од осум печки, дури шест се во процес на производство. Сите тие се реконструирани, главно, со сопствен кадар и опрема и пуштени во производство.

Од овој комбинат, на кого му е вратено старото име „Југохром“ со додавка „феро-алоис“, стигнува уште и информација дека во овој момент седмата печка е во фаза на реконструкција.

Треба да биде одбележан и уште еден податок, а тоа е дека во комбинатот се веќе вработени 700 работници, главно, поранешни, но и новопримени. Приемот на нови работници значително ја подобрува општата положба во селата што гравитираат кон Јегуновце. Таму атмосферата е очигледно позитивна, а најмногу за тоа придонесува вербата дека процесот на враќање на работници ќе продолжи заедно со активирањето на преостанатите две печки.

Светскиот пазар, во кој деловни партнери има речиси на сите континенти, „Југохром феро-алоис“ повторно го освојува со традиционалното производство на феросилициум. Меѓутоа, новото раководство се одлучи и за силициум метал, многу баран во челичната индустрија. Силициум металот долго време не беше на производствената палета во јегуновечкиот комбинат. Интересот на светскиот пазар, сепак, станува се' поголем и за силициум металот, за кого се активирани две од постојните шест печки. Како и да е, од Јегуновце почнуваат да дуваат многу поволни ветришта, да се враќа оптимизмот кај луѓето и да се создава база за нови вработувања, но и за подобрување на платниот биланс на земјата преку извозот, бидејќи „Југохром“ над 90 проценти на феролегурите ги пласира на светскиот пазар.


#
Статијата е прочитана 745 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Новинарите прочистени пак одат на избори
Дебарско Езеро се полни со смет
Улогата на Сарафов ги вознемири историчарите
Студ и мраз ќе ја оковаат Македонија
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach