Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

Улогата на Сарафов ги вознемири историчарите

Проблематизирањето на улогата на Борис Сарафов за време на Илинденското востание и неговото ставање во позитивна конотација како своевиден „бранител од бугарските влијанија“ ги вознемири духовите на македонските историчари. Повод беше книгата на американскиот антрополог Кит Браун „Минатото под прашање - модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“, што вчера во организација на Фондацијата институт отворено општество беше промовирана пред голем број учесници од историската фела. Слично како и во текот на минатата недела, кога по промоцијата на книгата на Ендрју Росос „Македонија и Македонците“ тезите на странските автори изнесени во книгите претставуваа фрлена ракавица за нашите историчари.

Најгласна во приговорите вчера беше Марија Пандевска од Институтот за национална историја, која во констатацијата на Браун дека „македонските историчари, затоа што не можеле да го игнорираат Сарафов, го дискредитирале“, препозна обид на антрополог да се служи со историски искази како факти.Таа цитираше некои документи, за кои авторот призна дека не му биле достапни и оти имал погрешни информации за некои датуми поврзани со истражувачите на илинденскиот период.

Но, како што нагласи и историчарот Тодор Чепреганов, колку и да не се согласуваме со некои изнесени работи во книгата, треба да го респектираме трудот на авторот, кој пред се' користел антрополошки пристап за отсликување на една затворена заедница како Крушево.

Зборувајќи за своето дело, кое во голем дел се темели на неговата докторска дисертација, Браун нагласи дека „клучот на идентитетот лежи во адаптибилноста да се остане жив“. А, како два клучни збора не само за овие простори туку и пошироки за Балканот ги спомна „упорноста и шаренилото“. Авторот на книгата е истакнат социокултурен антрополог, роден во Англија, кој магистрирал на Универзитетот во Оксфорд, а докторирал во Чикаго. Негова специјалност се прашањата поврзани со македонија во 20 век. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 1268 пати.

Испрати коментар

Од: Wiki
Датум: 10.12.2010 12:37:02
Problemot e deka Boris Sarafov e vrhovist.Vo1899 godina e izbran za predsedatel na vrhovnijot makedonski komitet .
Од: veles
Датум: 10.12.2010 13:24:15
Mnogu ednostavno.Problemot e vo toa sto se cuvstvuval bugarin kako i site makedonski revolucioneri.
Од: tedi
Датум: 10.12.2010 19:03:39
Sarafov se deklariral kako makedonec,jas imam faksimil so negova izjava deka ne e nitu srbin nitu bugar,zatoa veles ne tropaj mnogu.Kaj nego e drug problemot,mnogu e pokompleksen,kako desnicar i voeno lice jas milsam deka se zalaga za osnovanje kralstvo Makedonija i toj se gleda kako kral.Znaejki gi negovite vrski so zapadnite kralski familii nisto cudno deka i on fantaziral za takvo nesto.Ocrnet e samo poradi negovata desnicarska naklonetost inaku e makedonec mozebi i mnogu pogolem od nekoi sto nie gi znaeme kako svetci
Од: od mene
Датум: 10.12.2010 20:05:56
site bas site istoricari antr.i ostanati sto i da pisuvaat vo denesno vreme samo ;pisan zbor-NO edna e vistinata!nemozat da se soocat soMAKEDONSTVOTO!bilo E i ke BIDI.

Најди! во Утрински
Македонија
„Југохром“ се враќа во топ-форма
Новинарите прочистени пак одат на избори
Дебарско Езеро се полни со смет
Студ и мраз ќе ја оковаат Македонија
 

End of Croatia's EU accession talks within reach
Russian gas could bring Communists back to power in Moldova
Kosovo citizens vote in first parliamentary elections