|
|
|
|
|
|
Улогата на Сарафов ги вознемири историчарите
Проблематизирањето на улогата на Борис Сарафов за време на Илинденското востание и неговото ставање во позитивна конотација како своевиден „бранител од бугарските влијанија“ ги вознемири духовите на македонските историчари. Повод беше книгата на американскиот антрополог Кит Браун „Минатото под прашање - модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“, што вчера во организација на Фондацијата институт отворено општество беше промовирана пред голем број учесници од историската фела. Слично како и во текот на минатата недела, кога по промоцијата на книгата на Ендрју Росос „Македонија и Македонците“ тезите на странските автори изнесени во книгите претставуваа фрлена ракавица за нашите историчари.
Најгласна во приговорите вчера беше Марија Пандевска од Институтот за национална историја, која во констатацијата на Браун дека „македонските историчари, затоа што не можеле да го игнор��раат Сарафов, го дискредитирале“, препозна обид на антрополог да се служи со историски искази како факти.Таа цитираше некои документи, за кои авторот призна дека не му биле достапни и оти имал погрешни информации за некои датуми поврзани со истражувачите на илинденскиот период.
Но, како што нагласи и историчарот Тодор Чепреганов, колку и да не се согласуваме со некои изнесени работи во книгата, треба да го респектираме трудот на авторот, кој пред се' користел антрополошки пристап за отсликување на една затворена заедница како Крушево.
Зборувајќи за своето дело, кое во голем дел се темели на неговата докторска дисертација, Браун нагласи дека „клучот на идентитетот лежи во адаптибилноста да се остане жив“. А, како два клучни збора не само за овие простори туку и пошироки за Балканот ги спомна „упорноста и шаренилото“. Авторот на книгата е истакнат социокултурен антрополог, роден во Англија, кој магистрирал на Универзитетот во Оксфорд, а докторирал во Чикаго. Негова специјалност се прашањата поврзани со македонија во 20 век. (Г.Д.) |
#
|
Статијата е прочитана 1275 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Wiki |
Датум: 10.12.2010 12:37:02 |
|
Problemot e deka Boris Sarafov e vrhovist.Vo1899 godina e izbran za predsedatel na vrhovnijot makedonski komitet . |
|
|
|
|
|
|
Од: veles |
Датум: 10.12.2010 13:24:15 |
|
Mnogu ednostavno.Problemot e vo toa sto se cuvstvuval bugarin kako i site makedonski revolucioneri. |
|
|
|
|
|
|
Од: tedi |
Датум: 10.12.2010 19:03:39 |
|
Sarafov se deklariral kako makedonec,jas imam faksimil so negova izjava deka ne e nitu srbin nitu bugar,zatoa veles ne tropaj mnogu.Kaj nego e drug problemot,mnogu e pokompleksen,kako desnicar i voeno lice jas milsam deka se zalaga za osnovanje kralstvo Makedonija i toj se gleda kako kral.Znaejki gi negovite vrski so zapadnite kralski familii nisto cudno deka i on fantaziral za takvo nesto.Ocrnet e samo poradi negovata desnicarska naklonetost inaku e makedonec mozebi i mnogu pogolem od nekoi sto nie gi znaeme kako svetci |
|
|
|
|
|
|
Од: od mene |
Датум: 10.12.2010 20:05:56 |
|
site bas site istoricari antr.i ostanati sto i da pisuvaat vo denesno vreme samo ;pisan zbor-NO edna e vistinata!nemozat da se soocat soMAKEDONSTVOTO!bilo E i ke BIDI. |
|
|
|
|
|
|
| ЕДИТОРИЈАЛ | | |
|
| Колумна | | |
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
|
|