Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter

„Летачкиот дипломат“ ја изгуби последната битка

Ричард Холбрук, познат како „булдожер“, „лутиот бик“ и „балкански Кисинџер“, почина завчера во 69 година од животот

Димитар Чулев


„Доколку ти се јави Ричард и побара нешто од тебе, само речи - да“, изјави во една пригода Хенри Кисинџер, поранешен американски државен секретар. „Доколку кажеш ’не‘, ти сигурно ќе се согласиш на ’да’, само што патот дотаму ќе биде многу поболен“.

Ричард Холбрук, несомнено најекспонираниот американски дипломат – теренец што ги доби прекарите „дипломатски булдожер“, „разбеснетиот бик“ и „балкански Кисинџер“ почина завчера во 69. година од животот. Лекарите од Универзитетската болницата „Џорџ Вашингтон“ по две комплицирани оперативни зафати на пукнатата аорта, не успеаја да го спасат животот на човекот кој целиот живот го посвети на одврзување на „Гордиевите јазли“ во кризните подрачја во Азија, Европа, Блискиот Исток. Му се слоши за време на средбата со државниот секретар Хилари Клинтон, која веројатно ја брифирал за напредокот на неговата последна мисија. Тој беше специјален претставник на американскиот претседател за Авганистан и Пакистан.

За последниот ангажман, тој во една прилика ќе изјави: „Тоа е најтешката работа што ја имав во својата кариера. Но, од друга страна, не би ја прифатил таа работа доколку мислев дека е невозможно да се постигне успех“.

По веста за смртта на својот соработник, американскиот претседател Барак Обама изјави дека Ричард Холбрук е значајна фигура во американската надворешна политика, „пресуден човек во мојот тим за Пакистан и за Авганистан и неуморен јавен службеник што го придоби воодушевувањето на американскиот народ и на целиот свет“. Холбрук стана специјален пратеник на Барак Обама во првите денови на неговата администрација. Впрочем, во својата дипломатска кариера долга речиси еден век, Холбрук беше член на сите администрации на демократите во Белата куќа, почнувајќи од Џон Ф. Кенеди. Во 1962 година тој ја започна својата кариера како член на американската делегација на париските мировни преговори за Виетнам. Од тој момент натаму, тој ќе го рашета светот од Индокина и Пацифик до Европа преку Африка до последната мисија во Азија. Тој беше сведок на крајот на европскиот колонијализмот во светот, на крајот на студената војна, но и на појавата на новата опасност во меѓународниот тероризам како најголема закана за Америка. Иако никогаш не успеа да се крене до позицијата на државен секретар на САД, што многумина го предвидуваа, Холбрук остана уникатна фигура на американската дипломатска сцена. Некои велеа дека е брилијантен, понекогаш остар и груб борец со тежок арсенал на факти, блефови, поверливи соопштенија, склон кон закани и кога е потребно, можеше да одглуми и настап на бес. Тој ги збунуваше и честопати ги застрашуваше опонентите и колегите околу преговарачката маса.

По повод смртта на Холбрук, „Њујорк тајмс“ ќе напише: „Некои го нарекуваа силеџија, а тој делумно и така изгледаше со своите широки раменици и цврста насмевка, која може да значи што било. Но, почитувачите, вклучувајќи ги и генерациите на негови штитеници од Стејт департментот и претседателите на кои им служел, ги опишуваа неговите мировни напори како исклучителни“.

Роден во Њујорк на 24 април 1941 година, Ричард Чарлс Алберт Холбрук, пројавуваше интерес за државната служба уште од најрана младост. Имаше среќа да биде еднакво добар ученик и студент, но и да создаде доволно блиски врски со фамилијата на човекот кој стана државен секретар во времето на претседателските мандати на Џон Кенеди и на Линдон Џонсон, по убиството на првиот. По влегувањето во тимот за Виетнам, тој ќе ја сфати вистинската причина на американската интервенција во Индокина. Причината за војната во Виетнам беше да се зачува престижот на САД во тој регион, а н�� да се заштити Виетнам од комунизмот и да им се помогне на самите Виетнамци. Кариерата натаму ја продолжува по мировните трупи на САД каде што е директор на мисијата во Мароко, пишува за надворешна политика во магазинот „Њусвик“ и станува советник на претседателската кампања на Џими Картер. Од 1977 до 1981 година, Холбрук беше помошник државен секретар за Азија, работа која ќе ја напушти веднаш откако Картер го заврши својот престој во Белата куќа. Во паузите меѓу два ангажмани во Белата куќа, кога републиканците беа на власт, Холбрук се враќаше на својот приватен живот и на светот на финансиите како вработен во компанијата „Леман брадерс“. Се враќа во јавната служба кога Бил Клинтон ја презеде Белата куќа во 1993 година. Стана амбасадор на САД во Германија од 1993 до 1994 година и помошен државен секретар за европски прашања. Токму на оваа позиција ќе ја преземе една од најтешките работи во својата кариера: посредувањето за постигнувањето на Дејтонскиот договор од 1995 година со кој е окончана војната во Босна и Херцеговина и воопшто војните на просторите на бивша Југославија. „Тој секогаш можеше да смета на својата имагинација, на својата посветеност и сила“, изјави Медлин Олбрајт, државен секретар на САД во времето Клинтоновата администрација. Холбрук го предводеше американскиот тим во „летачката дипломатија“ пред крајот на војната и беше најзаслужен што завојуваните страни го потпишаа договорот во базата Дејтон во американската држава Охајо, во ноември 1995 година. Целта на договорот со 11 анекси беше да се формира влада на поделената земја. Неговиот ангажман во поранешна Југославија продолжи и со натамошните преговори со Милошевиќ за време на оружениот судир во Косово.

Поради својата улога на просторот на бивша Југославија, тој го доби прекарот „балкански Кисинџер“.


#
Статијата е прочитана 1037 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (5)
Лаги и шпекулации на газда Велија за МПМ
Едностран говор на Иванов
Не сум задоволен од сработеното, се надевам дека ќе надополнам
Телекомуникации
Развод по петгодишен брак
Премиере, не го сакаме планот Б
Истанбул и Банско - хит за пречек на Новата 2011
Ќе изградиме гигабитно општество
Песни на нашето детство
Иванов
Охрид сонува гости
„Кока-кола“ и здолништа место аргументи!
Смартфоните им го преземаат пазарот на ГПС-уредите
Млекарите станаа тутунари
Зошто ММФ ни зајмува пари?
Пакетот e најпримамлив за корисниците
Граѓаните зависни од мобилните телефони
В година стартува виртуелниот оператор ВТИ
Во некои градови нема кабелска телевизија
Карикатура
Стил
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu