Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter

Пакетот e најпримамлив за корисниците

Во изминатите неколку години има пораст во бројот на нови корисници, но, сепак, мал е бројот на оние што плаќаат преку Интернет

Соња Маџовска

Се' во едно, или фиксната заедно со мобилната телефонија, плус телевизија и Интернет, се најчесто пакетите за кои се одлучуваат македонските граѓани. „Оне“ како дел од Групацијата на „Телеком Словенија“ на македонскиот телекомуникациски пазар ги нуди сите овие можности. Тука лежи одговорноста на компаниите и провајдерите на услуги да обезбедат што подобри услови, нови технологии, современи трендови прилагодени на потребите и во согласност со можностите на пазарот, велат од компанијата, која според последните финансиски резултати забележа 21 отсто раст во бројот на корисници, и е компанијата која брои 643,426 корисници.

„Не може да се каже дека за некоја од услугите има поголем или помал интерес, затоа што секоја од овие услуги си има свои предности и свој сегмент на корисници. Но, со сигурност можам да тврдам дека кај сите сегменти на корисници го променивме начинот на кој тие размислуваат кога одлучуваат што ќе одберат, и се повеќе размислуваат за пакет на услуги кој ќе го одберат, а не за поединечни услуги кај еден или повеќе оператори, лесно препознавајќи ги сите предности на овој приод – цена, квалитет, техничка подршка и многу други аспекти“, објаснува Леа Бенедејчич, главна директорка на маркетинг и грижа за корисници во „Оне“.



Моментално нудите многу интересни понуди во мобилната телефонија, што опфаќаат тие?

Пазарот на мобилна телефонија во Македонија е многу динамичен и конкурентен, па покрај обемното портфолио на конкурентни производи кои се дел од нашата редовна понуда, ние постојано воведуваме и промотивни понуди како за новите, така и за нашите постојни корисници чие задоволство и лојалност ни се од огромно значење. Овие празници нашите при-пејд корисници имаат можност да користат пакет, кој им овозможува бесплатно да зборуваат 500 минути цела недела со сите во мрежата на „Оне“, а претплата од 79 денари. Притоа, сите нови припејд-корисници првата недела автоматски ја добиваат оваа предност потполно бесплатно. Во пост-пејд мобилната телефонија воведовме понуда која нуди неверојатни предности за сите оние кои овој месец ќе станат наши корисници на постпејд тарифните модели С и ЏС. Имено, на овие корисници им овозможивме цела година воопшто да не плаќаат претплата, а при тоа секој месец да го користат целиот вклучен износ за бесплатни разговори кон сите мрежи, и плус добиваат бесплатни разговори во мрежата на „Оне“ додека им трае целиот договор, а дополнително имаат можност да изберат бесплатен телефон!



Кои се најновите трендови во мобилната телефонија?

Секогаш се обидуваме да понудиме интересни и нови модели на мобилни телефони, а како компанија сме особено заинтересирани за телефоните кои ја поддржуваат „Андроид“ технологијата, која сметаме дека има огромен импакт на мобилната телефонија воопшто, а за што е доказ и фактот што многу од овие телефони ги донесовме први и единствени на пазарот. Оваа сезона го носиме и седуминчниот таблет „Samsung galax tab“, кој како уред значи ново поглавје во мобилната технологија и на многу уникатен начин ги обединува функциите на мобилен телефон и електронски читач. Како компанија која нуди комуникациски услуги мораме да бидеме одговорни во начинот на кој дејствуваме и да ги имаме на ум потребите на целиот пазар, па затоа први на пазарот го донесовме мобилниот телефон на производителот ЗТЕ, кој е наменски дизајниран да ги задоволи потребите на возрасните корисници, едноставен за користење, со копчиња со кои лесно се манипулира и алармно копче кое по потреба праќа предодредена СМС-порака до пет претходно дефинирани корисници.



Новина што ја нудите е замена на стариот мобилен телефо�� со нов производ од „Оне“.

Би сакала во оваа прилика да напоменам еден проект, кој иако за нас како компанија нема одредена комерцијална вредност и цел, но кој веќе извесно време го подготвуваме со вистинска посветеност на еколошки свесна компанија. Имено, воведуваме уште една новина на пазарот, која како практика веќе подолго време е тренд во светски рамки и на која операторите и обрнуваат големо внимание, а тоа е организираното менаџирање на стари и неупотребливи телефони кои постојат на пазарот. Имено, успеавме да воспоставиме соработка со реномирана странска компанија која е специјализирана во овој домен, и која ќе обезбеди складирање во согласност со светските еколошки стандарди на сите телефони кои ќе успееме да ги собереме. За оваа цел, „Оне“ на сите корисници на мобилна телефонија ќе им понуди да ни ги достават своите стари телефони што веќе не ги користат, а за таа цел, ние ќе им понудиме вредносни ваучери што ќе можат да ги искористат за поволно добивање на некоја од нашите услуги или производи во зависност од своите потреби.



Дали може да се каже дека мобилната телефонија се' повеќе ја става во втор план фиксната, односно дали се' повеќе граѓани ги откажуваат фиксните телефони и ги заменуваат со мобилни за секој член од семејството?

Не би можела да констатирам такво нешто, бидејќи интересот за фиксната телефонија на „Оне“ воопшто не е мал, ниту, пак, има тренд што опаѓа. Секој ја избира онаа технологија што му е најпотребна и му ја олеснува комуникацијата. Фиксната телефонија на „Оне“ има се' повеќе приврзаници, бидејќи има предности и нуди можности, кои се единствени на пазарот. Благодарение на современата ГСМ-мрежа, која моментално покрива 99,8 отсто од населението, нашата фиксна телефонија е единствената што е достапна за сите, секаде, дури и во најоддалечените области во земјата.

Колкав е интересот за дигиталната Бум телевизија?

Ние сме повеќе од задоволни со резултатите што досега ги постигнавме. Со Бум ТВ, всушност, и започна процесот на дигитализација во Македонија, со чие поддржување и развој, аналогниот сигнал во Македонија наскоро ќе биде историја. Како резултат на инвестициите во развој на најсовремената дигитална мрежа низ целата земја, „Оне“ овозможува покриеност на 92 отсто од населението во земјата со сигналот на првата дигитална безжична телевизија и со тоа ја зацврсти својата позиција на технолошки лидер на пазарот. Заклучно со 30-ти септември оваа година Бум ТВ има над 40 илјади активни корисници, што придонесе да биде најбрзо растечка платформа за дистрибуција на ТВ-сигнал во Македонија. Нудиме пакет со повеќе од 40 канали со јасна дигитална слика и тон, со македонски и албански титлови на поголем дел од каналите, програмски водич и сето тоа по пристапни цени, нешто што граѓаните на Македонија одамна го заслужија. Бум ТВ е единственото решение на пазарот со пренослив уред, а тоа на корисниците им овозможува да го понесат со себе кога патуваат и да ја имаат можноста секогаш и секаде да ги следат своите омилени ТВ-програми. Со воведување на услугата за паузирање, снимање и премотување нашите корисниците исто така ќе можат самите да одберат кога ќе ги следат омилените ТВ-серии, фудбалски натпревари, музички емисии.



Бројот на интернет-корисници во Македонија рапидно се зголемува од година во година. Што покажува вашето искуство?

Факт е дека процентот на корисници на Интернет како во резидентниот, така и во бизнис-сегментот во Македонија е сериозно зголемен во последните неколку години и постојано има растечки тренд. Оттаму доаѓа и нашиот фокус кога станува збор за интернет-понудите, кои „Оне“ ги нуди на пазарот. Нудиме и мобилен и фиксен Интернет и имаме флексибилност во поглед на понудените технологии од кои зависи брзината на размена на податоци. Сите ние сме постојано во движење и сакаме да дојдеме до информација веднаш и без оглед каде се наоѓаме, затоа во „Оне“ ја сфаќаме важноста на квалитетниот мобилен интернет, па постојано инвестираме во подобрување на нашата 3-Г мрежа, која слободно можам да кажам дека има исклучителен квалитет и покриеност, и постојано воведуваме конкурентни понуди на пакети со вклучен мобилен интернет, уред за мобилна интернет-конекција и разни модели на лаптопи.


#
Статијата е прочитана 770 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (5)
Лаги и шпекулации на газда Велија за МПМ
Едностран говор на Иванов
Не сум задоволен од сработеното, се надевам дека ќе надополнам
Телекомуникации
Развод по петгодишен брак
Премиере, не го сакаме планот Б
Истанбул и Банско - хит за пречек на Новата 2011
Ќе изградиме гигабитно општество
Песни на нашето детство
Иванов
Охрид сонува гости
„Кока-кола“ и здолништа место аргументи!
Смартфоните им го преземаат пазарот на ГПС-уредите
Млекарите станаа тутунари
Зошто ММФ ни зајмува пари?
Граѓаните зависни од мобилните телефони
„Летачкиот дипломат“ ја изгуби последната битка
В година стартува виртуелниот оператор ВТИ
Во некои градови нема кабелска телевизија
Карикатура
Стил
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu