Граѓаните зависни од мобилните телефони
„Не можеме да си замислиме ни еден ден, или, подобро речено, ни еден час без мобилен телефон“, вели Никола Љушев, директор на „Вип“
Соња Маџовска
Граѓаните станаа зависни од мобилните телефони. Веќе и не можеме да си замислиме ни еден ден, или подобро речено, ни еден час без мобилен телефон.
Пазарот на електронски комуникации станува доминантно мобилен, не само во светот, туку и кај нас. За тоа зборува фактот што мобилниот апарат станува и личен компјутер, средство за комуникација со социјалните мрежи, календар, потсетник, со еден збор, цела канцеларија на дланка.
„Светските трендови покажуваат значително намалување на минутите и приходите во фиксната телефонија и зголемување на соодветните удели во мобилната телефонија. Ист е случајот и во Македонија“, објаснува Никола Љушев, главен извршен директор на операторот „Вип“.
Според него, телекомукациите се развиваат многу брзо и затоа е многу важно да се следат новините и тие веднаш да им се понудат на корисниците, особено на оние што ги следат во чекор модерните трендови. „Вип“ секогаш ги следи најсовремените светски трендови и ги носи напредните услуги и производи на македонскиот пазар. Први ја воведовме услугата ’блекбери‘, виртуелна приватна мрежа за корпоративни корисници, првите ’Андроид‘ и ’Виндоус 7‘ телефони. Покрај богатата понуда на услуги и мобилни телефони, она што е најактуелно во светот моментално го има и во продажните места на ’Вип‘. Тука би ги истакнал, пред се', ’ЛГ Оптимус 7‘ апаратот со ’Виндоус 7‘ платформа, ’Блекбери торч‘, и секако најновиот предизвик за завсниците од ексклузивни мобилни гаџети ’Таблет дел стрик‘. Сиве овие уреди и комуникациски решенија можат да се најдат ексклузивно во продажните места на ’Вип“, вели Љушев.
Тој нагласува дека иако „Вип“ се појави како трет мобилен оператор, успешно се бори за свое место на македонскиот телекомуникациски пазар. Оваа компанија полека се приближува до 400.000 корисници. Една од клучните опции, која, фактички, има пресудна улога во зголемувањето на бројот на корисници кај овој мобилен оператор е преносливоста на броевите.
„На крајот на третиот квартал од 2010 година ’Вип’ имаше 388.000 корисници, што покажува постојан и конинуиран раст на бројот на корисници. Што се однесува до услугата ’преносливост на броеви’, можеме слободно да кажеме дека операторот ’Вип‘ е лидер на тоа поле. Од почетокот на услугата ’преносливост на претплатнички број’, па досега, над 17.000 корисници се одлучиле да се префрлат на ’Вип’ или над 75 отсто од вкупниот број корисници“, нагласува Љушев.
По три години работење на македонскиот пазар, „Вип“ во третиот квартал од годинава за прв пат може да се пофали со позитивни финансиски резултати. „Можеме да објавиме одлични резултати во сите сегменти на оперативното работење и извонреден пораст на корисничката база. Тоа несомнено е потврда на нашите континуирани заложби и посветена работа да обезбедиме повеќе вредност за сите граѓани во Македонија. Приходите на операторот ’Вип‘ пораснаа за над 65 отсто во третото тромесечје од 2010 година, споредено со истиот период лани. Заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација, ЕБИТДА изнесува 100 илјади евра. Овој успех e дотолку позначаен ако се земе предвид фактот што ’Вип‘ за прв пат успеа да постигне позитивна ЕБИТДА во третото тримесечје од 2010 година, која придонесе и кон вкупната ЕБИТДА на ’Телеком Австрија групација’“, со задоволство објаснува првиот човек на „Вип“, кој годинава беше прогласен и за еден од 40 највлијателни телекомуникациски менаџери од светот, кои се помлади од 40 години, од реномираниот магазин „Глобал телекомс бизнис“.
Љушев смета дека профитот доаѓа како резултат на спроведената успешна стратегија што ја практикуваат од самиот поечток, а тоа е да им се понуди на корисниците тоа што го бараат, квалитетна услуга и одлични иновативни производи. „Ние им нудиме на нашите корисници секогаш повеќе. Се покажува дека имаме исклучително успешна стратегија што носи одлични резултати и дека се' повеќе корисници на мобилна телефонија го одбираат ’Вип‘“, вели Љушев. |