Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter

Фељтон

Колку УДБ-а беше нашата судба (5)

Струмичките студенти свирепо ликвидирани

Власта тврдела дека се убиени при бегство во Грција, а сведоците тврдат дека ги стрелале далеку од границата

Виктор Цветаноски

Мирко Пецев, студент на Правниот факултет во Скопје, Борис Белев на Филозофскиот факултет во Загреб, Ѓорѓи Јармов на Техничкиот факултет во Белград, Ѓорѓи Костуранов на Медицинскиот факултет во Загреб и Стефан Топчев на Правниот факултет во истиот град беа ликвидирани на 13 август 1951 година во близина на струмичкото село Дарломбос. Во нив се пукало поединечно, од револвер, со по еден куршум в чело меѓу очите и друг во срцето, со исклучок на еден од нив што имал две рани во градниот кош.

Официјалната верзија на тогашната струмичка локална власт, која во име на одбраната на државата сметала дека може да прави што сака, па дури и да убива невини луѓе, е: петтемина студенти се обиделе илегално да ја преминат граница и притоа биле застрелани од југословенските граничари. Соопштението ќе се чита во сите училишта и колективи и на партиските состаноци. Власта сакала ликвидацијата на младите момчиња да биде поука за сите оние што се обидувале илегално да ја напуштат Југославија.

Весникот „Нова Македонија“ во јануари 1991 година изврши пошироко истражување за овој трагичен настан што силно ја потресол струмичката јавност. Новинарите Александар Манински и Спас Марковски по разговорите што ги воделе со повеќемина струмичани и роднини на убиените констатираат: „Не постојат докази дека момчињата биле членови на противдржавна организација ниту дека дејствувале против државата, наместо тоа постојат многу сведочења и аргументи оти биле одлични ученици во струмичката гимназија ’Јане Сандански‘, дека петтемина биле прекрасни другари, дека имале своја музичка и драмска секција, оти учествувале на повеќе сојузни акции каде што станале ударници, дека без секакво судење, вечерта на 11 август, се собрани од игранката во бавчата на Домот на ЈНА во Струмица и дека се убиени на 13 август во попладневните часови на Беласица, недалеку од селото Дорломбос. Останува како констатација и тоа дека не се убиени при обид за бегство, туку се стрелани поединечно, од револвер, далеку од границата“.

Според сознанијата до кои дошле, студентите биле страшно мачени и однесени во месноста Чучук Белеш и таму ликвидирани со врзани раце. Наредбата за ликвидација ја потпишал Ристо Пиличев, тогашен извршен секретар на Градскиот комитет на КПМ, што може да се види од едно негово барање до струмичкото раководство. Откако го отпуштиле во писмо ги молел да го вратат на работа, и како поткрепа на своите заслуга го навел податокот дека тој го потпишал документот за ликвидирање на студентите. Подоцна се обидел да излезе од кашата што сам си ја замесил изјавувајќи дека пресудата ја потпишал откако неговиот претпоставен, Мара Минанова, тогашен секретар на Градскиот комитет на КПМ, му се заканила со револвер да го направи тоа. Инаку, Пиличев бил необразован и имал завршено само три одделенија.

„Апсолутно е неприфатлива официјалната верзија за обидот за бегство и убиството и сите што на некој начин се упатени во случајот недвосмислено укажуваат дека главна личност во фарсата е Мара Минанова и оти сета конструкција е направена со желба да се постигнат позиции во власта и да се заплаши народот“, констатираат новинарите на „Нова Македонија“.

Случаен сведок на ликвидацијата на петтемина студенти е и едно младо момче, Усеин, од Злешево, кој како момок работел во семејството Поп Јовановски. Како што пишува Апостол Поп Јовановски во неделн��кот „Дело“, Усеин на денот на злосторството заминал дома за да се пресоблече и минувајќи низ месноста Чучук Белеш видел како врзаните студенти ги ликвидираат. „Момчето не можеше да се смири. Кога и' раскажуваше на мајка ми целиот потскокнуваше. Мајка ми му даде вода со шеќер за да се смири. Усеин никогаш не се смири. Беше меѓу првите Турци што заминаа од Македонија“, пишува Поп Јовановски, кој им бил другар на студентите и три дена пред злосторството се видел со нив. Потресен од настанот напишал песна за нив, но мајка му ја изгорела предупредувајќи го: „Ќе ми те убијат! Синко мој, внимавај, и ниту збор повеќе за ова...“.

Дека студентите не биле убиени при бегство преку граница, туку ликвидирани, потврдил и Ѓорѓи Костов Мангов, кој со камионче ги пренел мртвите тела. Раните во нивните чела и ��ради ги видел и д-р Белев, татко на Борис Белев, кој дури утврдил дека тие биле убиени во доцните попладневни часови, а не претпладне како што било соопштено. Според сите сознанија, власта најпрво ги информирала нивните фамилии дека се убиени при бегство преку граница, а потоа ги ликвидирала.

Струмичките моќници не им дозволиле на семејствата да си ги земат своите чеда дома и последната ноќ да ја поминат со нив, според христијанските обичаи, туку директно ги однеле на гробишта. Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов, Стефан Топчев и Мирко Пецев биле погребани во заедничка гробница на православните гробишта во Струмица, а Борис Белев посебно во протестантските. Иако власта настојувала студентите да бидат погребани без поголемо присуство на струмичани, ноќта дошле околу илјада луѓе да запалат свеќа и да се поклонат пред мртвите тела.

Иако мртви, сепак, на власта ќе и' пречат петтемина студенти. Таа долго време нема да ги остави да почиваат во мир. Десет години подоцна ќе нареди да се урне споменикот што им го изградиле нивните семејства.

„Кога во 1961 година почина еден од видно семејство во градот, на погребот, бидејќи сме соседи со гробиштата, некој од семејството се побунил за споменикот на децата. Коментарот бил во смисла: гледате какви споменици имаат предавниците, а какви имаат вистинските борци. Нашите споменици се во сенка на отворената мермерна книга. Неколку дена по тој погреб, кај нас дома дошол милиционерот Митко Танчев и на татко ми му рекол дека ќе мора да го урнеме споменикот. Така било наредено, одгоре. Татко ми се спротивставил. Таков беше. Подоцна милиционерот му рекол дека ако не го урнеме ние, ќе го урнат затворениците и гробовите нема да се знаат, а нас повторно ќе не' прогонуваат и ќе не' остават без работа. Кога се вративме ние, браќата, стариот ни ја соопшти наредбата. За да немаме натамошни непријатности решивме сами да го урнеме маркантниот споменик и на негово место да поставиме друг, без посвета и без назнака за убиството. Едноставно моравме сето тоа да го заборавиме и да напишеме само: почива тој и тој, роден тогаш, умрен тогаш и тогаш“, раскажува Миро Топчев, брат на убиениот Стефан Топчев.

По ликвидацијата на студентите нивните семејства биле прогласени за непријатели на државата. Во куќите им се правеле чести претреси од луѓе на УДБ-а и им било нудено да потпишат „доброволни“ барања да се иселат од Струмица. Миро Топчев раскажува дека претседателот на Градскиот одбор на Струмица, Глигор Наков, му рекол: „Вие не сте Македонци, вие сте Американци, вмровци, и сите вас, не само вашите деца и браќа, треба да ве побиеме“. Со тоа, вели Топчев, тој призна дека брат ми и другите студенти ги ликвидирала УДБ-а по наредба на локалниот и републичкиот врв.

Струмичките студенти платиле со живот поради тоа што ја сакале Македонија и биле за нејзино обединување, како впрочем и најголем број млади луѓе од овој крај, нешто што го наследиле од своите татковци и дедовци. По Балканските и по Првата светска војна во Струмица и во селата се населиле многу бегалци од Кукуш и од Дојранско и сите живееле со идејата на Гоце Делчев и Јане Сандански.

Ванчо Карајанов, кој првите години по војната бил одговорен за граничниот сектор на струмичката подружница на УДБ-а, раскажува дека во тоа време многу момчиња живееле со таа идеја, меѓутоа, тој и неговиот претпоставен Боро Ефтимов, кој бил голем интелект, се обидувале да им ја објаснат реалната ситуација. Вели дека тогаш работеле повеќе од два месеца со една поголема група од 12 гимназијалци и успеале да ги разубедат дека со летоци, бегства преку граница или со разни групирања нема да придонесат ниту за идејата ниту за Македонија. Подоцна шестмина од групата се запишале на факултет и станале одлични стручњаци и никогаш не посакале да ја напуштат земјата.

„Такви случаи имавме и подоцна. Кога реферирав во Белград, никој жив не можеше да сфати дека тие момчиња во менталитетот се санданисти и дека не се непријатели на државата за какви што се третираа. Им велев дека тоа е во генот на тие момчиња и дека на нашиот југ санданизмот постоел, постои и ќе постои“, објаснува Карајанов, подвлекувајќи дека тогашното струмичко раководство било составено од неписмени и прости луѓе.

УДБ-а подоцна ги сменила Ефтимов и Карајанов и на нивно место донела луѓе од Србија, Босна и од Црна Гора. „Кога дојде таа, јас ја нарекувам српска гарнитура, истите раководства за да се одржат наметнаа некоја послушничка соработка, во која нивната полза беше исполнување на нивната желба, што ќе рече: создавање измислен, незаслужен авторитет. Во една таква спрега било сосема лесно и да се убива под закрилата на уништување на државниот непријател. Меѓутоа, гарантирам дека, доколку останеше нашата гарнитура, воопшто немаше да дојде до убиства, а за групата од пет момчиња и да не зборуваме“, им изјавил Карајанов на Манински и Марковски.

(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 3027 пати.

Испрати коментар

Од: sime
Датум: 15.12.2010 12:20:20
Uzasno
Од: velgosti
Датум: 15.12.2010 12:38:43
"по Првата светска војна во Струмица и во селата се населиле многу бегалци од Кукуш и од Дојранско и сите живееле со идејата на Гоце Делчев и Јане Сандански. " hehehehe! Site znaeme za so se borea Delcev i Sandanski.Se znae za majka B'lgarija.
Од: Ривер
Датум: 15.12.2010 13:30:23
„Струмичките студенти платиле со живот поради тоа што ја сакале Македонија и биле за нејзино обединување“ - Значи и ден денес, по шеесет години, немате три чисти да ја изнесете вистината. За каква ли само „обединета Македонија“ зборувате? Кога тоа Македонија била ’обединета’? Вистината е дека момчињата биле стрелани, затоа што доаѓале од учени семејства, кои не можеле туку така лесно да се помират со македонизацијата на б’лгарскиот народ во Вардарска Македонија.
Од: jovan
Датум: 15.12.2010 14:09:35
Sepak nesakam da bidam pristrasen i da ja tolkuvam istorijata po moe, no spored najprostata logika ne mi e jasno kako moze nekoj rezim da strela MEGU OCI "nevini" studenti koj bile odlicni, ne clenuvale vo nikakvi organizacii, i bile "primer" za drugite. Toa malku me buni, pa ispaga deka nekoj onaka po "lepota" ke ti svirni kursum megu oci.Dajte malku, istoriskite fakti od vakov tip neka bidat malku podetalno obrazlozeni,a ne vaka naivno opisuvani. Nikoj nema da te strela zatoa sto si odlicen student.Moralo da ima i nekoj drugi fakti.Da vidime koj se tie fakti,pa da obvinuvame.Kakva takva taa UDBA 50-60 godini dobro si ja vrsese rabotata.Ja stitese SFRJ maksimalno.Kamo sreka i denes da imame takva bezbednosna sluzba.Toa sto na nekoj ne mu e po kejf,toa e druga rabota,no kako sluzba zasluzuva respekt deka bese sluzba so sitye nisani. I CIA i KGB, Jugoslovenskata sluzba ja imaat oceneto kako edna od najdobro organiziranite. Drugo prasanje e dali na nekogo mu se dopagalo toa ili ne.
Од: zoran
Датум: 15.12.2010 14:33:25
strumickite studenti platile poradi toa sto na vlast bile polupismeni i neobrazovani luge, i denes e isto so nasata drzavna administracija polupismeni luge se vraboteni vo policija, poveke od 80 % od lugeto koi momentalno se vo zatvor se osudeni bez dokazi samo so verbalno klevetenje
Од: Strumicanka
Датум: 15.12.2010 14:41:22
Vistinata za Risro Pilicev bese taa sto toj se mrdna od umot, doagase nekolku poveke pati nedelno kaj nas,stalno zborese za toj slucaj,iako imav jas deset godini,se sekavam na nego dobro nemase toj dusevna mira slucajot koj nebese slucajen,ne go ostavi na mira se do negovata smrt.
Од: Трпче
Датум: 15.12.2010 18:55:32
neli togash prakaa na Goli Otok, ama ovie lokalnite dzelati sakale da prednicat..
Од: ivan nj USA do J O V A N
Датум: 16.12.2010 00:05:25
Kako mozes Jovane da ja sporeduvas UDBA so CIA koja e taa tvoja logika, pa ako bilo toa begstvo preko granica imalo vo drzavata sudovi i zatvori trabalo da gi iznesat pred sud, no na tie tvoi UDBASI intelektualci im bilo polesno po kratka postapka "metak vo celo" luge bez nikakvo obrazovanie tolku mu e umstveniot kapacitet za nivnite surovi postapki.
Од: Vlatko
Датум: 16.12.2010 06:50:04
Do velgosti : za kogo se borea Goce i Jane ne im e jasno samo na nekoi polunepismeni lugje kako tebe, prasanje e za kogo se borese dedo ti ?! za kralstvoto SHS
Од: Risto
Датум: 16.12.2010 08:11:47
Se sekavam na Dr.Belev,koga imav 3 godini 1959 godina se razbolev i bev vo Bolnica 4 meseci,Dr.Belev se grizese za nas decata kako vistinski tatko ne mozam da go zaboravam i sega mi e pred oci,koga porasnav doznav deka negoviot sin e ubien od vlastaLeka im zemja na pocinatite,gospod bavi ama ne zaborava.Na nekoi komentatori koi ne znaat koi se da im objasnam,nas ne ne ucea od knigi za Makedonija,nas ni kazuvaa nasite tatkovci i dedovci koi sme i kolkava e Makedonija,baba mi e od Solun Dedo mi od Strumica jas sum roden vo Strumica kako Makedonec,i ke se vratam da umram tamu ,zal mi e koga Goce I Sandanski gi pravite toa sto ne se da vi se pluknam na mozokot,koga veruvate razni falsifikati.Pozdrav do mojot Ucitel po istorija Mile G.Ucitele Fala.
Од: Dare
Датум: 16.12.2010 08:13:23
ЗА УМНИОТ ,, ВЕЛГОШТИ,,: Баш си информиран и тоа на ,,научна,, основа па тврдиш дека,,,, се знаело,, - Гоце Делчев и Јане Сандански се бореле за бугарштината. Да не си купил случајно и ти пасош од нашиот источен сосед. Или во дворот случајно копајќи ги откри ,,бугарските корени,, на дедоти ХАН АСПАРУХ, ПА ЗА ГРУТКА УРДА НА БРЗИНА ВО сОФИЈА ТЕ ПРОМОВИРАА ЗА БЛАГОНАДЕЖНО ВНУЧЕ.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Лаги и шпекулации на газда Велија за МПМ
Едностран говор на Иванов
Не сум задоволен од сработеното, се надевам дека ќе надополнам
Телекомуникации
Развод по петгодишен брак
Премиере, не го сакаме планот Б
Истанбул и Банско - хит за пречек на Новата 2011
Ќе изградиме гигабитно општество
Песни на нашето детство
Иванов
Охрид сонува гости
„Кока-кола“ и здолништа место аргументи!
Смартфоните им го преземаат пазарот на ГПС-уредите
Млекарите станаа тутунари
Зошто ММФ ни зајмува пари?
Пакетот e најпримамлив за корисниците
Граѓаните зависни од мобилните телефони
„Летачкиот дипломат“ ја изгуби последната битка
В година стартува виртуелниот оператор ВТИ
Во некои градови нема кабелска телевизија
Карикатура
Стил
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu