|
|
|
|
|
|
Лаги и шпекулации на газда Велија за МПМ
Идејата на Рамковски е да се создаде привид дека сите сме исти и дека сите работиме на нелегален начин, што е една голема невистина
„Одлучно и категорично ги отфрламе инсинуациите изнесени на сметка на компанијата ’Медија принт Македонија‘ во прилозите на медиумите под контрола на газда Велија Рамковски. Ниту едно евро од нашата компанија не е излезено надвор од границите на земјата на нелегален начин, ’Медија принт Македонија‘ остро ги демантира наводите изнесени на А1 телевизија и во весникот ’Време‘ за, наводно, тајно префрлање големи суми пари од Скопје во Виена.
Целосно ни е јасна мотивацијата за ваквите подметнувања што треба да го свртат вниманието на јавноста од сомнежите за сторен криминал во фирмите на ’Перо Наков‘ б.б.. Јасно ни е дека идејата е да се создаде привид дека сите сме исти и дека сите работиме на нелегален начин, што е една голема невистина. Убедени сме дека јавноста нема да влезе во таквата стапица на Рамковски.
Поврзувањето на името на Срѓан Керим со овие невистини е депласирано и апсурдно затоа што во времето за кое станува збор должностите на господинот Керим во ’Медија принт Македонија‘ се ставени во мирување, бидејќи извршуваше важна меѓународна функција.
Независно од тоа што објавеното во јавноста го сметаме за апсолутно нерелевантно, групацијата ВАЦ ќе постапи согласно со своите правила и кодекси, што значи дека ќе спроведе внатрешна контрола врзана за шпекулациите во кои се спомнува името на оваа компанија.
На крајот, уште еднаш нагласуваме дека остануваме доследни на ставот оти нашата компанија, како и досега, е подготвена да соработува со надлежните државни органи при спроведување на нивните активности, во согласност со законите и прописите на земјава, без притоа да ги користи редакциите и новинарите како барикади“, се вели во реакцијата на „Медија принт Македонија“. |
#
|
Статијата е прочитана 2245 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Dejan |
Датум: 15.12.2010 13:11:07 |
|
Чекајте малку, они изнесоа сериозни обвиненија на сметка на цела групација и посебно со име и презиме, во конкретниот случај со шоферот на Керим. Тоа се сериозни обвиненија и треба МПМ да го тужи А1 за клевета. Доколку не се случи тоа ние нема потреба да му веруваме на ова соопштение! |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 15.12.2010 13:40:51 |
|
Od seriozen vesnik kako Utrinski, ova go velam iskreno bez ironija, ocekuvav da kaze dali dokumentot sto go pokaza A1 e prav ili falsifikat. Vo statijata ne e toa jasno receno. |
|
|
|
|
|
|
Од: student |
Датум: 15.12.2010 14:11:02 |
|
Velija e pozitivec ili negativec?...........ne mi jasno........cas e svetec,cas e kriminalec!Ako si so mene si svetec ako si protiv mene si ajduk |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 15.12.2010 14:22:10 |
|
Isklucitelno go pocituvam i recisi edinstveno go citam Utrinski vesnik. Seta pocit kon g-din Kerim, no zadniot zbor ke go imaat onie od WAZ (ako dobro go napisav); pa ni novinarite na A1 ne se za na buniste. Vo mediumite nema krem, slag, jagotki-gola vistina, pa povelete. |
|
|
|
|
|
|
Од: i js sum student |
Датум: 15.12.2010 14:54:19 |
|
Koj te primi be kolega na fakultet da mi e da znam. da mu e aram. Nekoj moze da pravi i dobri i losi raboti, taka da nema po defenicija dobar i ajdyk.A i toa kakov e koj e pred se subjektivna ocena. Inaku bidejki po tvoite komentari se gleda deka si na dieta so portokali, kazi mi molim te dali ljupco e vojvoda ili bugarin, dali Taci e vojvoda ili balist, dali e Ljube brat ili sestra? |
|
|
|
|
|
|
Од: gv |
Датум: 15.12.2010 15:29:21 |
|
Sto se ocekuva od covek koj vo eden den pati pati ja menuva svoeto mislenje, a toa e Velija. |
|
|
|
|
|
|
Од: coki |
Датум: 15.12.2010 19:06:02 |
|
ne se udirajte vo gradi, ne daj boze da ve snajde! ke ve podzakrijat sega, ama slednata vlada ke ve podgoni! porano pokasno ke go papate i vie! da ste cveke za mirisanje ne ste! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 15.12.2010 19:17:03 |
|
Разбирлива е збунетоста на опозициските коментатори,некој коментираат во стилот,,ич неми е јасно,, а некој премолчуваат како Феличита,ајван др.прилепскиот јас.Не се научени да попричекаат и да се согледаат фактите,каде нив инерцијата е примарна.Ми се чини да се работи за сума околу 750.000 евра па сега батак мајсторот од петни жили сака да не убеди да ,,еве и другите го прават тоа,,или ,,ако се спасат овие и јас треба,,.Затоа сабур и кроце,кроце ќе се дојде до вистината. |
|
|
|
|
|
|
Од: blagica |
Датум: 15.12.2010 22:44:21 |
|
Pak Velija gi ispomesa rabotite, kako sega nekoj da veruva vo negovite izjavi koga toj petpati denes da go prasate za edna ista rabota pet pati razlicno ce vi kaze. Kriminalec neviden. |
|
|
|
|
|
|
Од: darko |
Датум: 15.12.2010 23:11:41 |
|
izgleda deka lazite... i mvr dade izjava |
|
|
|
|
|
|
|
|