Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter

Интервју

Не сум задоволен од сработеното,
но не губам надеж, ќе надополнам

Владимир Тодоровиќ, градоначалник на Општина Центар

Деспина Трајковска


Како што го трошите мандатот оставате впечаток дека сте сервис на Владата наместо на граѓаните, дека Ви е побитно да градите споменици отколку да асфалтирате улици. Каков е Вашиот коментар?

Апсолутно не сметам дека е така, таквата атмосфера ја создаваат медиумите. Чувството на граѓаните дека Општината работи само за Владата се базира на недоволното информирање од страна на медиумите за нашите тековни инфраструктурни активности. На пример, асфалтиравме десетина улици, но никој не најде простор и време да каже дека целосно нов лик добија улиците „Славејко Арсов“, „Герман“, „Рајко Жинзифов“, „Петар Поп Арсов“, а тотален информативен мрак има и за низа други активности. Речиси 100 о��сто ја реализиравме програмата за работа за оваа година што ја донесе Советот. Нормално е истовремено да ги реализираме и активностите кои се практично дел од владината политика. Но, невкусно е кажано дека сме нејзин сервис. Мораме да донесуваме урбанистички планови, мораме да даваме одобренија, независно дали инвеститор е Министерство за култура или кој било друг.



Дали Општината е консултирана во врска со проектот „Скопје 2014“ гледано од секој аспект?

Ако се има предвид дека проектот содржи од 10 до 15 објекти на наше подрачје, секако дека сме биле консултирани со самата идеја. Идејата каде да се изгради одреден објект ја дале нашите урбанисти, тоа автоматски значи дека сме инволвирани во целиот проект. Општината не само што е консултирана туку е соучесник во плановите, во проектот. Апсолутно е неточно дека во Центар се цртаат згради по нечија желба или сон, тие добиваат виза од нашите служби единствено ако се целосно издржани.



Кое е Вашето лично мислење за владиниот проект, гледано од позиција на обичен граѓанин?

Мое лично мислење е дека проектот е многу добар, со можеби мал дел дискутабилни градби. На пример, фонтаните во Вардар, во смисла на тоа дали проектот ќе биде издржан, пред се', од аспект на променливост на водостојот. Не дека водата би била пресудна за издржливоста на градбите, туку дека може да влијае на визуелниот ефект. Сепак, убеден сум дека максимално ефектот ќе се достигне кога ќе се изгради системот за одржливост на нивото, на кој веќе работат надлежните институции. Генерално, убеден сум дека најмногу по осум години „Скопје 2014“ ќе докаже дека е оправдан проект. Ќе спласнат емоциите кои сега се поделени меѓу јавноста, слично како што беше со изградбата на Плаошник. Убеден сум дека сите ќе се воодушевуваме, на пример, на објектот на Уставен суд.



Нели сметате дека неоправдано на државата и' простивте милионски суми за комуналии, кои треба да се главен извор за полнење на општинскиот буџет. Колку точно простивте?

Не ја знам точната цифра, но факт е дека станува збор за милионски значителни суми. Но, ако се има предвид дека им ги простуваме комуналиите, а тие за возврат ќе ја градат потребната инфраструктура, нема потреба од негативна клима. На пример, подземните улици што ќе треба да се изградат за новите објекти ќе ги градат токму инвеститорите.



Што се случува со проектот црква на градскиот плоштад. Дали МПЦ има побарано дозвола за градба?

Ништо не се работи на тоа поле. МПЦ нема преземено никакви активности. Воопшто се нема обратено кај нас. Зошто е тоа така, навистина не знам. Немам ниту сознанија дали проектот е на стенд бај, или можеби целосно се откажале од причини познати за нив.



И по една и пол година од мандатот, на терен нема ни трага од проектот монтажен паркинг во Капиштец, едно од главните Ваши изборни ветувања. Зошто?

Точно е дека измина доволно период и можеби досега проектот требаше да биде веќе реализиран. Но, јавната набавка неколку пати се поништуваше. Сега веќе е избрана фирма и тече рокот за жалби. Тоа значи дека брзо ќе почнеме да градиме. Освен во Капиштец, размислуваме идентичен паркинг да изградиме и во кругот зад „Мекдоналдс“. Сакам да кажам дека во интерес на обезбедување паркинг место веќе започнавме со акција за уредување на подземните гаражи на дваесетина локации, претежно во реонот на Градски ѕид.



Планира ли Општината да зема кредити за некои други проекти?

Засега не. Кредитирањето за катната гаража, всушност, ќе биде прво наше задолжување и засега не гледам друг проект од интерес на граѓаните за Општината да земе кредит. Од друга страна, се' зависи и од расположението на Советот. Ако заеднички оцениме дека има битен проект за граѓаните, би се обиделе. Не ми паѓа на ум да земеме кредит за изградба на нова административна зграда.



Го решавате ли проблемот на маџирмаалци? Нели е крајно нехумано во 21 век граѓаните да живеат со септички јами, а се на чекор од центар?

Ќе бидам искрен и ќе речам дека нерешавањето на тој проблем ќе го сметам за најголем неуспех во својот мандат. Да бидам појасен, дури би поднел оставка доколку не го донесам ДУП-от, но, сепак, не сум зацртал рокови за таа работа. Работиме на проблемот. Постојано сме во комуникација со граѓаните. Тоа е заштитено јадро како амбиентална целина. Лично сметам дека не треба да има заштитени зони во Маџир Маало од страна на Управата за заштита на културно наследство. Сметам дека не смееме ��а браниме амбиентална целина на товар на граѓаните. И покрај се', се надевам дека активностите водат кон конечно решение.



Дали и кога ќе се реши проблемот со објектите „Кермес“ и „Езерце“, кои наместо да се репрезентативен дел од Градски парк, со години го нагрдуваат?

И двата објекта ги снајде несреќна околност. Неодамна слушнав дека инвеститорот на „Кермес“ ќе поднесувал тужба за отштета. Искрено не мислам дека е во право. Од неодамна постои судска пресуда со која се бара тој да ја обнови постапката за градежна дозвола, што сметам дека треба да го оствари. Во секој случај, искрено се надевам дека може договорно да го решиме проблемот. За објектот „Езерце“, пак, наскоро ќе изготвиме проект и ќе го понудиме на заинтересиран закупец или Општината ќе го претвори објектот во културно-информативен центар. Во наредниот период ќе одлучиме за неговата судбина како в година конечно би се обновил и би заличил.



Градоначалнику, задоволен ли сте од сработеното досега?

Да бидам искрен, не сум. Едно си замислував пред да седнам во градоначалничката фотелја, ама нештата на самото место се поинаку. Уште не сум сигурен дали бев премногу амбициозен, а системот на работа во локалната власт ги покоси моите идеи. Овде се работи за систем кој е неопходен заради транспарентност, отчетност на работите. Си наметнав едно темпо на работа, но фактичката состојба налага тоа да е побавно од моите проекции. Колку и да е градоначалничката функција менаџерска, а такво нешто работам речиси цел живот, слободно можам да кажам дека менаџирање Општина и менаџирање бизнис се суштинско различни работи. Сепак, не губам надеж. Се надевам дека до крајот на мандатот ќе надополнам за несработеното.

Дали некој Ве опструира, раководи со Вашата функција од сенка?

Не, никако. Немам никакви опструкции, ниту, пак, некој ми дише во врат, како што мислат многумина. Меѓутоа, едно знам. Иако е рано, не ни размислувам да барам втор мандат од граѓаните.


#
Статијата е прочитана 1545 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 15.12.2010 12:37:47
Е многу ве заболе,Терајтеси го бизнисот не случајно влеговте Од бизнис во политика.
Од: OD BRCI GERMANY
Датум: 15.12.2010 13:04:06
ALAL DA TI E KAJ SI DOSTIGANAL MOJ DRUGAR OD SAMOTO DETSTVO- KAJ PAZARCE SME RASTELE I KADE SI DOSTIGNAL BRAVO SE DIVAN SO TEBE - POZDRAV
Од: Itar Pejo
Датум: 15.12.2010 13:58:57
Ako ne e zadovolen so srabotenoto aka nadopolni. Neka izgradi uste dvaesetina spomenici.
Од: Професорка
Датум: 15.12.2010 14:09:44
Добро што искрено си кажавте дека се сметате за неуспешен. Ако Ви е за утеха, за таков Ве сметаат и граѓаните на Центар. Само паркинзи да земате пари. Мојот, кој го плаќам плива во вода длабока 50 см кога ќе заврне. До кола не може да се дојде. Само се исшпартаа линии да може да се наплаќа. Видете си ги улиците полни со дупки. Видете си ги испуканите тротоари. Видете си ги одвратните, скапи и непотребни креатури од споменици. Повладувате само на Власта, а не на тие што Ве избраа. Еден ден ќе се срамите.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 15.12.2010 14:52:32
Za sebe si srabotuva...cumu za graganite???
Од: Oskar
Датум: 15.12.2010 17:13:20
Ako Vie ne ste zadovolni od srabotenoto, nie graganite uste poveke, zatoa ne cekajte gi novite izbori, odete si!
Од: tales
Датум: 15.12.2010 20:43:47
jas go svativ covekov vaka: "ne sum zadovolen od se sto iznakupiv dosega -zemjise za garazi i slicni tvorbi, ama imam vreme, ke iznakupam se i sesto za badijala, a ne kako onoj budalana od Upravata za nafta koj si kupi edna parcela i si zamina ....
Од: mimi
Датум: 15.12.2010 22:40:34
e za cudenje e vakvi kako ovoj do kaj dostignal ?!!!!! debeli vrski samo i l....
Од: Faton
Датум: 16.12.2010 02:34:22
Не сум задоволен од сработеното, но не губам надеж, ќе надополнам Ovoj verojatno sakal da kaze deka ne e zadovolen od ZARABOTENOTO, ama novinarkata izgleda pogresno napisala /ili e stamparska greska/ SRABOTENOTO. Kaj mu e gajle na ovoj dali ke SRABOTI nesto za gragjanite, edinstevno sto go boli e sto ne ZARABOTIL tolku kolku planiral. Sigurno ne planiral MALKU.
Од: Дејан
Датум: 16.12.2010 09:29:51
Баш ме интересира дали овој селоначалник поминал на ул. Петар Поп Арсов и за каква целосна реконструкција збори. Очигледно не мрднал од канцеларија. ЛАЖГО !!!
Од: siki
Датум: 16.12.2010 09:57:55
NE SI ZADOVOLEN OD SRABOTENOTO. Toa znaci da Te izbereme uste eden mandat da mozes da si otvoris oste nekoj market i da ti izgradime spomenik i na tebe

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (5)
Лаги и шпекулации на газда Велија за МПМ
Едностран говор на Иванов
Телекомуникации
Развод по петгодишен брак
Премиере, не го сакаме планот Б
Истанбул и Банско - хит за пречек на Новата 2011
Ќе изградиме гигабитно општество
Песни на нашето детство
Иванов
Охрид сонува гости
„Кока-кола“ и здолништа место аргументи!
Смартфоните им го преземаат пазарот на ГПС-уредите
Млекарите станаа тутунари
Зошто ММФ ни зајмува пари?
Пакетот e најпримамлив за корисниците
Граѓаните зависни од мобилните телефони
„Летачкиот дипломат“ ја изгуби последната битка
В година стартува виртуелниот оператор ВТИ
Во некои градови нема кабелска телевизија
Карикатура
Стил
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu