Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Судски пресврт во случајот со Спаска Митрова?

Големи се шансите Спаска Митрова да го врати старателството на детето на повтореното судење, иако не ги почитуваше судските пресуди

Гордана Дувњак

Ќе биде ли судбината на едно четиригодишно дете колатерална штета на високи државни интереси на Република Македонија? Во ова отворено се сомнева гевгеличанецот Воислав Савиќ, кој стравува дека преку неговиот грб и иднината на ќеркичката Сузана, неговата матична држава ќе ги подобрува македонско-бугарските односи и ќе гради имиџ на правна држава. Бидејќи, на македонската држава очигледно и' се брза поскоро да го затвори досието „Спаска Митрова“. А, со тоа да и' стави крај на приказната за наводната обесправена самохрана мајка од Гевгелија, која нашиот источен сосед веќе ја прогласи за „жена на годината“ и за синоним на „дискриминаторската политика на Македонија кон Б’лгарите“. До некоја нова Спаска Митрова, Мирослав Ризински или некој трет...

Воислав е убеден дека молчешкум и без голема врева се подготвува терен за драматичен пресврт во судскиот спор и оти ќе ја изгуби речиси три и полгодишната правна битка за старателство со неговата поранешна сопруга, бидејќи спроти себе има цел еден систем, држава, агресивна пропагандна машинерија. За утре во 16 часот е закажано судско рочиште во гевгелискиот суд, на кое треба да се соопшти новата пресуда околу доделувањето на старателството, откако претходно, во март оваа година, истиот тој суд пресуди во негова корист. До новиот судски процес дојде по експресната одлука на скопскиот Апелационен суд да ја уважи жалбата на Митрова. Со судската граѓанска тројка претседавал апелациониот судија Блажо Трпевски, кој во мај оваа година ја укинал првостепената пресуда и ја вратил на повторно одлучување. Неофицијално се дознава дека од второстепениот суд дури било интервенирано поскоро да се закаже новото судење. Првото судско рочиште е одржано среде лето на 13 јули годинава, но е одложено. За оваа брзаница дури не знае ниту самата Спаска, а ниту нејзините двајца адвокати. Новото судење беше закажано за 30 септември, кога поранешниот сопруг на Спаска одбива да се спогоди да го врати старателството и да го гледа детето „кога сака и каде сака“. Каква ќе биде пресудата ќе се знае в петок.

Воислав вели дека не жали што сите овие години потрошил толку многу време, енергија и пари, но полека почнува да ја губи вербата во институциите. За него е индикативно и тоа што од тужбата против Спаска се повлекоа и двајцата гевгелиски судии, кои таа ги навредуваше дека се „удбаши“.

„Немам намера и наредните пет години да ги поминам по судови. Гледам каде се тера целиот случај. Оваа битка мене ми беше наметната и не ја сакав. Барав само како родител да го гледам своето дете. Но, изгледа дека на вештаците, на судиите не им е битно тоа што со години мојата бивша сопруга го кршеше законот. Детето почна да живее во нормална средина и да се социјализира. Се плашам дека сега со промената на старателството, детето ќе ми го однесе во Бугарија“, вели разочарано Воислав. Тој вели дека нема намера да се појави на изречувањето на пресудата и најавува радикални мерки, без да прецизира какви.

„Ги повикувам сите оние што добиле бугарски државјанства за сите свои проблеми да бараат помош од нашиот соседен сосед, бидејќи тоа очигледно функционира. Мене мојата држава не сака да ме заштити, иако го почитувам законот и институциите“, додава тој. Поранешниот бранител на Спаска Митрова, Ставре Џиков, вели дека второстепениот суд ја уважил нивната жалба, која се темелела на фактот што не било земено предвид психијатриското вештачење, во кое било констатирано дека двајцата родители се способни за остварување на старателство.

„Не сум повеќе адвокат на Спаска во овој дел во постапката, не затоа што имам недоразбирања со мојот клиент, со кого сум во добри релации, туку затоа што нема повеќе потреба. Како свој успех го сметам тоа што ја убедивме Спаска по две години противење, сепак, да се согласи на психијатриско вештачење“, вели Џиков.

Сегашниот бранител на Спаска, скопскиот адвокат Шпенд Деваја, одби да даде изјава околу овој случај, упатувајќи не' на неговата клиентка. Спаска Митрова вчера не се јавуваше на нејзиниот мобилен телефон, а не одговори ни на нашата СМС-порака. Ваквиот стил на однесување не е ништо ново, бидејќи за сето ова време контроверзната гевгеличанка беше достапна единствено за бугарските медиуми, кои и' даваат огромен публицитет. Во изминатиот период таа беше многу присутна со изјави по секое судско рочиште. Гостуваше во најпопуларните бугарски емисии, имаше чести средби со бугарските државни фунционери, а тамошните медиуми јавуваа и дека како заслужен граѓанин, Спаска добила и стан во Благоевград и била на рехабилитација во бањата Банско. Редовно се известуваше и околу донациите на бугарската дијаспора на нејзина сметка. Доби и вработување како асистент на бугарскиот европратеник Димитар Стојанов од екстремната партија АТАКА, за да помогне за обесправените Бугари. Сегашниот молк на Митрова говори дека некој можеби и сугерирал да ја промени стратегијата.

Прашање е дали новата пресуда ќе биде и крај на овој случај, кој започна како банална семејна расправија, а заврши како меѓународен скандал од огромни размери? Случај во кој посредуваа дури и двајца претседатели на држави, по одлуката на гевгелискиот суд да изрече затворска казна од три месеци на жената што не ги почитуваше законите. Или, пак, ќе биде нов почеток! Доколку, на пример, северниот сосед реши да се стави во заштита на Србинот од Гевгелија, Воислав Савиќ.


#
Статијата е прочитана 6291 пати.

Испрати коментар

Од: Dejan
Датум: 14.10.2010 12:17:52
Odlicna zabeleska,a posebno kriminalcite da si izvadat BG pasport za da si bidat sigurni deka golemiot brat ke gi cuva.Vlado Dimov si raboti vo Tokuda...site znaeme kako odat rabotite!
Од: marko
Датум: 14.10.2010 12:41:21
do koga srpskata propaganda ke deluva vo makedonija vo makedonija pa vo koja drzava vo svetot deteto se odzima od majkata a majkata se osuduva i lezi zatvor e taka vo evropa i nato ne se odi a toj srbinot neka si odi vo srbija tamu neka si bara prav oti srbija ja izgubi makedonija pred 20 god.a ocigledno bugarija ke ja prisvojuva makedonija vo naredniot perod
Од: Стојо
Датум: 14.10.2010 12:45:59
Што може бугарски изрод да направи користејки ја политиката. И самите Бугари ке ја исфрлат како партал кога ќе ја искористат С. Митрова. Еднаш предавник на својот народ секогаш предавник, и, секојпат презиран и од оној кој го прибрал од интерес.
Од: jovan
Датум: 14.10.2010 13:05:23
"бидејќи спроти себе има цел еден систем, држава, агресивна пропагандна машинерија".Neznam na koja drzava misli deka e agresivna, nasava ili Bugarskata. Ako e nasava, togas se prostuva,na svoj teren e, no ako e onaa drugata da pokazuva agresija ovde, togas e zagrizuvacki, da ne kazam alarmantno.
Од: kizo
Датум: 14.10.2010 13:42:19
Sekoja drzava gi brani interesite na svoi drzavjani,odi vo bugarija napravi go toa pa ke vidis kako ke se snajdes.Kaj nas e obratno.Od prekumerna demokratija i pravoto najpoveke stradad nasi luge,nema da mi e krivo da ti go pravi nekoj od strana ali tvojot od tuka ,ajdi bidi pameten.Ako ova zavrsi kako sto pisuva ne me cudi poveke zosto ima tolku novo peceni bugari kaj nas.
Од: srebre
Датум: 14.10.2010 13:49:30
politika nema vrska tuka vrazumi brat sto ce pravis koga tvoite stari ce oprestarat se e lesno dodeka se zivi....a kaj ce odis da setas so devojce,na odmor koga ce bide 10-15god.....da bese masko bar ce mozese igri so nego da igras vo grad,da odis na odmor...........
Од: "vodolija"
Датум: 14.10.2010 15:54:49
SE' zavisi od LJUBOVTA i ODLUCNOSTA na tatkoto kako RODITEL ,sprema maloletnoto dete. Ako tatkoto e BESPREKORNO I EMOCIONALNO povrzano so maloletnoto dete i ako ima dobri finansijski i moralni uslovi za pravilno razvivanje i unapreduvanje na deteto, NE POSTOI SUD NA SVETOT KOJ KE MOZE DETETO DA GO ODVOI OD TATKOTO! Makedonskiot zakon za brako- razvod e jasen.Nema tocka,kade veli :Ako e masko na tatkoto se dodeluva deteto i obrano. Deteto se dodeluva na toj roditel kade ke ima podobri, po podobni uslovi za ziveenje i unapreduvanje na deteto. SE' drugo e spekulacija!! Kakva Bugarija, kakva Abesinija !!!???RAZDELBA OD TATKOTO , moze NEDAJ BOZE, samo tatkoto da mu go odzeme zivotot na deteto ili Gospod da mu go odzeme zivotot na deteto!!! POVTORUVAM: SE' zavisi od ljubovta na tatkoto prema deteto. Da bideme zivi i da go socekame utresniot den. Mu posakuvam SREKA I USPEH na tatkoto !!!???
Од: Realist
Датум: 14.10.2010 16:35:49
Ne ja branam Spaska nitu Voislav i dvajcata se krivi ako mozele da napravat dete neka go gledaat kako svoe dete bez razlika dali se zaedno ili ne,vo zapadot decata se podednakvo dodeluvaat 50/50% spored dogovor napraven preku sud,obicno Majkata ima prednost zaradi (toa sto e zena)a mazot neka raboti i neka plaka alimentacija,poznavam luge koi za dve deca plakaa po 470 dolari na dve nedeeli i ostavija kuka za decata i zenata,i nemase pari da si plati kirijata toa ti e demokratija Velcome to Western Democracy.
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 14.10.2010 16:54:52
Марко, синко Марко, Ти да простеш и не знаеш куде живееш, и како живееш. Само јадеш од портокалите! По сите закони на РМ детето треба да остане на одгледување, згрижување и, по ново, на ЕДУКАЦИЈА (да ви е... мајката тој збор), на оној родител кој е поподен за одгледување. Синко Марко, детето на нормален татко и мајка кафеанска пеачка со се што следи во тој контекст, каде треба ЦЕНТАРОТ за социјална работа да го додели? На мајката или на татко то? А што ако утре таткото како СРБИН бара помош ( и јас би побарала) од Србија?Не велам дека Спаска е кафеанска пеачка, она нешто повеќе од тоа...
Од: karokan "gambit"
Датум: 14.10.2010 18:36:38
Bratce Marko,mislev jas,no ete me preteknala Baba Kata i dobro,dobro te potprasila.Ako nesto odtoa sto ti go "izrecitirala' moze da ti vleze vo glava.Mnogu bre bratce epten mnogu gluposti na tolku mal prostor. Ne ce da e na arno!!!!!!! Da ti se zabrani da pisuvas ce ti se narusat covekovite prava!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Da ti se odzeme predmetoto na koj gi treses site tie nedokvakanosti (kompjuterot) materijalno ce bides osteten !!!! Aj poosvesti se i potprasaj nekoj koga mislis da izneses nesto!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! A i g=dinot Srebre,koj patem se javuva da komentira i mnogu pokompleksni temi,ne e mnogu daleku od tebe,pa tresnal nesto vo stilot na eden nemnogu akalen granicen oficer na bivsata drzava:"U interesu bezbednosti gragjana pogranicnog podracja ja predlazem da ih proteramo".Togas se smeev do solzi!!!!!!!!!! Sega od srebrevite "varijacii" mi ide da placam!!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.10.2010 18:42:21
ЗА воља на вистината отсекогаш мајката била вп предност ако ги исполнува основните барања што ги предвидува законот.Но тука пречи нешто друго,се користи наводната загрозеност како Блгарка па така ја вмешува и сопствената држава а и овие соседите срипаа со безпотребна лицемерна грижа за својот сонародник кој нема никаква врска со нив сем користољубивоста.Уште еднаш се покажа да политиката е поозлогасена од најстариот занат.
Од: Kiril
Датум: 15.10.2010 08:34:51
Navivam za Spaska, ne deka sum Bugarin, tuku zatoa shto dete kaj provincijalski narkoman shto se pali na Guns and Roses kako da se Bach, ne smee da chuva dete. I drugo, Douvnjak e pristrasna, bi rekol i povekje od toa. Molam za barem malku standardi vo pishuvanjeto i malku objektivnost.

Најди! во Утрински
Втора страница
Поштари без сметки
Првачињата ќе останат без учебници
Вербатим






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia