Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Вардар го загадува Солунскиот Залив

Нова демократија бара од грчкото Министерство за животна средина да преземе мерки во соработка со македонското за да се прекине загадувањето на реката Вардар од македонска страна. Пратеникот на Нова демократија, Тодорос Караоглу, упати писмо до грчката министерка за животна средина, Тина Бирбили, во која посочува дека во делот на Вардар меѓу Македонија и Грција постојано се забележуваат огромни количини пластични шишиња, кеси со отпад и дрва. Според неговото писмо, етикетите напишани на кирилица се индикатор од каде доаѓа целото ѓубре во реката.

Караоглу нагласува дека покрај загадувањето на реката, загрижувачки е и фактот дека ова ѓубре преку струење на водата се пренесува во Солунскиот Залив и стига и во туристичките места во Пиерија, како што се Лептокарија, Неи Пори, Платамона, Паралија, Литохоро.

„Проблемот не е важен само од естетски аспект или од аспект на заштита на животната средина. Имено, групирањето на отпадот во реката доведува до зголемување на поплавите во нивите што се наоѓаат покрај реката и константно уништување на многу земјоделски култури“, забележува пратеникот на Нова демократија, додавајќи де��а земјоделците и жителите во делот покрај Вардар во Грција се фрустрирани од она што им се случува секојдневно. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 1075 пати.

Испрати коментар

Од: Бутково
Датум: 20.01.2011 15:34:56
Ког 1999 македонската делегација на еден состанок за екологија во југоисточна Европа во Солун бараше соработка за контролирано користење на водата од Дојранското езеро, грчкиот министер за градежништво побара прво да се направат пречистителни станаци на Вардар и нејзините притоки, а потоа да разговараме за Дојран. Дојран ско езеро потоа стана бара, а Вардар (Аксиос) уште тече и се користи, ако не за друго,за наводнување...
Од: Goran
Датум: 20.01.2011 15:56:42
Neka platat za kolektorski stanici i ke gi izgradime. Netraba eden denar da frlamae od nasi pari za da im go cistime Solun
Од: Komentator
Датум: 20.01.2011 18:21:01
Znaci ..naseto gubre na leto pak ke si go krkame...!!

Најди! во Утрински
Македонија
Политиката ја продолжи тутунарската сага
Стотина верници го ловеа светиот крст
Ќе се распушти ли Советот на Неготино?